Премин Портал

Кожувчанка


ИНТЕРВЈУ - ИНТЕРВЈУ - АКАДЕМИК БЛАЖЕ РИСТОВСКИ


Македонската Енциклопедија нема да ја уредуваат политичари, туку академци, научници


Нема ни збор за повлекување и коригирање на македонската Енциклопедија. Па зарем верувате дека еден ваков научен труд смее и може да се повлече бидејќи тоа го бараат албанските политички партии. Каква би била таа Академија кога би се подведувала на мислењата и желбите на политичарите и политичките партии? Имавме концепт за ваков потфат и го реализиравме со целокупната научна ефектива, но без консултација на политичарите и политичките партии, вели во интервју за белградскиот дневен весник "Политика" академик Блаже Ристовски, главен уредник на македонската Енциклопедија


Каков е крајниот заклучок на уредништвото и главната редакција на македонската Енциклопедија и Академијата после критиките на дел од албански политичари во Македонија?
- На седницата на Одборот на главната Редакција го разгледувавме ова прашање од сите страни и заклучивме дека Редакцијата не треба да се впушта во разговор со политичките струи, а уште помалку да расправаме за условите кои тие ги поставуваат. Морам да ви кажам дека не сме моќни да ги игнорираме притисоците на моќните сили кои се уште траат и се потпираат на силата на албанските партии. Заклучивме дека треба да се земат предвид забелешките кои се однесуваат на формулацијата на некои изрази во некои одредници во Енциклопедијата, но нема ни збор за повлекување на Енцкилопедијата.

Како го коментирате притисокот на Британската амбасада и писмото со кое таа бара бришење на дел од одредницата која се однесува на вмешаност на нивните офицери во обучување на припадници на албанските паравоени единици во 2001 година?
- Ние во принцип не можеме да прифатиме такви надворешни интервенции особено доколку се однесуваат на вакво капитално дело на нашата научна ефектива и Академија. Но, доколку ни се укаже на некоја непрецизност, нејаснотија ние сме должни да размислиме и да постапиме адекванто.

Дали во новото издание ќе бидат изоставени спорните одредници, попрецизно оние чија содржина ја оспоруваат Албанците, Американците и Британците?
- Изоставување нема да има, но некои искази ќе бидат прецизирани. Јас не сум воен експерт. Авторот на текстот кој го оспоруваат странците е универзитетскиот професор Светомир Шкариќ, експерт во областа на правото. Една или две реченици ќе бидат прецизирани, а одредницата за која станува збор останува.

По малку неверојатно звучат тврдењата дека во пишувањето на вакво капитално дело не учествувале албански научници, академици, а наводно бидејќи не биле повикани?
- Тоа не е сосема точно. Ние имаме правилници според кои се раководевме во работата. Во нив е нагласено дека членовите на главната Редакција можат да бидат само членови на Академијата, па така во зависност од областа ангажиравме академици, по еден од секоја од петте одделенија. Во времето на формирање на главната Редакција во Академијата немавме ниту еден член Албанец. Секако, одлучивме во пошироката Редакција да вклучиме и претставници од другите етнички заедници. Колегата Луан Старова беше вклучен, но даде оставка со образложение дека ќе се занимава со пишување на книга. Потоа, на соработка во главната Редакција го повикавме професор Абази, кој во меѓувреме, стана академик, но и тој одби таков ангажман, со образложение дека има обврски на Штуловиот универзитет во Тетово, на кој е ректор и дека има обврски кон други проекти. Не е вистина дека Албанци не беа вклучени во главната Редакција, како и во пишувањето на Енциклопедијата. Ние во пошироката Редакција, како редактори вклучивме релевантни автори. Меѓу редакторите се историчар проф. д-р Шукри Рахими, кој сега под притисок јавно се огради, универзитетскиот професор Агим Пољоска, проф. и поранешен декан на Педагошкиот факултет, д-р Сефедин Сулејмани. Редактор беше и универзитетскиот професор во пензија, Турчин д-р Ариф Аго.

Дали сите тие ќе бидат повикани и вклучени во условно кажано корекцијата на Енциклопедијата?
- Секако, доколку се согласат, но без претходни условувања. Ние ќе прифатиме секакво дополнување, нови текстови, доколку тие бидат засновани на научни, релевантни факти, и доколку не бидат плод на политичките потреби.

Како ја коментирате реакцијата и критиките на академиците Македонци на сметка на концепцијата и содржината на Енциклопедијата?
- Колку што ми е мене познато само двајца академици излегоа во јавност - Милан Ѓурчинов и Иван Катарџиев. Нивните ставови се поинакви, но тоа е нивно мислење и на тоа имаат право. А сите членови на МАНУ беа повикани да имаат увид во пробното издание и да дадат свои забелешки. Се што добивме (забелешки, предлози и сугестии) ги прифативме.

Каде е коренот на оваа медиумска хајка на која е изложената Енциклопедијата и посебно Вие како нејзин главен уредник?
- Во основата на таа хајка се наоѓа политиката, поврзаноста на медиумите со политичките партии од власта и опозицијата. Јас лично не припаѓам на ниту една политичка партија и ирилевантен сум во однос на политичките мислења за научните проблеми. Се разбира, тие имаат право на реакција, но апсурдно е тоа што најгласни критичари се оние кои не ја виделе, а камо ли прочитале содржината на Енциклопедијата.

Што е следно во оваа приказна за Енциклопедијата?
- Ние сме подготвени и ќе прифатиме организирање на научни трибини за спорните делови и ќе прифатиме секаква умесна сугестија, но нема да се занимаваме со историјата на Албанците и Албанија, ниту на Косово. Немаме ништо против доколку и самите Албанци организираат научни собири затоа што добро е и самите да ги расчистат лабавите теории за нивната генеза. Во секој случај тоа не е и нема да биде предмет на македонската Енциклопедија. Во подготовка е еден том на англиски јазик, а доколку бидат обезбедени средства ќе продолжиме со издавање на веќе подготвениот материјал за повеќетомната Енциклопедија.

Како лично ја доживувате оваа хајка?
- Па не ми е баш пријатно и кому би му било да е под ваков притисок, навреди и закани. Непријатно е меѓутоа признавам не очекував вакви реакции, затоа што Енциклопедијата е работена објективно, наведени се неспорни факти.

 

 Извор: Вечер


 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 10, 2026
TVITer297Dostoevski

По патеката на една мисла: „Истражувања“

Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:
Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Мај 08, 2026 Литература 1703
Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 2116
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 3717
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3962
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најново од Култура

По патеката на една мисла: „Истражувања“

TVITer297Dostoevski
Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври  2026

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври 2026

Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, твојот избраник во црно си тргнала

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври   2026

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври 2026

Денес, ние благоверните светло празнуваме,осенети со Твоето Богомајко Пришествие, и гледајќи кон Твојот Пречист образ,

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Апостоле, од Христа Бога возљубен,побрзај да ги избавиш луѓето од беспомошноста,примајќи ги оние кои кон тебе припаѓаат,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная