Со традиционален симболичен марш по улиците на Скопје денеска Македонија по четврти пат се потсети дека е дел од големото светско семејство на борци против ракот на дојка.
Како дел од хепенингот на „Борка“ на градскиот плоштад во Скопје се одржа и концерт во кој учествуваа македонски пејачки имиња меѓу кои Елена Ристеска, Биба Додева, Амон Мра, Ај Кју, Кристина Арнаудова, Маја Гроздановска Панчева и други.
Граѓаните донираа купувајќи розови производи и беа дел од големата розова прошетка.
Накратко на плоштадот облечена во розова маичка од здружението присуствуваше министерката Гордана Јанкулоска. Исто така поддршка даде и сопругата на претседателот Ѓорге Иванов, Маја Иванова.
Извор: „Борка“ чекори против рак на дојката