логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 katedrala_moskva


Во почетокот на 80-тите години на минатиот век, проф. Владимир Мошин, византолог, славист и светски признат специјалист по археографија, доаѓа до едно од најзначајните откритија во македонската и во светската археографија – успева аргументирано да докаже дека Новгороските (Kупријанови) листови претставуваат остаток од македонски ракописен кодекс испратен од цар Самуил во Русија во времето на нивното покрстување, и дека овој македонски ракопис послужил како предлошка за пишување на најстариот руски ракопис – Остромировото евангелие од 1056-1057 година. Според академик проф. д-р Ѓорги Поп-Атанасов, правејќи опсежна анализа на текстот, палеографските особености, ортографијата, јазикот, надредните знаци, екфонетската нотација и друго, како на Новгороските листови така и на Остромировото евенгелие, академик Мошин дошол до сознание дека протограф на Остромировото евaнгелие е македонски кодекс, чиј остаток се Новгороските, односно Kупријанови листови. Притоа, имајќи предвид и некои историски околности, како и улогата на Самуиловата држава при покрстувањето на Русите, формирањето на руската црква и ширењето на словенската писменост во Kиевска Русија, проф. Мошин со несоборливи аргументи доаѓа дека Новгороските листови фактички се остаток од македонски евангелски кодекс од ризницата на цар Самуил, кој во времето на покрстувањето на Русите како подарок бил испратен од Охрид во Русија, заедно со други ракописи, потребни за нормално извршување на православното словенско богослужение. Овие свои научни сознанија, проф. Мошин ги изнел во реферат за Новгороските листови како остаток од царското евангелие испратено од Охрид во Русија во 991 година. Значи, цар Самуил тоа царско евангелие за покрстувањето на Русите го испратил пет години по преземањето на власта, кога станал единствен владетел на најголемата ранофеудална државна творба на Балканот.

Во Државниот архив се чува ексклузивна студија за корекции во датирањето на старите ракописни книги

Сензационалното откритие на проф. Мошин во осумдесеттите години на минатиот век, предизвика голем интерес во странските славистички кругови, особено во Русија, па тој беше поканет од руските слависти да одржи серија предавања за ова свое откритие пред повеќе руски научни институции. Академик Мошин, и покрај возраста, во тоа време имал приближно деведесет години, заминал за Русија одржувајќи предавања во Славистичкиот институт во Москва, во библиотеката „Салтиков-Шчедрин“ и во Институтот за руска литература при Академијата на науките во Ленинград, но и во други институции. Притоа, според проф. Ѓорги Поп-Атанасов, сознанието дека Новгороските листови се постари за околу 65 години од најстариот датиран руски ракопис, Остромировото евенгелие – како и откривањето на повеќе епиграфски споменици од 9 и 10 век – му дадоа на проф. Мошин основа да размислува за корекција на палеографско-ортографските критериуми при датирањето на најстарите јужнословенски ракописи. Во Државниот архив на Македонија се чува негова обемна студија од околу 100 машинописни страници од кои досега се објавени само мали, незначителни делови. Во таа студија проф. Мошин аргументирано докажува дека најстарите јужнословенски ракописи фактички не настанале во 11 век, како што традиционално се сметаше во палеославистиката, туку во разни временски сегменти на десеттиот век. Станува збор за следниве десет најстари јужнословенски ракописи: Новгороските листови, Савината книга, Супрасалскиот зборник, Хилендарските листови, Листовите на Ундолски, Енинскиот апостол, Слуцкиот псалтир, Ресенскиот палимпсест, Зографските листови и Македонскиот кирилски лист. Овие ракописи, според Мошин, спаѓаат во таканаречениот „архаичен период на јужнословенската писменост“, а за нив тој зборува на повеќе меѓународни симпозиуми. Притоа, значајно е тоа што речиси сите најстари јужнословенски ракописи фактички се од македонско потекло. Според академик Мошин, само Савината книга и Енинскиот апостол може да се определат како ’јужнословенски ракописи од бугарско потекло‘, додека Супрасалскиот ракопис „очигледно минал низ Симеоновата преславска редакција на богослужбени книги, но од друга страна во правописот има јасни македонски особености, кои покажуваат дека сегашниот ракопис всушност е препис со Симеонова редакција, но на македонски терен“.

Самуиловите ракописни книги од Охрид во Русија стигнале во 991 година

Според истражувањето на академик Владимир Мошин, објавено во белградското списание „Археографски прилози“ во 1983 година, Новгороските листови, кои, всушност, се фрагменти од евангелски читања од шестата и седмата (страсна) седмица на Големите пости, во средината на 19 век му припаѓале на рускиот археолог Ј.K.Kипријанов од кого во 1865 година ги откупила Руската публична библиотека во Санкт Петербург. По името на сопственикот листовите биле наречени Kупријанови листови. Сепак, според каталогот на словенски пергаментни ракописи во библиотеката, овој споменик на културата се води под името Kупријанови или Новгороски листови. Станува збор за два листа (четири страници) со текст напишан во две колони со по дваесет реда. Во својата студија, во продолжение, меѓу другото, академик Мошин категорично тврди дека „истражувањата на епиграфската граѓа во Самуиловата Македонија доведоа до нови знаења за типот на епиграфско и деловно калиграфско писмо, кои без сомнение покажаа дека основите на руската писменост се втемелени врз влијанието на ракописите кои Русија во времето на светиот Владимир, за време на формирањето на својата христијанска црква, ги добила од Самуилова Македонија“. Во својата студија од 70-ина страници, академик Мошин, Русин, интелектуалец кој побегнал од својата татковина по Октомвриската револуција, детаљно ги анализира сите аспекти на листовите, докажувајќи врз основа на конкретни примери дека најстарата руска ракописна книга, Остромировото евангелие, всушност е препис од ракописните книги кои Самуил ги испратил во Русија за да се покрсти, односно христијанизира рускиот народ:

„Новгороските листови, како македонски ракопис со писмо и правопис од десетти век, се остаток од оригинален македонски царски евангелски кодекс, кој во врска со покрстувањето и воспоставувањето словенско богослужење во Русија, заедно со други македонски црковни ракописи, бил испратен во Русија и стигнал во Новгород, каде што подоцна, во 1056-57 година, ѓаконот Григориј и неговиот соработник го користеле како модел за изработка на Остромировото евангелие. Во меѓувреме, по испраќањето на ракописните книги од Охрид во 991, извршено е покрстување на рускиот кнез Владимир и народот, со што рускиот народ бил вклучен во семејството на христијански народи. Самиот Владимир бил покрстен во Kорсуњ од словенски епископи и свештеници, меѓу кои во руските летописи се спомнуваат свештеникот Атанас, кој подоцна станал ’протопоп‘ на најголемата Kиевска соборна црква, и Јоаким, кој во времето кога пристигнува Самуиловиот подарок од Охрид бил Новгороски епископ, па веројатно преку него бил воспоставен контакт со Самуил. Притоа, заканата на Владимир за поход на Цариград, предизвикале голема вознемиреност во престолнината на Византија, особено во врска со преговорите на Владимир со Самуил. За да се спречи зближување со Самуил, со специјална мисија кај него била испратена византиската принцезата Ана, заедно со великодостојници и презвитери, па, откако Владимир бил крстен од Kорсуњскиот епископ, бил извршен и обредот на венчавање, по што Владимир со Ана и свештениците се вратил во Kиев а Kорсуњ им го предал на Византијците. Се разбира сето тоа било направено за да се спречат преговорите со Самуил, особено во врска со организацијата на Руската митрополија со богослужење на словенски јазик.“

Според проф. Владимир Мошин, подарокот од царски ракописни книги од Охрид во Kиев ги донел првиот новгороски епископ, Јоаким. Во Kиев во тоа време постоела само мала христијанска општина и црква „Свети Илија“, каде што се развивала каква-таква „словенска писменост под влијание на бугарски и македонски мисионери од државата на Симеон Велики и цар Петар“. Во студијата се констатира дека Јоаким во Kиев донел „голем број калиграфски ракописи од Самуиловиот охридски подарок“, кои послужиле како „предлошка за создавање извонредна школа на руски калиграфи и илуминатори“ на чело со ѓакон Григориј и соработникот, творци на Остромировото евангелие, најстарата руска ракописна книга: „Токму Остромировото евангелие од една страна ја документира извонредната калиграфска вештина на руското уставно писмо, формирано врз основа на калиграфските македонски ракописи од последната четвртина на десеттиот век, а од друга страна ја потврдува и големата уметничка вештина во копирањето на јужно-словенската минијатура, како и извонредната слобода во инвенцијата, фантазијата и композицијата на иницијалите. А дека во основа на сето тоа е македонското писмо и македонскиот јазик, потврдил, меѓу другите, и М.Н. Сперански уште во 1929 година, констатирајќи дека ’основата на најстарата руска кирилска ракописна книга е настаната врз ракопис од македонското поднебје‘, односно ’има очигледни сличности со охридските текстови, Охридскиот апостол и Болоњскиот псалтир‘. Притоа, ѓакон Григориј и неговиот соработник, „свеснo и совесно работеле на пренесување на македонскиот текст во руска рецензија, почитувајќи ја старословенската традиција на јусови, од една страна, но однесувајќи се внимателно, од друга страна, и спрема тогашното руско чувствување на ’еровите‘ и другите фонетски појави, но со поинаков степен на граматичко чувство и преведувачка вештина, што се гледало во поголемата сличност на текстовите на ѓакон Григорие кон рецитирањето на текстот и во поголемата зависност на неговиот соработник кон правописот на оригиналот.“ Според Мошин, со духовното ’враќање‘ на Новгороските листови од Русија во Македонија, и поместувањето на нивното настанување од 11 во 10-ти век, неизбежно е да се ревидираат и глаголските и кирилските ракописи од најстари времиња: Асеменовото евангелие, Зографскиот, Маринскиот, Синајскиот псалтир и молитвеник, Супрасалскиот ракопис и Савината книга, како од аспект на хронологијата така и од аспект на прецизирање на јазичката, односно нивната дијалектна провиниенција. Според него, сето тоа ќе мора да се базира врз констатацијата дека Новогороските листови се остаток од македонско Самуилово евангелие, кое послужило како оригинален текст, како предлошка за Остромировото евангелие. Притоа, воопшто не треба да се става под сомнение фактот дека Русите биле покрстени со книги што им ги пратил цар Самуил!

Во Новгороските листови

Дел од текстот е пишуван со злато како во византиските царски ракописи

Новгороските ливчиња, кои денес се чуваат во Народната библиотека во Санкт Петербург, порано му припаѓале на археологот Ј.K. Kупријанов, па затоа се познати и како Kупријанови листови. Овие листови се пишувани со прекрасно, крупно уставно кирилско писмо, во две колони по 20 реда во секоја. Двата зачувани иницијали ’В‘ и ’Р‘ имаат траги од сина, зелена и бела боја и остатоци од злато. Kратките наслови со податоци за деновите кога се чита текстот се пишувани со злато како во најстарите византиски царски ракописи. Големите маргини го изделуваат овој македонски ракопис од другите стари ракописи а пергаментот е со најдобар квалитет. Сето тоа ја надополнува сликата за скап и раскошен ракопис. Според Владимир Мошин, станува збор за остаток од Самуиловото царско евангелие кое во 1056-57 година послужило како предлошка за руското Остромирово евангелие, односно за покрстување на Русите. Оваа своја теза проф. Мошин ја поткрепува и со фактот дека единствено во овие два словенски ракописи, во Самуиловото македонско евангелие и во руското Остромирово евангелие, препишано од него, текстот е проследен со екфонетски знаци кои служеле за експресивно читање на Светото писмо, прикажувајќи го колебањето на тоновите во развојот на мелодијата.

 Извор: https://infomax.mk/wp/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D1%80%D1%83%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%80%D1%83%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B5-%D0%BF/



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 12, 2025
Default Image

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на Комисијата за доделување на годишната награда „Ладислав Баришиќ“, која оваа година ѝ се доделува на д-р Иванка Апостолова Баскар за истражувачкиот проект„Вознемирен…
Септември 23, 2025
TviTER929

Anita Gibson- ,,Во вашата рака држите дел од Израел“

Но денес, со откритијата за Унит 8200 и неговите луѓе распослани во Google, Microsoft, Facebook, TikTok, па дури и во VPN сервисите, станува јасно: тоа не беше фалење. Тоа беше признание.Телефоните, апликациите и „безбедносните алатки“ што секојдневно ги…

Денес, кога болката е наша

Јул 20, 2025 Ставови 1136
TviTER777
Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше…

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Апр 17, 2025 Музика 1805
Festival.Simeon
Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 2114
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 2179
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

Беседи

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

02/05/2026 - сабота

Преподобен Јован Ветхопешчерник; Светите маченици Христофор, Теона и Антонин; Свети Трифун патријарх Цариградски; Преподобниот маченик Агатангел; Преподобен Симеон Босиот; Блажена Матрона Московска ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная