ПРЕС - КОНФЕРЕНЦИЈА
на Светскиот Македонски Конгрес
одржана на 23 јули 2009 година
Ја поздравуваме препораката на Европската Комисија до Советот на министрите и Европскиот Парламент за укинување на визите за граѓаните на Македонија од први јануари 2009 година. Сметаме дека тоа не е награда, туку заслуга на сите граѓани на Македонија, затоа што остваривме највисоки стандарди од условите за визната либерализација.
Најголемиот број Македонци по род и државјанство во целиот свет се за пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и оправдано очекуваат датум за преговори. Не поради Европа, туку поради нас самите, но остро се спротиставуваме на обидите на Атина за повторно духовно ропство врз Македонците и Македонија со геноцидното барање за промена на државното име Македонија.
Притоа јавно укажуваме, дека пристапувањето на државата Македонија во Европската Унија и НАТО подлежи на процедурата утврдена во членот 120 од Уставот: „предлог за стапување во сојуз или заедници со други држави можат да поднесат претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници. Одлуката ја донесува Собранието со најмалку 80 пратеници а се смета за усвоена ако на референдум за неа гласа мнозинството од вкупниот број избирачи." Доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и промената на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Грција, се отфрла пристапувањето на Македонија во овие сојузи на држави и таква кампања ќе спроведеме на дело кога за тоа ќе се решава на референдум.
Воедно, ако Атина продолжи со барањето за промена на државното име Македонија, Македонците ќе го покренат прашањето за обединување на окупираните македонски земји од балканските војни до денес.
Македонија ги исполни условите за пристапување во сојуз со НАТО, но грчкото вето го спречи тоа. Атина тоа го најави и за пристапувањето во сојуз со Европската Унија. Сме за продолжување на реформите како обврска на власта, но не постои демократија во Европа без проблеми, па и Македонија, која е посветена на решавање на отворените прашања.
Упатуваме остра критика и на изјавата на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски по прашањето за промена на државното име Македонија, како континуитет на неговото велепредавство, и потсетуваме, дека истиот тој како премиер во 1993 година самоволно се согласи на геноцидната времена референца во Обединетите Нации „поранешна Југословенска Република Македонија", во 1995 година како премиер се согласи на промена на државното знаме, а во 2004 година како претседател на Републиката флагрантно кршејќи го Уставот се согласи со промена и на државното име Македонија. Предлогот на Црвенковски за ново име за надворешна употреба значи трајна промена на државното име. „Меѓународно име" е државното име кое се состои од само еден единствен збор Македонија! Државното име е правниот легитимитет на државата Македонија во светот! Државното име е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство се изјаснија за „самостојна и суверена држава Македонија" без додавки и придавки. Одлуката на референдум по членот 73 од Уставот е задолжителна! Затоа никој нема мандат да разговара преговара и договара промена на државното име Македонија. Секоја промена, секоја додавка и придавка на државното име значи трајна промена на името на македонскиот народ и името на македонскиот јазик, бидејќи по меѓународно право, името на националноста како синоним за државјанство автоматски произлегува од името на државата. Имајќи предвид дека за Атина, според Дора Бакојани, „македонското прашање е идеолошка конструкција на Студената војна кое треба да се затвори со промена на државното име на северниот сосед на Грција", ново меѓународно име за сите и во секое време е перфиден обид за трајна промена на државното име Македонија, кое автоматски и без разговори за името на македонскиот народ и името на македонскиот јазик, врши нивна трајна промена.
Впрочем, основата на грчкиот ариевски фашистички модел на еднородна и едноверна држава е антимакедонизмот, затоа што ако Атина го отвори етничкото прашање самата ќе се сепарира бидејќи нејзината територија е создавана во стогодишна историја на окупации и геноциди, затоа интегритетот на таа земја може да се остварува единствено со авторитарни и диктаторски режими.
Ние и натаму апелираме на итен и безусловен прекин на разговорите за разликата за државното име Македонија и воспоставување на нејзиното членство во Обединетите Нации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната референца „Република", без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик "The Republic of Macedonia" со меѓународниот код МК односно МКД, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција која Атина за првпат во својата историја ја окупира по балканските војни од 1912-1913 година вршејќи геноцид врз македонскиот народ кој континуирано трае до денес.
Истовремено, отфрламе нов референдум за државното име, бидејќи тоа ќе биде референдум за негова трајна промена и отфрламе ратификација на договор во парламентот за промена на државното име Македонија, како што предлага Стојан Андон и компанија. Бараме власта да се придржува на веќе донесената стратегија за државното име во Декларацијата од 3 јули 1992 година по повод отфрлањето на Лисабонската декларација на Европската заедница за признавање на државата „со име кое нема да го вклучува терминот Македонија", дека името на македонскиот народ е нераскинливо поврзано со името на државата Македонија и ЕУ, земјите на ОБСЕ и Обединетите Нации да ја признаат Република Македонија со нејзиното име и во постојните граници", „бидејќи неговото негирање значи негова дискриминација и на малцинските заедници и не е функција на мирот и стабилноста и независноста на Македонија".
Во врска со посетата на еврокомесарот Оли Рен на Македонија, денес, од 13 до 15 часот пред Владата ќе организираме мирен протест со цел предупредување до Европската Унија за притисокот за промена на државното име Македонија. На мирниот протест на англиски јазик ќе бидат истакнати следните транспаренти со пораки до еврокомесарот Оли Рен и Европската Унија: „Спречете го грчкиот геноцид", „Ова е Македонија", „Да, за Европската Унија, но како Македонија и Македонци" и „Македонија - совеста на европската демократија!" Веруваме дека Македонија ќе ги исполни условите за пристапување во сојуз со Европската Унија, но протестираме за да еврокомесарот Оли Рен на Европа и го врати одговорот на мнозинството Македонци по род и државјанство дека се против промена на државното име Македонија!
Посети: {moshits}