Автор: Дамјан Арсовски
Објавено на: 25.08.2009
Го дочекавме и тоа... најпопуларниот сервис за преведување на Google, одсега го разбира и македонскиот јазик. Сеуште нема официјална информација на блогот на Google, но во текот на денот сигурно ќе биде објавена. Ова е одлична вест, сега н многу лесен начин ќе може да преведувате од над 40 јазици директно на македонски, па дури и цели сајтови.
За тоа како работи Google Translate, може да прочитате на следниов линк. А во продолжение, го тестиравме Google Translate колку добро знае македонски:
3
4
5
Со Google Translate на македонски може да преведувате и цели сајтови:
Засега, преводот функционира одлично, бар од тоа што јас можев да го видам од англиски на македонски и обратно. Постои и форма за ваш придонес кон преводот, односно доколку се случи сервисот да погреши, да го внесете точниот превод на македонски. Би било одлично доколку поголем број корисници го практикуваат ова за да може сервисот да напредува во своите познавања на македонскиот јазик.
Не чекатте, почнете со користење на Google Translate на македонски јазик, за кој постоеше и петиција на Facebook со над 10.000 членови.
Преземено од: http://it.com.mk/index.php/Vesti/IT.mk/Google-Translate-i-na-makedonski
Посети: {moshits}