логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Марија Арсоска, професор по германски јазик и книжевност, Теодора Страшевска студентка на стоматологија и Дејан Велјанов, економист, сериозно работат на својот план: Скопје да добие продавница каде што може да се купат продукти без амбалажа! Животниот стил на Беа Џонсон и нејзината тегла во која го собира отпадот цела година, биле инспирација за овие млади луѓе своите желби и еколошки навики да ги претворат во своја филозофија на живеење, но и во бизнис концепт. Од каде потекнува нивниот концепт Skopje goes zero waste, со кој победија на натпреварот во организација на Здружението за социјални иновации „АРНО“?

Арсоска за Иновативност открива дека тимот деновиве интензивно работи на отворање на првата zero waste продавница во Скопје во која во прво време ќе можат да се купат еколошки продукти за хигиена и за домот, но и уникатни иновации направени од наши уметници.

Разговараше – Сања Наумовска

Марија, Skopje goes zero waste  е еден од победниците на првата генерација на програмата RISE за социјални претприемачи во организација на здружението за социјални иновации „АРНО“. Кажи ни нешто повеќе за целиот концепт и како се најде во оваа конкуренција?

Повикот за програмата RISE Journey го видов на социјалните мрежи на организацијата АРНО. Јас со мојот тим, Теа и Дејан, сме особено горди и благодарни што имавме можност да учествуваме во ваков регионален проект кој нуди целосна менторска и експертска поддршка за реализација на социјални бизнис идеи. Тоа е најголемата вредност на програмата. Не е класичен повик за доделување на грант за реализација на идеи, туку се поддржуваат зелени социјални бизниси од регионот со менторска, експертска и  финансиска поддршка во процесот. На наша огромна среќа, менторка ни беше Андријана Папиќ Манчева, жена која живее по овие еколошки принципи и ни беше неверојатна инспирација. Во текот на програмата имавме редовни тренинзи со Ирина и Ивона од АРНО, кои беа совршени во пренесување на богатото знаење кое го имаат. Исто така имавме пристат до експерти во различни области со кои заедно работевме на усовршување на социјалниот бизнис модел. Сите тимови кои учествуваа имаа извонредни идеи. Меѓу нас се чувствуваше само дух на инспирација и поддршка, во ниеден момент на конкуренција. Во тој дух, ние веќе планираме да вклучиме дел од нивните прототипи во нашата продавница.

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Од каде дојде идејата за продавница без отпад и како се поклопува со вашите животни стилови?

Можам да кажам дека долго време ме засегаат прашањата поврзани со влијанието на човекот врз Земјата, со безрезервното трошење на земјините ресурси и загадувањето. Долго време сметав дека рециклирањето е решението на сите наши проблеми, сè додека не започна периодот на карантин поради корона вирусот. Тогаш почнав да забележувам колкаво количество на отпад произведуваме дома. Ме заинтересира и содржината на отпадот која ја правиме и почнав да се прашувам-  зошто при секое купување на шампон за коса, на пример, мора да ја купиме и пластиката? Помислив на идејата дека би било совршено да имаме место во кое ќе можеме да ги користиме старите пакувања и да го купиме само продуктот. Така започна моето истражување. Наидов на многу zero waste продавници, но и на “мајката” на zero waste движењето – Беа Џонсон.  Бев импресионирана. Така се роди мојата пасија за нула отпад и мојата најголема желба, во Скопје да постои место каде што луѓето ќе можат да се едуцираат, да пазарат свесно, да се запознаат со овие вредности и да го намалат количеството на отпад кое го продуцираат секојдневно.

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Кои од сите zero waste навики веќе ти лично ги практикуваш?

Јас лично најпрво почнав со користење платнени торби за пазарење и мрежички за овошје и зеленчук. Исто така започнав со носење на тегла со мене, секогаш кога знаев дека ќе земам кафе за носење. Имам метални цевки за пиење, користам хартија за печење која е реупотреблива, обвивки од пчелин восок за покривање на храна, дрвена четка за заби, метален чистач за јазик и уште неколку други алтернативи. Не можам да кажам дека сум комплетно нула отпад во моментов, но тоа е цел кон која се стремам. Се намачив додека да ги најдам сите овие продукти. Затоа можноста, тука во Скопје да имаме ваква продавница е дополнителна мотивација за мене.

Мислите ли дека кај нас има можности едно семејство лесно да премине кон живот без отпад?

Самиот концепт на нула отпад звучи многу недостижно за луѓето и првата нивна реакција е одбивна. Но, мислам дека секој на свој начин ќе почне да си ја менува перцепцијата и ќе почне да се грижи за животната средина. Убедена сум дека Скопјани ќе го препознаат потенцијалот на овој начин на живот и ќе го вреднуваат. Сите ние дома имаме алтернативи кои можеме веднаш да почнеме да ги користиме. На пример, сите имаме торби за пазарење со кои може да престанеме да користиме пластични кеси. Исто така, сите дома имаме тегли кои може да ги користиме кога пазариме на мерење.

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Дали потешко ќе биде да се едуцираат членовите на домаќинството како да живеат без отпад или ќе им биде потешко да дојдат до намирниците во соодветна форма за да не продуцираат големи количини отпад?

Менувањето на навиките е тешко, но не и недостижно. Доколку знаеме зошто ваквиот тип на пазарење ни е значајно, тогаш и самото менување на навики нема да биде тешко. Со тоа што на граѓаните ќе им биде достапно место каде што продуктите за хигиена и за домот ќе им бидат на располагање, а во исто време ќе бидат и едуцирани за тоа што значи да купуваат без пакување. Важно е дека ќе ги имаат информации кои им се потребни за да донесат вистинска одлука. Јас избирам да се грижам за животната средина. Мојот печат е можеби само една капка во океанот, но сум и силно уверена дека доколку на луѓето им е достапна соодветна алтернатива, тие ќе ја вреднуваат. Многу е важно секој да почне од себе, со минимaлен ангажман. Мојата цел ќе биде кревање на свесност за тоа што претставува нула отпад како движење. Да се живее со отпад кој го собира во една тегла е можеби највисока цел, која не е секому достапна. Но, секој треба да почне од себе. Малите промени се тие што ќе направат најголема промена.

На граѓаните им се потребни информации за поентата и вредностите на нула отпад движењето. Сигурна сум дека на поголемиот дел од нив нема да им бидат непознати затоа што сепак ова се вредности според кои живееле нашите предци. Ние ќе бидеме тука да им ги овозможиме сите тие информации и да ги поттикнеме да прават мали промени секој ден, според овие принципи:

Refuse – да ги одбијат сите оние бесплатни мали подароци или промотивни материјали кои не им се потребни,

Reduce – да го исфрлат од употреба или донираат сето она што не им е потребно,

Reuse – да реискористат сè што можат во домот,

Repair – да поправат сè што е расипано или искинато, а е во функција, доколку не е во функција, да се пренамени за друга намена

Recycle – да го рециклираат тоа што ќе остане,

Rot – да компостираат биоразградлив отпад.

Што е следниот чекор во развојот на вашиот еколошки бизнис?

Веќе сме во преговори со локални производители и индивидуалци кои ги идентификувавме и веќе подготвуваме соработка. Исто така ги разгледуваме можностите за соработка и со општините, Град Скопје и други институции. Од следната недела започнуваме со следната фаза од проектот, тоа е фазата на инкубација, каде веќе ќе правиме детални планови, прототип и проекции за реализација на идејата. Се надеваме на реализација во најскор можен рок.

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Што планирате да се продава во вашата продавница?

Нула отпад како концепт е една голема филозофија која има холистички опсег. Тука, не е важно само дали продуктите кои се продаваат се спакувани во пластика или не. Пристапот е поопширен. Самите вредности на нула отпад се во насока да бидат еколошки за поединецот и за околината. Особено е важно да идентификуваме точно кои продукти сакаме да ги ставиме на располагање на луѓето. Продукти кои ќе бидат произведени од локални производители или индивидуалци кои ги разбираат овие вредности, продукти кои имаат чисти и здрави состојки за купувачите, продукти кои ќе бидат транспортирани на најеколошки начин и продукти кои навистина им се потребни на луѓето. Нема да се продаваат продукти без кои луѓето не можат да живеат. Напротив. Ќе стимулираме свесно пазарување, па кога веќе истиот продукт ќе се купи во продавница со пластична амбалажа, да биде достапен да се купи на мерење во продавницата. Најпрво ќе се фокусираме на продукти за хигиена и домот, а потоа и на храна и прехранбени продукти.

Што е со артиклите кои не се произведуваат во Македонија, како тие да им станат достапни на граѓаните кои сакаат да живеат по принципот zero waste?

Приоритет ќе имаат локалните произведувачи за да помогнеме да се зајакне локалната економија. Искрено се надеваме дека ќе наидеме на отвореност во однос на соработката со домашните компании. Во моментов работиме на прототип наменет за кујна, и тоа дрвен држач за сапун и дрвена четка за миење садови. Прототипот го прави извонреден локален уметник со дрво од Охрид – Горан Миланоски. Значи, доколку за одреден продукт не можеме да најдеме алтернатива кај нас, ќе пробаме да ја направиме со индивидуалци кои имаат можност да произведуваат.

 

Извор:

https://inovativnost.mk/2021/03/19/%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b3%d0%be%d1%82%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b0-zero-wast/?fbclid=IwAR1ld3nmh7y0FKGUMuWVb5VGQ_-sQPsW5MJi4fqESKYwx4t8wYIFjm8Y_i8

 

 21.03.2021

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2025
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2545
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная