Фејсбук и Гугл владеат со светот
Најновите милијардери од Силиконската долина се претставуваат како светци на американскиот капитализам, а се движат по линијата на корпоративното делување на Руперт Мардок. Под дуксерите и апостолките демнат деловни аждери исто толку грабливи колку и индустријалците од 19 век. Нивните раце се чисти, но нивните снабдувачи не избираат средства за да ги задоволат потребите на големите корпорации од Долината и при тоа не ги почитуваат ниту основните права на работниците. Речиси и да не поминува ден а големите риби да не ги прекршат нормите на приватноста, а Вашинготн е неспособен да се справи со тоа
Компаниите од Силиконската долина сакаат да мислат за себе дека се морално исклучителни. Кога Гугл првпат се појави на берзата, во 2004 г., неговите основачи, супердецата Лери Пејџ и Сергеј Брин, им испратија писмо на идните акционери, а подоцна токму тоа писмо стана магна карта (урнек за создавање поголеми и подобри копии, заб. прев.) на интернет-индустријата. Во ова писмо тие се колнат дека Гугл не е конвенционална компанија", туку компанија фокусирана на тоа да го направи светот подобро место". Деценија претходно Стив Џобс ќе нагласи: Не ме интересира да бидам најбогатиот човек на гробишта. Да си легнам со мислата дека сме направиле нешто прекрасно ете тоа ми значи".
Творецот на Фејсбук, Марк Цукекберг, ветува дека и најголемата социјална мрежа во светот ќе ја води по принципите на таа филозофија.
Просто кажано, ние не работиме за да заработиме пари. Ние заработуваме за да можеме да создаваме подобри услуги. Сметаме дека тоа е добар начин да се изгради нешто. Мислам дека се повеќе луѓе сакаат да ги користат услугите на компаниите кои веруваат во нешто друго освен во максимизирање на профитот ", истакнува Цукемберг.
Сето ова звучи многу охрабрувачки по финансиската криза и падот на Волстрит. Од едната страна се овие амбициозни претприемачи кои работат вредно и создаваат подобар свет, а од другата страна се дебелите банкари кои добиваат незаслужни бонуси, чиишто банки можат да ги спасат само државни интервенции и пребогатите луѓе кои плаќаат пониски даноци од нивните секретарки. Сепак, оваа привидна рамнотежа е невозможно да се одржи само ако се посака да се задржи високоморалното ниво, без разлика дали се работи за индустрија, политика или религија.
Иако најновите милијардери од Силиконската долина сакаат да се претстават како светци на американскиот капитализам, почнуваат да личат на она на што не сакаат пљачкашки барони (роббер барон израз што се користи за американските индустријалци од 19 век кои се збогатиле на морално сомнителен начин). Под дуксерите апостолките демнат деловни аждери исто толку грабливи како што биле индустријалците од 19 век.
Тој процес, меѓу другото, носи големо поместување на економијата и работната сила, а со тоа и нееднаква распределба на пленот.
"Ако некогаш пљачкашките барони беа тие што уништуваа се, денеска тоа го прават технолозите", предупредува Џо Лонсдејл, дипломец на универзитот Лиланд Стенфорд.
Сепак, меѓу кралевите на Силиконската долина има и такви кои ги препознаваат ризиците што ги носи комбинацијата на морална надменост и креативната деструкција на интернетот. На состанокот во Давос директорот на Сиско системи, Џон Чемберс и Глен Хачинс, основач на инвестициската фирма Силвер лејк, предупредија за можните последици. По финасиската криза Волстрит не е на добар глас, а масовното отпуштање работници како последица на технолошкиот развој може да предизвика негативна медиумска кампања и донесување ригорозни регулативи, па дури може да предизвика и пад на интернетската безбедност.
Оно што очигледно станува факт е дека претпиемачите од Силиконската долина се помалку можат да се потпрат на тврдењето дека нивното работење донесува повеќе добро отколку што прави зло.
Под надмената реторика за моралната супериорност лежи профит, мотив кој го покренува секој бизнис исто како и суровото ривалство на најголемите индустриски сопарници.
Експлоататорско производство
Да ги земеме како пример производството на Епл во Кина. Со систематското аутсосрсинг скопување ајфони Епл драстично ја намали цената на своите прозиводи и профитот им го раздели на акционерите. Епл не е единствен што го повлекува овој потег, а тој сам по себе и не е лош, но воспоставувањето дистанциран комерцијален однос не ја ослободува компанијата од морална одговорност за начинот на којшто нејзините партнери ги третираат работниците. Добро е познато дека Епл бара од своите производители да почитуваат одреден кодекс на однесување, но неодамна протекоа информации за односот на снабдувачот на Епл, Фоксикон, кон 230.000 вработени во комплексот Шенжен. Но, и покрај овие информации, никој не се заинтересира за состојбата на кинеските работници се додека нивната приказна не се најде на насловната страница на Њујорк тајмс. Дури тогаш Епл и дозволи специјална ревизија и инспекција во фабриките на кинеските снабдувачи.
Рамнодушност кон авторските права силно противење за СОПА и ПИПА
Корпоративните скратени патчиња не водат само до намалување на трошоците. Понекогаш ИТ гигантите едноставно се прават на Тошо и ја избегнуваат одговорноста. Критиките им се упатуваат зашто не ги почитуваат авторските права, особено зашто станува збор за зборови, музика и видеозаписи што, на пример Гугл, не ги создава сам.
Ваквото однесување го поттикна донесувањето на двата контроверзни американски закони СОПА (Стоп Онлине Антипирацѕ Ацт) и ПИПА (Протецт Интеллецтуал Пропертѕ Ацт). Стравот од евентуалното усвојување на овие акти предизвика силни реакции во Силиконската долина. Да беа усвоени, тоа ќе значеше дека интернет провајдерите ќе беа приморани да го блокираат пристапот на странските сајтови кои не подлежат на американските закони за авторски права. Острите критики на донесувањето на законите одеа во насока да му се предочи на светот дека овие закони ќе ја ограничат слободата и отвореноста на мрежата. Иако и двете страни имаат легитимни заклучоци и тврдења, чудно е колку бргу законодавците подлегнаа на кампањата против антипиратските закона.
Запоставување на приватноста
Уште поголема битка се бие за почитување на приватноста, зашто Силиконската долина отиде предалеку во прекршувањето на основните човекови права, многу подалеку од пасивна индиферентност што го карактеризира нивниот пристап кон почитувањето на авторските права.
Поместувањето на границите на прифатливото и пристојното користење на личните информации стана дневна рутина во онлајн светот. Ситните промени во нагодувањето на опциите за приватност на социјалните мрежи или чепкањето на кодовите на апликациите на мобилните телефони можат да направат драстична разлика ако се најдат во вистинските раце, било да се тоа маркетиншки агенции било да се владини институции.
Досега Вашингтон, или поради алтруизмот на Силиконската долина или поради тоа што е пребавен да ја следи во чекор, и оставаше на самата ИТ индустрија слобода да го реши проблем со приватноста. Очигледно тој начин не е вистинскиот и не функционира.
Речиси и да не поминува ден а некоја интернет или телекомуникациска компанија да не ги надмине своите овластувања и да не ја наруши приватноста на своите корисници. Врвот на едно такво надмено однесување е случката кога Гугл го смени компјутерскиот код за да го измами веб-пребарувачот Сафари на ајфоните за да може да добие пристап до приватните информации на корисниците, кои се, инаку, заштитени. Кога Волстрит џурнал јавно го повика најголемиот светски пребарувач да одговори на ова, Гугл го онеспособи кодот. За оваа петчасовна екскурзија во приватноста на корисниците на ајфони Гугл заработи казна од 22,5 милиони долари.
Сами по себе прекршоците што ги прави Силиконската долина изгледаат како детски палавштини. Некои се можеби последица на сосема легитимните превиди на инженерите кои се толку многу задлабочени во пишувањето кодови што не се свесни какви се социјалните импликации што ги предизвикуваат. Како и да е, кога ќе се собере се на куп, се чини дека пречесто користеле кратки патчиња за да ја зголемат вредноста и профитабилноста на личните информации со кои тргуваат - што, всушност, претставува основна дејност на многу интернет компании.
Добриот стар капитализам
Вашингтон конечно почна да сфаќа дека на Силиконската долина не може целосно да и се верува. Затоа во февруари годинава администрацијата на Обама го донесе Законот за приватност на потрошувачите и вети дека ќе го убеди Конгресот да интервенира во спроведувањето на овој закон. И, два дена по најавата, чудо невидено. Сосема случајно Гугл ја именува бивата сенаторка Сузан Молинари да ја води нивната канцеларија во Вашингтон. Нема ништо малициозно во фактот дека компаниите изнајмуваат лобисти за да им ги заштитат бизнисите и, ако е можно, да ги разводнат новите правила.
Моделот на Мардок
Еден од начините на којшто сопствениците и основачите на компаниите од Силиконската долина досега се обидуваа да го одржат свето водство е наметнување исклучително голема контрола на акционерите. Поучени од примерите на Гугл и Зинга, раководителите на најголемите светски социјални мрежи ќе ги поделат инвеститорите, просто речено, на граѓани од прв и втор ред. Така акциите на Цукемберг ќе бидат дестпати повредни од оние кои се продаваат јавно.
Исто така, многу капиталисти и милијардери, кои на ваков или таков начин инвестирале во Фејсбук ќе остават голема добивка. На таа листа е и Марк Пинкус, основачот на Зинга. Како замена тој меѓу првите ќе му го даде својот глас во Управниот одбор на Цукенберг. Така Цукемберг во свои раце ќе акумулира 57 отсто акционерски гласови во Фејсбук, а парадоксално, поседува само петина од акциите.
И токму таа нечесност на корпоративниот менаџмент ќе доведе до судир на интересите на основачите и останатите акционери, како што веќе се случи во Њуз корпорејшн на Мардок.
Меѓутоа, таквата состојба ќе значи дека Силиконската долина преминала на мрачната страна. И тоа само за нејзините водечки компании, најмоќни и во светот, да играат по капиталистичките профитни правила кои владеат во корпоративната Америка.
Возвишените зборови се добри за мотивирање на вработените или за поттикнување на продажбата, но можат да послужат и како параван за криење на вистинските мотиви кои се косат со интересите на потрошувачите или оптешството. Потребно е повеќе од елегантни ветувања за јакнењето на Силиконската долина да биде добро за целиот свет.
Обама си дозволи да прави пали-гаси на интернетот
Американскиот претседател издаде одредба со која во случај на нужда, ќе може да изгаси која било комуникациска мрежа, па и интернетот. Во одредбата има точка во којашто се вели дека американската влада мора да има своја посебно осигурана комуникациска мрежа и да може да прави што сака со јавните мрежи, па и да ги изгаси ако треба.
Прашањето што се поставува е секако злоупотребата. Ако некоја влада сака да држи извесна информација понастрана од јавноста, под изговор дека се работи за криза, може да го изгаси интернетот.