Македонскиот центар за меѓународна соработка по трет пат ја истражуваше општата доверба, довербата во институциите и довербата во граѓанското општество. Во оваа соопштение ви го презентираме третиот дел од истражувачкиот извештај кој се однесува на довербата во црквите и верските заедници.
Истражувањето покажа дека општата доверба во црквите и верските заедници е висока (65,6%) и стабилна – на исто ниво како и минатата година. Свештените лица имаат доверба од 54%.
Довербата во црквите и верските заедници е поголема кај граѓаните со пониско образование.
Забележителна е високата доверба во своите: етничките Македонци во МПЦ, етничките Албанци во ИВЗ. МПЦ е со мнозинска доверба (53%). Сите цркви и верски заедници имаат висока доверба кај претпоставените приврзаници (верници, членови). Довербата е изразена кај сличните - во МПЦ имаат висока доверба од 70% етничките Македонци, а во ИВЗ висока доверба од 77% етничките Албанци.
Дел од резултатите од истражувањето можат да се толкуваат и како недоверба во различните и можна верска нетолеранција. МПЦ има доверба од 11% меѓу етничките Албанци, а ИВЗ има доверба од 22% меѓу етничките Македонци.
Малобројните цркви и заедници како Католичката, Методистичката и Еврејската имаат доверба од околу 21%. Иако довербата многукратно го надминува бројот на членови на наведените цркви и заедници, сепак големо мнозинство граѓани од околу 79% искажуваат недоверба кон малобројните цркви и верски заедници. Овие податоци може да укажуваат на верска нетолеранција. Ова е поткрепено и со 30,6% од граѓаните кои не сакаат сосед од друго верско убедување.
Повеќе информации за истражувањето можете да добиете во МЦМС кај Гонце Јаковлеска (02) 3065 381 (локал 142) или на 070/252 081.
Прв дел од истражувачкиот извештај.
Втор дел од истражувачкиот извештај.
Извор: http://www.mcms.org.mk/default-mk.asp?ItemID=564036C5A6DFEB4E8E076CC6AA47F9F6