Веб, Друштвени мрежи
автор: Виктор Арсовски -
Преку 50.000 сајтови ги имплементираа новите друштвени плагини на Facebook за само една недела откако беа најавени на f8 конференцијата, oбјави Facebook.
Друштвените плагини се алатки кои ја персонализираат веб страната која ја посетувате, доколку сте логирани на Facebook. Пример, под овој текстот има Like копче кое доколку го кликнете, овој текст ќе ви се прикаже како линк на вашиот Facebook профил. Исто така на десната страна на IT.com.mk има друштвен плагин кој прикажува кои наши текстови им се допаднале на вашите пријатели, на кои текстови тие кликнале Like и ги споделиле.
Ова е почетната фаза за персонализирање на еден сајт според вашите интереси, но и почетна фаза на Facebook да доминира со интернетот.
Во интересна колумна за CNN Пит Кешмор, основачот на ИТ блогот Mashable, пишува како Like може да ги замени линковите и со тоа Facebook ќе може да ја индексира мрежата.
„Facebook го најави Like како форма на „друштвени линкови“ – подобро од линк бидејќи е поврзан со специфичен корисник. Ако Like копчињата станат популарни, тоа ќе е многу лоша вест за Google, бидејќи неговите алгоритми го користат линкањето меѓу сајтовите да го одредат редот на резултатите при пребарувањето.“ пишува Кешмор.
Моментално сајтовите се концентрирaат на Search Engine Optimization, односно оптимизација на како интернет прабарувачите (читај:Google) го читаат сајтот со цел сајтот да добие поголема вредност и да се пласира погоре во резултатите. Дали кога Open Graph протоколот на Facebook, кој стои зад друштвените плагини, ќе предизвика сајтовите да се концентираат на оптимизирање на „инстант персонализацијата“ и со тоа да го направат Facebook крал на интернет? е интересното прашање на Кешмор.
Но кој вели дека Google треба да остане на врвот? Друштвените мрежи стануваат популарно, луѓето повеќе сакаат да споделуваат информации одошто да ги пребаруваат… Можеби единствениот проблем со Facebook е што веќе ги знае нашите лични податоци, а сега и нашите интереси.
Извор: http://it.com.mk/nad-50-000-sajtovi-gi-koristat-drushtvenite-plagini-na-facebook/#respond