Александар Дерменџиев, менаџер во Тим Поинт, на презентација на сајтот го изрази своето задоволство од развојот на електронската трговија во Македонија и напомена дека во блиска иднина се надева на уште поголем подвиг на интернет купувањето, наликум светските држави.
Шопинг центарот засега располага со околу 1500 производи од повеќе светски брендови, и работи постојано, во текот на денот, седум дена во неделата. Ограничувачки фактор е тоа што производите кои се на страната се само од оние компании кои сакаат да се продаваат таму, а не сите оние кои постојат.
- Во моментов на обострано задоволство се наоѓаме пред нов предизвик. Уни Банка од секогаш иновативно се движи кон современиот свет и секојдневно од трговците добиваме барање за склучување на договор со нашата банка, рече Биљана Доневска Гечева директор на Дирекцијата за картично работење во Уни Банка. Таа објасни дека плаќањето е електронски со платежни картички, преку Уни Банка која гарантира максимална сигурност на потрошувачите.
Околу дистрибуцијата, како трет сегмент од оваа активност кој опфаќа достава до адресата наведена од страна на нарачателот ќе биде во период од 3 до 24 часа во зависност дали е нарачателот е од Скопје или во некои од градовите низ Македонија
Дека е тоа така редакцијата на ВЕЧЕР со промотивниот ваучер кој промоторите ни го подарија на презентацијата на интернет страницата http://www.shopping.tim.com.mk/ чисто од љубопитност нарачавме неколку средства за хигиена во домаќинството и прехранбени артикли, и беше пријатно изненадена за потребниот временски интервал од 20 минути за кој производите стигнаа на нашата адреса.
Дејан СРБИНОВСКИ