На 5. Февруари оваа 2010 година, под покровителство на Македонската Православна Црква “Св.Димитрија“ од Palm Beach Gardens – Florida и на Хонорарниот конзул на Република Македонија госпоѓата Dana Klein од Холивуд – Флорида, за прв пат во центарот на градот Холивуд - се одржа Македонски Фестивал. Фестивалот предизвика голем интерес кај Американците кои од глетката помислиле дека се снима нов филм. На Фестивалот кој за прв пат се оддржа учествуваа голем број на македонци, прикажувајќи го широко своето културно Македонско наследство и своите историски Македонски корени. Пред да започне фестивалот Македонците направија мала парада низ центарот на градот Холивуд со македонските традиционални носии, високо веејќи ги Американското и Македонското знаме, со зурли и тапани минувајќи покрај најпознатите филмски студија.
ествалот се одржа во познатиот Arts Park, каде што веќе вредната женска секција при МПЦ “Св.Димитриј“ имаше организирано штандови со прекрасна и вкусна македонска храна, македонски вина и македонско пиво. Свиреше наш македонски бенд и на расположените Македонци во прославата им се придружија и многу Американци.
Фестивалот го отвори хонораниот конзул госпоѓата Дана Клејн, потоа ги поздрави присутните и му дадоа подршка на фестивалот - Мајорот на градот, Македонскиот амбасадор во САД неговата еминенција господинот Зоран Јолевски, господинот Горги Атанасовски, претседателот на МПЦ г. Васил Стевановски и други присутни, со надеж следните да бидат многу помасовни и да прераснат во традиционални.
Тоа е Македонецот, каде и да е, секогаш и секаде највисоко го издига своето македонско име. Бевме колевка на културата и писменоста, а и врата преку која влезе христијанството во Европа. Не е доволно само народите и светот да не спомнуваат како народ од Библијата, туку мораме да ги потсетиме дека тој Македонски народ и денес егзистира не само во Република Македонија туку и низ целата земјина топка во свои Македонски Црковни и култирни центри.
Известува,
Отец Митко Попоски