ПО ПОВОД ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО КОМИТЕТОТ НА МИНИСТРИ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА
Македонија организира изложба во Брисел и Стразбур
Македонија ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа, од мај до ноември следната година.
- Претседателство ќе го обележиме и со реализација на министерска конференција во насока кон продолжување на Љубљанскиот процес и да почнеме нов, "Скопје процес", со акцент на наследството во функција на регионалниот развој.
Ова го истакна министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во обраќањето на состанокот на министрите за култура на Југоисточна Европа и на Црноморскиот регион, на "Љубљанска конференција - обнова на нашето заедничко наследство".
Таа додаде и дека Македонија ќе предложи еден заеднички проект на земјите - членки на Советот на Европа - реализација на изложба на плакати со експонати.
-Оваа изложба би се одржала во Брисел и во Стразбур, а би претставувала пресек на културното наследство од земјите од регионот вклучени во Љубљанскиот процес. Изложбата на фотографии од артефакти, како и изложба на самите артефакти каде што дозволуваат условите, може да се прошири и на сите други земји-членки на Советот на Европа - додаде министерката за култура.
Во текот на нашето претседателствување, фокусот ќе биде на ревитализација и рехабилитација на културното наследство во функција на регионалниот развој, со натамошна поддршка на пилот проекти, но и неколку други активности.
(Де.Т.)