логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


„Речник на човековата  душа“ e заеднички наслов на новиот  серијал колумни на Венко  Андоновски, што премиерно ги објавува  „Нова Македонија“. Во нив  Андоновски пишува за загубените вредности во лавиринтот на современото живеење

 

Она што најмногу навредува во целата оваа фарса за името, е бедниот материјализам на УЦЕНАТА: ако сакате да јадете, ако сакате во ЕУ и во НАТО, прекрстете се. А веќе и врапците знаат дека ни ЕУ ни НАТО не се никакви гаранти за полни амбари

Ова не е колумна. Ова се белешки околу „проблемот со името“, уште една подметната флоскула, која, како и секоја флоскула, означува нешто што реално не постои, туку е илузија произведена во мас-медиумите и глобалната политика. Прифатена од нас здраво за готово, без проверка.
Најпрвин: за кого постои „проблемот со името“? За нас, се разбира, не. Ние немаме проблем со името и знаеме како се викаме и ние, и нашата заедничка татковина, и нашиот јазик. Македонци, Македонија, македонски јазик. Кој има проблем со тоа? Не верувам дека освен Грција и екстремните албански шовинисти, некој друг би имал проблем со тоа име (Кина, Русија, Индија, арапските земји, Мексико, Венецуела, Гватемала, Египет). И се разбира, некои светски ментори на Грција, и тоа исто така поради вешто создадената НОВОГРЧКА илузија дека денешните Грци се продолжувачи (а не само прости географски наследници) на античката елинска култура: на Софокле, Аристотел и на „грчките митови“. Патем, тие митови и не се „грчки“, иако така се именуваат дури и во изданијата на Роберт Грејвс. Зошто не се именуваат барем како СТАРОгрчки, или антички, или елински? Зошто тоа не е „проблем со името“? Значи, проблем со нашето име имаат Грција и некои моќни пријатели на Грција, доста далеку во географска смисла од нас, но доста блиску до нас според други параметри - економскиот и воено-политичкиот интерес. Така што, треба да се дехипнотизираме од таа илузија - дека постои „проблем со името“, зашто тој проблем не е проблем со именувањето, туку проблем со - стекнување материјална корист и политичка доминација. Не станува збор за семиотика, туку за економија и моќ.

Второ од што треба да се ослободиме е - чувството на вина за настанатиот „проблем“. Многу лесно се согласивме дека има проблем, уште полесно дека ние сме виновни за него. Во основа, она што таа пропагандна машинерија создадена за промена на името го прави, е постапка карактеристична за секој психопат - ќе ве убеди во вистинитоста на првата своја хипотеза (на пример, дека вие сте виновен и дека имате проблем), така што хипотезата, со вашето согласување да ја прифатите како вистинита, ќе се претвори во ТЕЗА. Од тој момент натаму сте „готов“, во канџите на психопатот, кој секогаш ќе биде чекор напред во битката со вас, а вие ќе каскате зад него. Ние од осамостојувањето наваму упорно наседнуваме на тој трик - се согласивме да бидеме виновни за името, се согласивме дека тоа е „проблем“, и сега не ни останува ништо друго освен да го „решаваме“ проблемот, така што други ќе ни сугерираат решенија. Тие сугестии, меѓутоа, ќе имаат сила на облигација, зашто ние сме ПРИЗНАЛЕ дека сме виновници, па ете, и први сме заинтересирани за „изнаоѓање решение“.

Здравата логика учи сосема спротивно: проблем ќе беше ако веќе постоеше некоја ДРЖАВА со име „Македонија“; вака, станува збор само за провинција во рамките на друга држава, која се вика Грција. Ако сакаат Грците навистина да направат проблем со нашето име, треба на таа своја провинција да ѝ дадат уште утре статус на држава; е тогаш, ако постои таа Македонија како држава, ние не ќе можеме да се викаме така. Но, зошто Грците не го направат тоа? Просто е: треба да „заборават“ дека во таа нивна провинција има многу Македонци. Или имало, ама ги изгониле во еден од големите егзодуси на историјата. Ќе треба да си го разбијат историскиот мамурлак, ама не им се трезни. Трезнењето е соочување со стварноста.
Втор апсурд што докажува дека „проблемот со името“ е вешто и долго подготвувана белосветска илузија, во врвни глобализирачки кабинети е оној целосно глупав обид да се раскине магнетното поле и да се издвои една страна на светот од нејзината спротивност. Имено, да се претстави дека постои север, ама не и југ, иако се знае дека без „југ“ не може да се дефинира „север“, затоа што бинарните спротивности инверзно се дефинираат. Мислам на онаа (стара) шпекулација дека би можеле да се викаме „северна Македонија“. Секое дете од планетава, кога ќе ја гледа новата светска карта, ќе праша: „А каде е јужна Македонија, учителке?“. Учителката не ќе може да му одговори точно, ако не ја знае историјата со онаа Македонија што повторно, во рулетот на големите светски сили, остана во денешна Грција како последица од 1913 година и Букурешкиот мировен договор. Логично објаснение ќе нема, зашто како тоа - постојат Северна и Јужна Кореја, постојат Северна и Јужна Америка, постојат Северен и Јужен Пол, постои северна и јужна хемисфера, а постои само „северна Македонија“, без јужна? Со тоа, токму Грците и нивните белокоси западни ментори оставаат простор детето, откако ќе просурфа по Интернет, да забележи дека има и една Македонија што е провинција во Грција, па да му падне на ум дека во некоја историска „бајка“ од 1913 година, исто како и во другите бајки, постоеле ненаситни чудовишта што голтале не само баби и црвенкапи, туку и цели држави и народи. Настрана што, ако се усвои како термин „северна Македонија“, не ќе може веќе да се пеат многу песни за Македонија како јужна земја; на памет ми паѓа во овој момент само легендарната, на Дадо Топиќ: „Тамо гдје сунце вечно сја, тамо је Македонија“. Нема вечно сонце во северни земји, најмалку во таквата замислена нордиска Македонија.

Конечно, има(ше) и една сосема будалеста идеја да се викаме „нова Македонија“. Тоа е неприфатливо не само затоа што тогаш би можеле да нè викаат и република колибри (поради популарниот додаток на дневниот и најстар наш весник - „Нова Македонија“), туку затоа што за „нова Македонија“ беше сметана онаа од 1945 година. Сега би требало, за да се задоволи логиката, да се викаме „најнова Македонија“; онаа првата беше социјалистичка (и наводно недемократска), а оваа е капиталистичка (и наводно демократска). Со тоа, на еден ироничен начин би се потврдиле мечтателските тези на македонските национал-романтичари дека создавањето македонска држава не е ИСТОРИСКИ, туку ТРАНСИСТОРИСКИ процес, библиски проект без крај, како и космосот. Зашто, ако по „нова“ постои „најнова“ Македонија, тогаш и таа, како привремена состојба на трансисториска Македонија брзо ќе „застари“, па треба да се мисли уште отсега за идните нејзини идентитети.
Можеби сето ова звучи како шега, ама логички произлегува едно од друго. Како и да е, она што најмногу навредува во целата оваа фарса со името, е бедниот материјализам на УЦЕНАТА: ако сакате да јадете, ако сакате во ЕУ и во НАТО, прекрстете се. А веќе и врапците знаат дека ни ЕУ ни НАТО не се никакви гаранти за полни амбари. Па сепак, тоа ни се става како (повторно лажен) влог за името. Нè сметаат само за гладни усти со празни црпки, и тоа најмногу навредува.

Не знам што ќе се случи, ниту некој ме прашува што мислам дека треба да се случи, ама знам за две последици од евентуалното прекрстување. Едната е лоша, другата добра. Ајде, прво лошата: со кој образ ќе излеземе пред студентите по (ново)македонистика да им ја предаваме „Македонска крвава свадба“ на Чернодрински (почетокот на македонскиот театар), и да им укажеме дека Цвета ХЕРОЈСКИ одбила да се потурчи и да си го смени името? Значи, ќе го бришеме и Војдана. А добрата вест е: ако нè преименуваат на сила, тоа треба да го сфатиме во духот на Елините (повторувам, уште една западна илузија е дека некогаш воопшто постоеле хомогени „стари Грци“, освен ако не мислиме на денешните Грци по геријатриските домови). Во духот на оној врвен етички идеал на возвишеното, за кој пишува славниот Милош Н. Ѓуриќ во своите книги „Историја хеленске књижевности“ и „Историја хеленске етике“ - дека именувањето на светот било - божја работа. Боговите први им дале имиња на нештата. Тоа се вика ОНОМАТУРГИЈА. Дали денешниве белосветски богови, кои преименуваат воопшто знаат да зборуваат и да мислат - е друга работа. Во секој случај, умните Елини одамна се сомневале дека дури и боговите погрешиле во именувањето, па на некои нешта им дале погрешни имиња. Легендарен е примерот од дијалогот „Кратил“ каде што се прашува зошто во зборот за тврдо, „склеротес“, покрај тврдите гласови („т“ и „к“) боговите ставиле и еден многу мек („л“). Европската романтика, надоврзувајќи се на Елините, тврди дека на луѓето им останува ПОЕЗИЈАТА како коректив на тие божји грешки. Таа ги именува нештата вистински, тврдеа романтичарските поети, мислејќи и на метафората, која иако изгледа како „погрешно име“ за нештото („горам“ наместо „љубам“), всушност ја изразува неговата суштина.

Со други зборови, ќе си свиркаме, пееме и ќе си рецитираме поезија, ќе ја исправаме неправдата, и повторно ќе си останеме јужна, поетска земја. Главна метафора ќе ни биде „срам“. Ќе се употребува како второ име за „ценкања околу името“.

 

Извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B5%D0%BA%D0%B0-%D0%BD%D1%90-%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0-%D0%B8%D0%BC-%D0%B4%D0%BE%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BC%D0%B5&id=efc4de1b-3e81-457f-ad94-2e37c0ca269f



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 928
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2470
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

23/04/2025 - среда

Св. маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив; Св. шест илјади маченици во Грузија;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски  24 април/11 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 24 април/11 април 2025

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 23 април/10 април  2025

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 23 април/10 април 2025

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная