Александра Игњатова
03.05.2010 09:42
Со пет минутен прекин на емитувањето на вести во 11.55, новинарите укажаа на проблемите со кои што се соочуваат при вршењето на својата работа и на значењето на пристапот до информациите.
Според последниот извештај на невладината „Фридом Хаус“, репресивните влади ја продолжиле тортурата врз „непослушните“ новинари, а многу злосторства врз нив останале неказнети. Македонија според овој извештај останува во групата делумно слободни држави и се наоѓа на 94-то место.
Од поранешните југословенски републики единствено Босна и Херцеговина и Косово се зад Македонија - на 97-то односно 108-то место. Пред Македонија се србија со 78-то место, Црна Гора 80-то, а Хрватска 85-то место.
Организацијата „репортери без граници“ по повод светскиот ден на слободата на печатот објави список на 40 „предатори“ кои посегнале по слободата на печатот. Меѓу нив има политички и религиозни лидери, како и терористички организации чија мета е работата на новинарите.
Претседателите на Кина, Иран, Руанда или Тунис ја делат таа „тажна чест“ со организации како колумбиската ФАРК, баскиската ЕТА, израелската армија и палестинските вооружени групи.
Меѓу новодојдените на листата на репортери без граници е претседателот на Јемен, Али Абдула Салех, филипинските „приватни милиции“, талибански лидер Мула Омар и претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров.
Извор: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122718