логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...


Во Македонија ги барам тие што го сонуваат мојот сон



ИНТЕРВЈУ: ГОРАЗД РОСОКЛИЈА, НАУЧНИК И ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ КОЛУМБИЈА ВО ЊУЈОРК

Во Македонија ги барам тие што го сонуваат мојот сон

Премногу е скромен во однос на големите достигнувања што ги постигнал во медицинската наука. Секогаш кога зборува за научните откритија - зборува за тимот, а многу малку за себе. Има 56 години, исклучително богата професионална биографија и огромна страст кон науката. Благодарен им е на родителите, кои инвестирале во неговото образование и е среќен што може да инвестира во образованието на своите четири деца - Илина (26), Војдан (24), Горјан (21) и Гаврил (13).

Матурирал и дипломирал на Медицинскиот факултет во родното Скопје. Специјализирал во Париз. Докторирал на тема "Имунологија на мозочни тумори". На една презентација во Ница, неговиот труд бил забележан од директорот на Универзитетот "Колумбија", кој го поканил да работи со него во Њујорк. Оттогаш до денес работната биографија на д-р Горазд Росоклија е преполна со научни откритија, проекти и истражувања од областа на неврологијата, кои не можат да се набројат, опишат и објаснат во едно интервју. Заради тековни научни проекти, д-р Росоклија неодамна допатува во Скопје.

- Од 1996 година, психијатрискиот оддел на Универзитетот "Колумбија" во Њујорк соработува со Институтот за судска медицина при Медицинскиот факултет и со психијатриската болница во Скопје, како и со болниците во Демир Хисар и Негорци. За потребите на проектот, често доаѓам во Скопје. Покрај тоа, јас сум роден и израснат во Скопје, тука се мојот најмал син Гаврил и сопругата. Го сакам градот, кој со стариот, како и со новиот градоначалник никогаш не бил погрд, погнасен, подезорганизиран. Го сакам поради луѓето во него.

l Неодамна добивте американска награда за едно исклучително научно откритие - создавање техника за целосна визуализација на невронот. Стручњаците велат дека со тоа е отворено ново поглавје во науката. Како ја оценувате важноста на вашето откритие?

- Од 1874 година, кога Камило Голџи, и неколку години подоцна Рајмонд Кахал ја создале техниката за визуализирање на мозочните неврони, целиот научен свет се обидуваше да дојде до нови сознанија ползувајќи стара техника. Новите откритија, како што е структурата на хуманиот геном, или гените одговорни за психијатриските и невролошките заболувања го наметнуваа прашањето што се случува со невронот, основната мозочна клетка под влијание на гените. Кој негов дел трпи промени и од кој вид? Старата техника на Голџи и Кахал не можеше да даде нови одговори. Нашата техника, која во овој момент ја нарекуваме "неоголџи" не возбуди нас и невронауката. Наместо неколку делумно видливи нервни клетки, пред нас гледаме стотици неврони, нивната структура, меѓусебните врски. Сакам да размислувам дека на еден тродимензионален свет му дадовме четврта димензија.

l Како човек што подолго време живее и работи надвор од Македонија, како го гледате "невронот" на македонското општество. Што е тоа што го спречува во развојната и научната компонента во сите сфери?

- Негативната селекција на луѓе. Непаметни кај што треба да бидат најпаметните, нестручни на места за најстручните, кукавици на места кај што се бара храброст, образован народ кој заборавил што значи интелектуален предизвик и стремеж кон врвот, интелектуална елита без достоинство, која во спрега со бизнисот и политиката го продава интересот на народот за ситен дневен профит. Каков развој на научната мисла може да има општество во кое универзитетски професори се залагаат за легализација на корупцијата и нелекување на "безнадежно" болните, мерено според нивниот морал, степенот на нивното незнаење и нивните критериуми за квалитет на живот применети врз други. Бавењето со наука е за луѓе што ги сакаат луѓето, а времето и знаењето ги посветуваат на подобрување на нашите животи, не на нивно уништување.

l Неколку години работите на научни проекти со македонски тим соработници, иако можевте да изберете стручњаци од која било друга земја. Што беше пресудно за таа одлука - патриотски причини или верба во стручноста на некои од домашните експерти?

- За себе размислувам прво како професор, после како научник. Професор кој не образува, кој не ги поттикна младите кон интелектуална работа и не создава услови за научно работење мора да се чувствува бесмислено. Кога во 1987 година, по мојата специјализација во Париз, ми беше понудено да останам таму, одбив со образложение дека мојата работа е позначајна за Македонија отколку за Франција, во која такви како мене имаат колку сакаат. Денес размислувам на ист начин.

Како млад доктор сонував за бавење со наука. Одењата на југословенските и светски конгреси ги доживував како понижувачки. Немав што да кажам, а бев добредојден "учесник" само поради платената котизација. Шетавме низ ходниците дружејќи се сами со себе или со некој сличен на нас, "научник" и "професор" од светот во кој титулата наместо научните достигнувања и публикациите, го одредува научниот и академски статус. Кога го добив првиот грант во САД, дојдов во Македонија да ги најдам оние што го сонуваат мојот сон, да им го отворам светот на науката, да создадеме тим што на оние што ни се потсмеваа не затоа што самите беа паметни и значајни, туку затоа што ние бевме бесмислени, ќе им врати малку од стариот долг, но позначајно од се, зад нас да оставиме трага за нашето постоење.

l На кој проект работите последнава година?

- Ползувајќи ја новата техника се обидуваме да ги откриеме причините за појавата на душевните заболувања, како и мозочните промени што човекот го наведуваат на самоубиство. Контролните групи вклучуваат зависници од дрога и алкохол, некои од нив со специфични мозочни промени што ги прави целна група за нашите понатамошни истражувања.

l Во неколку наврати најавивте дека соработката меѓу Универзитетот "Колумбија" со научниците во Македонија во базичните невропсихијатриски испитувања ќе резултира со основање Институт за невронаука во Охрид, преку обновување на Св. Климентовиот универзитет. Колку сте блиску до реализација на таа идеја?

- Се работи за инвестиција, која ќе чини 5 до 10 милиони долари. Тоа се сериозни пари дури и за Универзитетот "Колумбија", чиј годишен буџет е нешто повеќе од 8 милијарди долари. Директорот на психијатрискиот оддел на Универзитетот "Колумбија" и неговиот заменик неколкупати престојуваа во Македонија токму заради планираната градба на институтот. Проф. Алексеј Дума и јас бевме со нив. Можеби звучи неверојатно, но не успеавме да се сретнеме со "одговорните" во Македонија. Тие секогаш имаа некоја поважна работа.

l Вие сте бренд во медицинската наука. Дали бенефитот од тоа го има само Универзитетот "Колумбија", САД, или со тоа што алтруистички ги вклучувате овдешните експерти во вашите проекти сакате на проектите да им дадете и македонски печат?

- Мојот однос со Универзитетот Колумбија е јасен. Тие ја добиваат мојата наука и процент од моите грантови, јас добивам услови за работа и бенефициите предвидени за нивни професор. Професор Дума, проф. Дворк и јас, размислувавме новата техника да ја патентираме преку институтот што го замислувавме во Охрид, како основа за негов материјален опстанок. Денес верувам дека за целиот тим ќе биде помудро тој патент да го направиме преку Универзитетот Колумбија. Нашиот живот, особено периодот во кој сме способни за креација е прекраток, да го губиме времето со карактерите што Ви ги опишав во еден од претходните одговори.

l Дали вашите научно-истражувачки резултати се оценуваат на каков било начин овде? Ве има Вас и вашите резултати во одговорите на европрашалникот, во поглавјето за развојот на науката?

- Искрено не знам. Цитираноста на трудовите публикувани во последните 10 години само на македонскиот дел од тимот е над 500. Се надевам дека нашите резултати можат да бидат исползувани. Деновиве имавме разговори со државниот секретар за наука и со г-дин Виктор Стефов. Научници, паметни луѓе со желба да создаваат и да ги менуваат нештата. Се договоривме секој од нас да ја заврши својата работа, за македонските научници во конкуренција со европските, да ги внесат европските пари во македонската наука.

l Американските институции постојано ви одобруваат пари за нови истражувачки проекти. Може ли Македонија благодарение на резултатите од работата на вашиот тим да добие повеќе пари за истражување од европските фондови?

- Во Европа постојат два вида пари за наука. Пари наменети исклучиво за земјите во развој (Македонија, Албанија, Хрватска, Србија и Црна Гора), и пари на кои конкурираат водечките европски научници. Се разбира дека последниве се многу позначајни и многу потешки за добивање. Сметам дека нашиот тим не треба да конкурира на парите што и се наменети исклучиво на македонската наука. Тие пари треба да бидат за млади и неафирмирани македонски научници. Истиот став го имам за секоја област. Светски научник или уметник за својата работа ги добива парите на светскиот пазар на наука или уметност. Наша цел и должност да ги добиеме (ако сметаме дека сме најдобри во светот), се парите што им се наменети на најдобрите европски научници преку интегративните проекти. Во нив треба да учествуваат најмалку четири европски научни институции. Нашиот предлог-проект за Кордис-7 е подготвен. Институтот за судска медицина при Медицинскиот факултет во Скопје ќе се јави како носител на проектот, а во него ќе бидат вклучени медицинските факултети на Оксфорд, Манчестер, Копенхаген, Париз, Лисабон и Бразил. За добивање научен проект со вредност од повеќе милиони долари, неопходно е да имате научни публикации, висок индекс на цитираност, претходни резултати во областа и согласност од другите институции вие да сте главен носител на проектот. Ние го имаме сето тоа.

l Сакате да освојувате височини. Еднаш го освоивте Монт Еверест. Колку сте блиску до врвот во научна смисла, особено што вашата работна биографија многу прилега на упорно и систематско качување по стрмнините на неистражените научни височини?

- Во гимназиските денови "Во потрага за загубеното време" на Марсел Пруст беше едно од моите омилени книжевни дела. Постојано размислувам дека во се што правам временски заостанувам барем 10-15 години. При искачувањето на планинските височини наоѓаме задоволство не само во триумфот туку и во процесот. Над 6.000 метри височина нема задоволство, само страдање, кое треба да го надвладеете со снагата на волјата. Има момент кога чувствувате дека волјата ги надвладува физичката немоќ и болката. Тоа ве прави среќен затоа што сознавате кој сте. Ваквото размислување го применувам и врз моето научно истражување. Уживам во процесот, во дружењето со млади и паметни луѓе што сакаат да го менуваат светот чувствувајќи дека ако не јас, тие ќе дадат суштествени одговори што ќе го подобрат квалитетот на човековото живеење.


„Дневник“- 2006 г.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2079
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2594
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

08/01/2025 - среда

Собор на Пресвета Богородица; Спомен на бегството во Мисир; Преподобен Еварест; Свети Ефтимиј Исповедник, епископ Сардиски; Преподобен Константин Синадски; Преподобен Никодим Прилепски-Тисмански;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Со добар подвиг се подвизуваше, првомачениче Христов и апостоле, ја изобличи безбожноста на мачителите.  Каменуван од рацете на беззакониците,

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани  27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани 27 декември / 9 јануари 2025

Запишани во непропадливата книга небесна, двајцата жигосани по лицата,  светите Теодор и Теофан,денес црквата ги возвеличува,  Христос ги прославува,

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја   26 декември / 8 јануари 2025

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја 26 декември / 8 јануари 2025

Дојдете сите верни ум да подигнеме кон Небесата, со Ангелите да ја восфалиме ОнааКоја е поширока од Небото,умилно песни да...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная