логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



9 јуни 2011

Вјесник - Загреб

Во последните десет години храната постојано се оцрнува со разни кампањи, храната ни е најлош непријател, всушност сакаат да не убедат дека не ни треба храна. Во кој момент храната ни стана смртен непријател?

Некогашната насушна потреба денес е нешто што во голема мера треба да го заобиколиме, да не го допираме со голи раце, а не пак да го конзумираме. Тука е случајот со месото - да се сетиме на илјадници кокошки и свињи кои платија со глава за разни „птичји“ и „свински“ грипови, како и многу „луди“ крави, кои наместо во чинии завршуваа на ѓубриште. Така поради зарази и наводно супер опасни болести, од кои во цел свет всушност настрадаа незначителен број луѓе (неколку пати повеќе загинуваат во сообраќајки), пред неколку години останавме без задоволството да јадеме пилешки копани или да уживаме во меки телешки шницли. Од своите кујни, слушајќи ги научниците и епидемиолозите и сите останати попаметни од нас просечните конзументи на храна, барем на некое време ги отстранивме шницлите, шунката, ребрата... јадењето на овие намирници беше речиси рамно на самоубиство. Значи, месото не е добро. Не е здраво, не смее да се јаде, животните кои се одгледуваат поради месо и човечка исхрана (тука не треба да се исклучат школките и рибите) се полни со отров, антибиотици, разни други лекови, бактерии, вируси и се што никако не смееме да го јадеме. Добро, тоа значи дека месото не се јаде.

Значи ни останува зеленчукот. Зеленчукот е здравје, велат нутриционистите, нема масти кои дебелеат, нема холестерот, не доведува до згрутчување на крвните садови, нема инфаркт, срцето работи беспрекорно, организмот ужива, живееме долго и квалитетно. А и така мајките како деца не тераа да јадеме моркови (за вид), спанаќ (силен како Попај), па зелка (полна е со витамин Ц и штити од болести), така што требаше само да се вратиме малку наназад и повторно да почнеме да јадеме многу зеленчук. А и тоа е модерно: вегетаријанците се ин, месојадците се аут, уште од доцните 70-ти години на минатиот век.

Значи, да јадеме зеленчук: здрави сме, немаме проблеми со килограмите, како тие месојадци кои се прејадуваат со јагнешко и колбаси и секако, ние сме тренди. И потоа се се урна како кула од карти кога се објави дека краставиците (па зарем краставиците) и тоа од Шпанија, во себе носат смртоносна бактерија ешерихија коли. До сега од заразата починаа повеќе од 20 лица, главно во Германија, кои јаделе нешто опасно, а всушност се уште не се знае што воопшто јаделе.

Но зеленчукот е прв на пописот на осомничените. Љубителите на зеленчук не можеа да поверуваат дека нивната дотогаш невина и здрава храна може да биде толку опасна. Не, дури зборуваа, сигурно е виновно месото, секогаш е виновно месото. Но, во овој случај, месото барем за сега, не е виновно, а сомнежот за краставиците сега се префрли речиси врз цел зеленчук. Опасна е зелената салата, зелката и така здравиот морков и доматите, а бактериите во овој случај во гравот, се на врв на пописот на овој отровен зеленчук.

Трговците на пазарите кубат коси, никој не купува од нивните производи, стоката пропаѓа, а тие останатите повторно се враќаат на своите заборавени месари, за да купат добро парче свинско или јунешко за ручек.

Но прашањето е дали по оваа градинарско-отровна паника, храната некогаш ќе ни стане пријател, нешто што со задоволство го конзумираме, без страв дека ќе паднеме затруени во болничка постела. Во последните десет години храната е оцрнувана со разни кампањи, храната ни е најлош непријател, всушност сакаат да не убедат дека не ни треба храна. Всушност никој од таа плејада на одлични научници кои се занимаваат со човечките прехранбени навики и кои се полни со совети што да се јаде, а што не, се уште јасно не изјавил како ќе живееме ако не конзумираме никаква храна, па макар тоа бил и зеленчукот. Можеби со волшебни апчиња кои ќе бидат супер стерилни и супер чисти од сите лоши состојки и кои ќе не држат сити со часови? Можеби, но во некое друго време. вз/ац/12:01-МИА

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…
Ноември 01, 2025
SimeonStefkovski.LJubanci

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост, гнев, страв, завист, омраза, гордост, лажење и алчност. Тоа се чувства заради кои боледуваат – и духот, и душата, и телото – а нивниот крај секогаш е тажен, истоштувачки и…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2749
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 2885
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1566
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

И покрај својата огромна големина, слоновите се плашат да не направат штета

Окт 01, 2025 Друго од култура 1736
TviTER968
Кога слон треба да се превезе со авион од една земја во друга – неговата кафезна кутија е…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

« »

Најново од култура

Православен календар

 

21/07/2026 - вторник

+Светиот великомаченик Прокопиј; Свети Прокопиј Јуродив; Преподобен Теофил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2026

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2026

Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога,

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная