логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

АКАДЕМИК КАТИЦА ЌУЛАФКОВА

 

Постојано некој ни одредува до каде имаме право да ги промовираме сопствените културни вредности, ни кажува што е опортуно политички, а што не е - испаѓа дека никогаш не било пожелно да се интегрира македонската култура во европската и во светската токму како македонска


Под покровителство на УНЕСКО, а под раководство на академик Катица Ќулафкова утре и задутре, во Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи меѓународната конференција „Меморија и интерпретација“. Ќулафкова смета дека таа е од особена важност во ова време кога политичкиот амбиент е таков што како да не е опортуно да се зборува афирмативно за македонските културни традиции и вредности, уште помалку да се промовираат. Вели дека владее тих заборав на македонската културна историја. katica.kulafkova.jpg

* Организирате меѓународна европска конференција на тема „Меморија и интерпретација“. Која е целта на конференцијата?

- Еден од мотивите е изворен и траен, а се работи за насушната потреба македонската книжевна наука, македонските компаративни студии, истражувањата во доменот на поетиката и на херменевтиката, да се афирмираат во европски контекст. Сметам дека тоа најсоодветно ќе се постигне со непосредно и суверено учество на македонските компаратисти, теоретичари и херменевти во еден европски проект, заедно со врвни претставници во европските држави, како членките на ЕУ, така и другите. Во меѓувреме се отворија и некои институционални можности за поцелосна, потрајна соработка, можности што засега се само можни, но се надевам наскоро и реални. По успешното реализирање на проектот „Балканска слика на светот“ имаме понуди за други соработки во доменот на балканолошката компаристика, но и во однос на балканските традиции и нивната интеграција во ЕУ. Работиме на тоа да се артикулираат што е можно подобро овие истражувачки интереси на македонската компаратистичка наука. Идејата за конференцијата на тема „Меморија и интерпретација“ се надоврзува и на истражувањето од претходната 2006 година, кое беше фокусирано на тема „Насилството и уметноста“, од кое произлезе една извонредна публикација на англиски, француски и на македонски јазик, со учество на десетина автори од Европа и неколку од Македонија, осмислена според современи релевантни обрасци, оригинална и за европски контекст. Се надевам дека оваа публикација ќе стане референтна публикација на проектот на МАНУ - „Интерпретации“.

* Колку науката ја истражила културната меморија на нашиот народ, особено што тоа е суштествено за сите култури, па и за нашата?

- Секоја наука е должна и повикана да даде свој прилог во толкувањето на културната меморија на својот народ и на народите од опкружувањето. Ние се определивме за интердисциплинарен и компаративен херменевтички пристап, при што колективната меморија се посматра во корелација со индивидуалната естетизирана меморија на уметноста (книжевноста, усната традиција, визуелните уметности, театарот, филмот, митот, јазикот). Секој учесник ги остварува своите истражувања самостојно и ќе ги презентира сознанијата на конференцијата.

* Интересот за конференцијата е голем - ќе дојдат дури дваесет учесници од многу европски земји. Очекувате ли да дадете придонес во актуализацијата на феноменот на културната меморија?

- Ќе дојдат научници од 20 учесници од странство - од Франција, Италија, Полска, Шпанија, Велика Британија, Холандија, Германија, од Турција, Хрватска, Босна, Србија, Албанија, Бугарија. Имаме и 15 учесници од Македонија. Некои колеги, од Украина на пример, ќе бидат претставени во книгата, но нема да присуствуваат на конференцијата. Очекувам да дадеме значаен прилог во актуализацијата на феноменот на културната меморија - феномен битен, ако не и клучен во конституирањето на етничките и на надетничките идентитети. Колективната културна меморија е битен чинител во конституирањето на самосвеста и свеста за другите на секоја нација. Во тој процес на самоидентификација и идентификација, на авторефлексија и референца на другите, од особена важност е влогот на уметниците, на писателите, на уметничките дела, на артефактите, на митот и на јазикот како средишта на најсублимирана колективна меморија.

* Историјата покажува дека без освестен и институционално поткрепен процес на идентификација на спецификите во контекст на идентификација на универзалните вредности, не можат да опстанат културите како системи на вредности.

- Поддршката што УНЕСКО ја прави по однос на ваквите проекти е во склад со Декларацијата на УНЕСКО од 2005 година за заштита на културната разноликост, мислам првенствено на глобално рамниште, во светот. Во таа смисла, разноликоста денес е нов меганаратив кој се јавува како реплика на меганаративот на глобализацијата. Тој е опомена дека глобализацијата, имено, не смее да се применува како стратегија на задушување на културните особености. Дискурсот на разноликоста е тесно поврзан со дискурсот на меморијата. Околу културната разноликост кај нас можеби многу се зборува, но повеќе во клишеа одошто аналитички. Она што е симптом на духовна вредност на универзално рамниште, кај нас се сведе на политизирана флоскула на мултикултурализам, што, пак, се сведе на прагматичната концептуализација на мултикултурализмот на мултиетничност, односно во македонскиот случај на биетничност. Овој параметар беше толку снажен што ги ревидираше и дефинициите на поимот народ, па сега гледаме во многу акти македонскиот народ се именува како заедница. Таквите радикализирани толкувања на мултикултурализмот на локално ниво доведоа до трауматични состојби. § преостанува на науката да го кажува своето мислење, аргументирано и непристрасно.

* Кој е виновникот за таквата состојба?

- Не сметам дека виновникот за таа состојба на духот и на народот е надвор. Ние самите го имаме прифатено, на официјално ниво, дискурсот на себедеградација, на откажување од атрибутите на идентитетот, на хибридизација на идентитетот, на проблематизација на идентитетот. Ние сами го имаме, за жал, промовирано, дискурсот на амнезија или стратегија на заборав на сопствениот културен идентитет. Впрочем, за тоа има многу примери, тоа не е само актуелна состојба, но последнава деценија е особено индикативен и алармантен. Јас се надевам дека нештата на тој план ќе се променат во непосредна иднина, во спротивно ќе биде доведен во прашање нашиот опстанок.

Значајни дела и личности се бришат од колективната меморија

* Во услови на негирање на македонскиот идентитет, името на државата и на јазикот, колку е важно да се сочува македонскиот литературен јазик?

- Најпрвин морам да кажам дека ситуацијата во која се наоѓа македонскиот народ и факторите на неговиот идентитет, јазикот, литературата, културата и традицијата, е во најмала рака парадоксална. Од една страна имаме работа со материјално и нематеријално културно наследство на македонскиот народ од парадигматичен тип, богато и исклучително референтно не само по однос на македонската историја туку и по однос на светската, а од друга немаме доволно социјален амбиент, материјални и кадровски услови за негово систематско истражување и за негова афирмација во светот. Периодично се става акцент на делови од македонската богата културна традиција и тоа е извонредно, потоа интересот стагнира. Институтите од национален интерес како Институтот за македонски јазик, за литература, за фолклор, за историја, се во крајно загрижувачка состојба. Државата треба манифестно и крајно конкретно да го потврди својот интерес за нивните дејности како дејности од национален интерес и приоритет. Ама политичкиот амбиент е таков што последниве десетина години како да не е опортуно да се зборува афирмативно за македонските културни традиции и вредности, уште помалку да се промовираат истите гласно медиумски и научно. Како да владее тих заборав на македонската културна историја. Помор на меморијата. Во такви услови многу значајни епохи, дела и личности ќе се бришат од матрицата на колективната меморија. За да опстанат впишани во неа, треба да се стимулира, едукативно, научно и медиумски, свеста за македонската културна историја и современост, втемелена врз факти и артефакти. Кај нас се случува постојано некој од надвор или од внатре да ни одредува до каде имаме право да ги промовираме сопствените културни вредности, постојано кажува што е опортуно политички, а што не е. Испаѓа дека никогаш не било пожелно да се интегрира македонската култура во европската и во светската токму како македонска.

Лилјана Грџо Дамовска



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2149
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2665
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

27/01/2025 - понеделник

Св. Нина, просветителка на Грузија; +Св. Сава, архиепископ Српски; Преп. маченици Синајски и Раитски; Св. Илариј, епископ Поатиски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная