логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Прашајте се дали би го употребиле лекот што сте го купиле од аптека без рецепт, кога 98 отсто би биле сигурни дека тој делува? Дали би ставиле на една бројка на рулет сè што имате заштедено ако веројатноста дека ќе изгубите би била 98 отсто?

Корона вирусот не бара повеќе „мозгање“ од оваа математика. Како генерички припадник на човековиот род, отприлика имате исти изгледи да умрете од корона вирус колку и да добиете во погоре споменатото коцкарско сценарио. Станува збор за вкупни стапки што значи дека ако вашата здравствена состојба не е многу лоша, ако не сте многу стари, или многу мало дете, веројатноста дека ќе ве убие корона вирусот е многу помала, односно блиску до нула.

Тогаш зошто во толку многу земји се воведува карантин, се затвораат границите, училиштата и фудбалските стадиони, заради нешто што е помалку веројатно отколку можноста дека некој од нас, годинава, ќе се удави или ќе биде погоден од молња. Зошто паѓа берзата и зошто масовните електронски пораки на училиштата и канцелариите, насловите во весниците, социјалните мрежи и приватните разговори се преплавени со приказни за нешто што е само еден вид благ до умерен вид на грип?

Нашиот ум го привлекуваат заканувачките наслови со големи, застрашувачки бројки. Во моментот на објавувањето на овој текст имаше вкупно 80 илјади заболени од вирусот ковид 19 во 40 држави. Со други зборови, само 0,0001 отсто од светското население. Заради споредба, во текот на сезонската епидемија на грип, три до пет милиони луѓе ширум светот (0,06%) заболува доволно сериозно за да отиде кај лекар, а многу повеќе случаи остануваат непознати. Од сезонскиот грип, секоја година умираат помеѓу 290 и 650 илјади луѓе што е до 0,008 отсто од светското население.

3.angeli.so.truba

За да ја сфатиме целосната и многу реалната моќ на корона вирусот, треба да ѕирнеме во зајачката дупка на човечката психологија.За да ја сфатиме целосната и многу реалната моќ на корона вирусот, треба да ѕирнеме во зајачката дупка на човечката психологија.

Корона вирусот, сосема едноставно и речиси исклучиво е морална паника во најбуквална смисла. Човечките тела, умови, општества, системи на значење, нормите и моралот еволуирале паралелно со патогените. Денес не знаеме кој кого влечел во тоа мрачно сценарио.

За да ја сфатиме таа чудна динамика, треба да размислиме за очигледната неспособност на припадниците на човековиот род да изведат статистички коректни заклучоци за вистинскиот ризик за епидемијата што ја предизвика ковид 19. Човековата склоност кон игнорирањето на основната веројатност и голтањето на застрашувачките информации е добро документирана. „Предубедувањето на негативноста“ спаѓа во најмоќните однапред програмирани хеуристички механизми: секоја информација која содржи навестување за потенцијална опасност и закана – веднаш ќе го привлече вашето внимание, лесно ќе ја запаметиме и уште полесно ќе ја пренесеме. Кажано со речникот на културолошките епидемиолози, навестувањето на опасност „лесно се учи, памти и пренесува на други“, што значи дека има огромен потенцијал да предизвикување на епидемија на идејата.

Таа особина има јасна еволутивна предност: подобро е да ја прецениме опасноста отколку да ја потцениме.Таа особина има јасна еволутивна предност: подобро е да ја прецениме опасноста отколку да ја потцениме. Во повеќето случаи, таквите моментални асоцијации функционираат добро. Знаците кои укажуваат на присуство на патоген, обично автоматски предизвикуваат гадње и така помагаат да ја избегнеме опасноста. Со време сме развиле и можност моментално да реагираме на цела редица визуелни и аудитивни знаци кои ја пренесуваат информацијата за голема веројатност на патогено присуство. Затоа се гадиме од присуство на глувци, стаорци или бубачки, како и од звуци на шмркање.

Меѓутоа, познато е дека таа ментална хеуристика знаее да застрани. Расизмот и ксенофобијата, на пример, исто така, се потпираат на механизмот на откривање на патогени елементи. Јазикот и метафорите кои рутински ги користиме за да го оправдаме моралниот гнев и стравот од другиот, исто така, се служат со метафори за причинители на болести. За непожелните луѓе зборуваме како за „штетници“, идеите на другите ни се „гадни“, стравуваме дека девојките ќе бидат „извалкани“, а свеста на момчињата „заразена“ во допир со „болни“ поединци и групи. Некои студии покажале дека мизофобите и гадливите луѓе обично се политички и идеолошки поригидни.

Тука приказната станува покомпликувана или, поточно, понапната. Општествените науки сè почесто го поврзуваат историскиот подем на општествата кои се одликуваат со „затегнати“ општествени норми и поконзервативни култури со присуство на патогени елементи во животната средина. Заради тоа западните култури се „поопуштени“ од незападните, северните географски ширини не му погодуваат на толку голме број патогени како тропските зони, а напредокот на санитацијата и примената на антибиотиците ги направиле уште поопуштени. Земјите во кои историски постоела поголема количина патогени микроорганизми се поврзува и со помала родова еднаквост и позакостени родови улоги.

Но тоа не е крај на изненадувањата. Смртоносните вируси како мали сипаници, колера, овчи сипаници и грип еволуирале во услови на голема концентрација на луѓе, животни, нивни остатоци и секрети. Поточно, напоредно со нив, под новите селективни притисоци врз луѓето, растенијата и животните кои се припитомувале едни на други во ерата на неолитот, која почнала пред 12 илјади години, еволуирале зоонотички болести (првобитно животински, а потоа пренесени и на луѓето).

3.angeli.so.truba

„Припитомување“ овде ја означува еволуциската стратегија на видовите кои селективно одгледувааат други видови и ги преобликуваат нивните животни истории за свои потреби. Пред милион години, по припитомувањето на оганот, на пример, нашите предци биле во состојба да запалат големи делови од шумите и саваните за да ги променат моделите на миграцијата на животните за потребите на ловот. Луѓето во неолитот го започнале и трендот на селективно одгледување на растителни видови (просо, жито, ориз), како и животински (кучиња, камили, свињи, овци, крави, кози) за потребите на својата исрана, опстанок и држување на енергијата. Додека растела човечката и животинската популација, на трпезата им се придружувале бранови на непоканети гости – глувци, стаорци, врапци, голуби, а потоа дошле бувите, вошките, крлежите, мравките, мувите, пчелите и другите инсекти. По нив набрзо пристигнале и паразитите, бактериите и вирусите. Антропологот Џејмс С. Скот зборува за тие радикални трансформации како за „доцнонеолитски логори за населување на разни видови“.

Да се потсетиме дека еволуцијата е игра со бројки: на ниво на популација, секој вид тежнее максимално да го зголеми бројот на своите единки Да се потсетиме дека еволуцијата е игра со бројки: на ниво на популација, секој вид тежнее максимално да го зголеми бројот на своите единки на тој начин што ги експлоатира и ги обликува според своја волја слабостите на другите организми во својата околина. Од перспективата, кога се има предвид робувањето на луѓето врзани за плугот во тек на неколку векови, не е јасно кој кого припитомил во неолитот. Судејќи според експоненцијалното ширење и „успехот“ на растителните видови како што се житото, пченката, оризот или марихуаната и според радикалните промени на човековите активности и тела откако овие видови биле усвоени како н=монокултури, би можеле да се согласиме со Мајкл Полан кој кажал дека растенијата ги колонизирале луѓето. Напуштањето на различните извори на протеини и влакна, флексибилните начини на задоволување на животните потреби, како и познавањето на животната средина кое го овозможувал животниот стил на ловџиите – собирачи, за многу кратко еволутивно време, предизвикале големи психолошки проемени и на различни начини му наштетител на човчкото тело. Многумина тврдат дека човековиот род допрва треба да заздрави од шокот предизвикан со преоѓањето на земјоделие, односно на погрешна исхрана која довела до намалување на телесната висин, пропаѓањето на забите и ослабување на коските, како и до огромниот пораст на автоимуните болести и зголемувањето на стапката на умирање од нови патогени. Според друго, цинично гледање, кое тргнува од расипувањето на човечката психологија, норми, општествени улоги, обичаи и модели на миграции и судири, новите патогени очигледно победиле во играта на бројките.

Се покажува дека ковид 19 е многу интелигентен еволуциски противник. Користејќи ги слабостите на човечката психологија, кои селегтивно ги негувале неговите патогени предци, веќе успеа да ни затвори многу училишта, да ја сруши берзата, да ги засили општествените судири и ксенофобијата, да ги промени миграциските модели, а работи и на тоа да нè затвори во хомогени простори кои точно му погодуваат на неговото ширење.

Можеме да кажеме дека ковид 19 е исклучително епидемиолошки успешен токму затоа што не е екстремно смртоносен. На пример, со стапка на смртност од 90 отсто, Еболата е прилично глуп вирус: го убива и домаќинот и себе, пребрзо за да доволно се рашири и го преобликува начинот на живот на другите видови со согласност со своите потреби.

3.angeli.so.truba

Слики: Zadok Ben-David

Извор: Psychology Today

 https://okno.mk/node/83369

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2025
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2545
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная