Во Скопје по втор пат се лепат плакати против абортус, но никој од надлежните не знае кој е организатор
Абортирани и раскрвавени плодови од мајчина утроба, мртви недоносени деца на кои насилно им е прекинат животот уште пред вистински да дојдат на свет, крвави хируршки ножици и кофа полна со крв... Вакви шокантни слики деновиве осамнаа во центарот на Скопје на плакати чија порака е „абортусот е убиство“. Никој не знае кој е организаторот на кампањата.
За нецели три месеци ова е втор пат како се лепат плакати и се расфрлаат флаери да се забрани абортусот, со што се добива впечаток дека се води подземна, но агресивна пропаганда дека треба да се забрани абортусот. Надлежните се' уште не можат да откријат кој ја води ова анонимна кампања, иако таа е незаконска и полека како да излегува од контрола. Она што е алармантно е што никој од надлежните не реагира и не презема мерки да ја санкционира оваа, според многумина, грозоморна пропаганда. За да се потенцира вредноста на мајчинството паралелно со мртвите плодови, залепени се и плакати со идилична слика на мајка која го бакнува своето чедо.
Во земјава бројот на абортуси од година на година се зголемува, што иницираше низа размислувања како да се спречи растечкиот тренд. Можеби и затоа во јавноста се шпекулира дека зад кампањата, всушност, стои Владата за да се опипа пулсот околу прашањето за забрана на абортусот, како спас за загрозениот наталитет во земјава. Посебно што податоците говорат дека бројот на раѓањата се' повеќе се доближува до бројот на абортусите.
Од Министерството за здравство негираат дека тие се инволвирани во оваа кампања, но не покажуваат интерес да се открие организаторот и евентуално да се казни. Активистите за човекови права жестоко ја осудуваат оваа кампања, а организациите на жените најавуваат едукација за тие кои стојат зад овие плакати, зашто според нив не може на жената да и' се одземе правото на абортус.
На плакатите е напишана само Интернет-адресата abortionno, на која се појавува Центар за биоетичка реформа, а на веб-страницата за неколку секунди се прикажува интервенција кога се врши абортус.
„Не можеме да го осудиме лепењето плакати, бидејќи е дел од изразување едно мислење. Загрижува тоа што никој од надлежните не реагира на кампањата која е незаконска, зашто е спротивна на постојната законска регулатива со која точно се знае кога на жената и' се дозволува абортус“, вели д-р Мирјана Најчевска од Институтот за социолошко-политички и правни истражувања. За неа абортусот не е контрацепција, но тоа не смее да се меша со кампањи за заштита од несакана бременост, кои треба да пропагираат средства за контрацепција, смета Најчевска, која за кампањата и таа неофицијално слушнала дека ја води Владата за да се подобри наталитетот.
„Ако е така, поголем апсурд нема, зашто одземањето на ова право на жената се коси со сите меѓународни стандарди и конвенции за човекови права. Забраната на абортусот никако не ја сметам за алатка за поттикнување на наталитетот. Треба да се создадат бенефиции, услови за подобар живот и за раѓање, а не да направиме Индија во Македонија, а потоа тие деца да бидат препуштени на улицата“, вели Најчевска.
Ако се забрани правото на абортус, не само што се навлегува во слободата на избор на жената, туку жената се' повеќе осиромашува во своите права во однос на мажите, зашто таа поради децата мора да се откажува од образование, од работа..., вели Најчевска. А, правото на абортус е и прашање на животот на жената, бидејќи нелегалниот прекин на бременоста во историјата покажал дека има последици за животот на жените, укажува Најчевска. „Кога не би смееле да се прават легални абортуси, нелегалните би предизвикале трајно оштетување на здравјето на жената, дури и смрт. Откога абортусот е легализиран во Македонија нема смртни случаи поради таква интервенција“, вели Најчевска.
Остро реагира и Националниот совет на жени на Македонија. „Нашиот став е дека абортусот е право на избор на жената, се' друго би било нарушување на тоа право. Ја осудуваме ова кампања со која некој се обидува да ги наруши правата на жените“, порачува Савка Тодоровска од Националниот совет на жени. Штом некој троши толку пари за плакати и е упорен, секако, е во прашање нешто што сака да се протурка на мала врата, смета Тодоровска, која неофицијално слушнала дека зад плакатите се крие некоја канадска невладина организација.
Со оглед дека никој од надлежните не реагира, а кампањата продолжува, Националниот совет на жените минатата недела организира јавна трибина. „Неуставно и незаконито е да се забрани абортусот“, истакна д-р Кирил Демерџиев, гинеколог во пензија, кој додаде дека ако се донесе ваква забрана, ќе го вратиме општеството назад. Психологот Крсте Маљановски го отвори проблемот на децата без родители. Сега има околу 200 деца без родители, за кои државата не може да им го реши статусот, а уште помалку ќе им помогне ако се забрани абортус што ќе повлече многу поголем број сирачиња. Од трибината беше испратена јасна порака дека со забраната за абортусот човековите права на жената ќе се вратат за 100 години наназад.
Од Министерството за здравство велат дека не знаат кој стои зад кампањата. „Можеби е некоја црква или, пак, некоја невладина организација, но сигурно е дека организатор не е Владата“, тврдат министерот за здравство Имер Селмани и заменик-министерот Владимир Лазаревик. Според нив, во Министерството за здравство постои иницијатива да се заострат критериумите и условите во кои треба да се изведува абортусот се' со цел да се воспостави поголема контрола. „Никој не сака да го забрани абортусот, туку само да се зголеми контролата на нивното изведување“, вели министерот Селмани.
Според податоците на Клиниката за гинекологија официјално се вршат околу 5.000 прекини на бременост годишно, а се проценува дека во земјата има повеќе од 30.000 абортуси. Зошто досега не е откриено кој стои зад оваа незаконска кампања, во Министерството велат дека тие не можат да вршат истрага, туку за тоа има друго министерство.
Ниту во Министерството за труд и социјална политика не знаат кој ги лепи плакатите. Оттаму велат дека треба да проверат дали е можно да се спроведе истрага за да се открие организаторот на овие гнасни плакати. Елена Грозданова, државна советничка во Секторот за еднакви можности во Министерството за труд и социјала, е против промовирање на спречувањето на абортусот, бидејќи тоа треба да е личен избор на секоја жена.
„Ако се залагаме за унапредување на човековите права, тие треба да се во согласност со Универзалната декларација за човекови права и со Конвенцијата за елиминација на сите видови дискриминација врз жената“, смета Грозданова, која вели дека наскоро на трибината по повод 8 Март се планира и јавно да се истапи против ваквата кампања.
Јасмина Јовановска -Утрински весник
Од: marija
Датум: 03.03.2008 14:46:51
zarko, ajde idi buni se i razgovaraj za sovesta za nekoi vazni prasanja kaj mazite, a ostavi gi zenite da si abortiraat ako sakaat. ABORTUSOT E PARVO NA SEKOJA ZENA. SEKOJA ZENA IMA PRAVO DA ODLUCUVA ZA SVOETO TELO, a ne normite na nekoi zatrueni konzervativci na koi ocigledno im e strav da zastanat pozadi sopstvenata kampanja. do novinarkata: vtoriot bran posteri odamna i postaven, golem del od niv se veke iskinati (od moja strana i od drugi devojki) ili prelepeni so posteri za zacuvuvanje na imeto na makedonija. ovie sto ste gi slikale se na zeleznicka, i mnogu skoro ke gi snema i niv. poddrska do site zeni, vasite reproduktivni prava se samo vasi, i vaseto telo e samo vase, ne dozvoluvajte MAZI da resavaat. i ako vidite takov poster ISKINETE GO, ZA SVOE DOBRO
Од: Igor
Датум: 03.03.2008 13:46:19
Затуцани. Абортусот е право на избор. Гледајте го романскиот филм "4 месеци три недели и два дена" и ќе видите што се случува кога абортусот е нелегален.
Од: zarko
Датум: 03.03.2008 11:31:38
се бунат против оваа кампања сите оние што ги пече совеста.и ако им е,и треба да ги мачи совеста.а за таканаречениот психологот Крсте Маљановски следниот пат нека препорача да ги ликвидираме сите пензионеруи,инвалиди,ментално болни па така нема да се мачат луѓето а и нема да бидат на товар на државата како што вели.а он сигурно чува куче дома али нема везе,домашните миленци имаат повисока цена сега него некои си таму несакани бебиња.
Од: Sam
Датум: 03.03.2008 11:30:57
Медиумите наместо суштински да се занимаваат со абортусот, се занимаваат со тоа дали е дозволено да се лепат плакат или не. ГЛУПОСТИ на квадрат! Можеби сликите се брутални, но и абортусот е брутален акт и убиство. Да жените имаат право на свој живот, но нека се информираат и во врска со безбеден секс - па не живееме во 19 век. Последиците од абортусот се огромни, не само дека згаснува еден живот, туку се упропастува и животот на мајката...
Од: Anastasija
Датум: 03.03.2008 11:11:55
A ti Najchevska , a i ti dr.Kiro Trbosek dali vdali voopshto znaete deka toa dete koga se ubiva vo utrobata gi chuvstvuva istite bolki kako da zemete vasheto zhivo dete da go rastrgnete na parchinja???Ili mislite deka toa e nekoja bezlichna masa bez setila???? Aj videte po sajtovite deka nauchnici po ova prashanje go dokazhale toa!!! Ne se raboti za toa da se sprechi abortusot zaradi zgolemuvanje na natalitetot!!!! Nezdravo!!! Tuku se raboti za sprechuvanje na klasichni legalizirani UBISTVA!!! DAj osvestete se veke ednash i reagirajtewkako chovechki sushtestva!!!
Од: Dolno Vodno
Датум: 03.03.2008 10:52:35
Onoj sto gi lepel plakatite so koi se bara zabrana na abortusite,sekako moze da bide samo eden od onie NEODGOVORNI MAZI koj egoisticki, mislejki samo na sebe,zaborava na posledicite moralni i socijalni, sto ke gi podnesuva zenata. Ako toa pak go pravi maz od Vladata za da ja "testira" moznata zabrana,togaj da go potsetime deka,za da se zgolemi natalitetot, Vladata so zakon, neka gi podobri uslovite na semejstvoto, od bilo koja socijalna sredina da se vo zemjava. Neka i ovozmozi minimlalen prihod i penzija na zenata majka, za da ostane doma i da gi vospituva svoite"naslednici" na patot, sto e bez "patokazi" ! Inaku, vakov stur test bi bil nistaven !
Од: ilija
Датум: 03.03.2008 09:54:47
Kako moze vo edna mala drzava i mal grad kako Skopje, da ne se primeti koilepi posteri vo najfrekventnite ulici vo gradot, makar toa se pravelo i vo renite utrinkski casovi ili navecer. Ako policijata saka da otkrie koj stoi zad ova vednas moze da otkrie. A posterite gi smetam nezakonski ne samo zaradi toa sto se protiv pravoto na zenata da izbira, tuku i poradi toa sto vizuelno gi napagjaat gragjanite. Ako nekoj pocne da lepi posteri so pornografski sliki vo gradot, kako bi se cuvstvuvale nie? Deca pominuvaat pokraj ovie posteri sekojdnevno. Sramota e za edna organizacija koja propagira nekekva moralnost da lepi posteri so nemoralna sodrzina.
Од: Nina
Датум: 03.03.2008 08:46:46
Dragi Nino, seti se sekoj pat na toa koja kje imas seks bez kondom.
од: nino
Датум: 03.03.2008 00:34:22
Kako mozi vo drzava vo koja na sekoj nacin se bara resenie da se podogni rastot na naselenieto da bide dozvolen abortus?Pa i budala da e ke se cudi!Da ne zaboravime deka toa e naj nehristijanski cin za edna zena!
Посети:{moshits}