логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Св. Пантелејмон“ има фантастичен фрескоживопис кој се смета за предвесник на ренесансата. Таа треба да биде причина да се посети Горно Нерези, а не последица, велат историчари на уметност

Додека новоизграденото „Македонско етно село“ кај скопско Горно Нерези викендов вриеше од посетители, црквата „Св. Пантелејмон“ од 12 век, еден од највредните средновековни споменици на културата во земјава беше скоро празна. Освен по некој љубопитен посетител, кој веќе е информиран дека вистинскиот бисер на падината на Водно всушност се наоѓа десетина метри под новоизградениот комплекс, манастирската целина не беше епицентарот на вниманието на туристите. - Празно, некако запустено - е коментарот на скопјанката С.Ј. која викендов со минибус ги посетила двата комплекса.

Мината недела министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ја промовираше малата етнолошка поставка, изложена во една од 12. автентични новоизградени куќи во „Македонско етно село“. Поставката е еден вид на депанданс на Музејот на Македонија, чии етнолози ја подготвија специјално за новоизградениот комлекс. За жал, за време на презентацијата никој не спомна дека веднаш под „Македонското етно село“ се наоѓа манастирскиот комплекс и црквата изградена во 1.164 година која е влезена во сите светски енциклопедии поради нејзината архитектура и фрескоживописот.

„Празна, запуштена“

На прашањето дали некој од етно-селото им посочил дека веднаш под патот се наоѓа уште еден комплес со исклучително вреден споменик на културата, С.Ј. вели:

- Не. Сама влегов да ја видам бидејќи ми е една од омилените цркви. Беше отворена, слободно влегов. Отстранет е ресторанот каде во минатото се правеа свадбени и други веселби. Има клупи и се гледа панорамата на Скопје. Просторот е преубав, но некако празен, запуштен. Додека бев внатре единствено влезе италијанскиот амбасадор со уште неколку луѓе, кои исто така ја посетија црквата. Добив впечаток дека новоизградените објекти сосема ја фрлаат во сенка црквата - раскажува С.Ј.

Историчари на уметност велат дека не смее да се дозволи црквата „Св. Пантелјмон“ да стане „придружен настан“ на новоизградениот комплекс.

- Црквата е изградена за време на владеењето на династијата Комнени. Таа е многу значаен споменик на културата. Има фантастичен фрескоживопис кој се смета за предвесник на ренесансата. Таа треба да биде причина да се посети Горно Нерези, а не последица. Ако „Македонското етно село“ е изградено за да се развива културниот туризам, во комплексот на секаков начин да се истакне дека вистинскиот бисер е „Св. Пантелјемон“. Секој посетител што ќе го посети селото, мора да ја види и црквата. Тоа е вистинскиот културен туризам - вели М.М. историчар на уметност.

Новоизграден комплекс, со 12 објекти

„Македонското етно село“ се протега на 15.000 квадратни метри, а на таа површина се изградени 12 објекти. Секој од нив е во духот на специфичната македонска архитектура од одреден крај. Македоснки ан, Беровска куќа, Етно бар, Прилепска куќа, Грнчарска работилница... Директорот на комплексот, Павле Камилоски објаснува дека интереот на туристите е огромен.

- За еден месец не посетија меѓу 15.000 и 20.000 гости. Тие се се одушевени од комплексот, од архитектурата, храната што се послужува - вели Камилоски.

Тој појасни дека во комплексот има и три трематски ресторани - традиционален, интернационален и паб. Во традиционалниот се служи македонска храна, во интернационалниот нудат храна која ја нема во скопските ресторани, менито е поексклузивно и полуксузно. Во пабот, пак, има „фингер фуд“, пилешки прсти, крилца.

 

Нова етнолошка музејска поставка Како дел од понудата која треба да привлече повеќе туристи е и новата етнолошка поставка во музејот. Има 150 етнолошки предмети - носии, накит, занаетчиски техники - филигран, седеф, некои специфични дејности за нашето поднебје. Поставката е дополнета со фотографии, а на мали екрани постојано се емитуваат видео-материјали, кои се врзани за стопанство, етно музика, Галичка свадба, обичаи, обреди, ткаење, плетење. Сите експонати се од Музејот на Македонија и од Кинотеката на Македонија.

Министерката Канческа-Милевска вели дека сите традиционални занаети ги отсликуваат македонските обичаи во различни предели во земјава.

- Во музејот има уникатни предмети - голем број на македонски носии од крајот на 19 и почетокот на 20 век од различни предели, накит. Во корниот дел, на катот има прекрасен простор за различни настани, конференции, семинари, промоции. Ова е одличен проект кој се стави во функција да се промовира нашето богато културно наследство, етнографијата, обичаите и традицијата, сето она што ја отсликува нашата земја како држава со богато културно наследство и мултикултурализам кој го сметам за големо богатство - вели таа. Музејот работи од 10 до 18 часот, но се планира да се продолжи работното време до 22 чласот, бидејќи во овој периот посетеноста е најголема, особено по 19 часот, поради летните горештини.

 

Извор:

http://www.fakulteti.mk/news/16-07-26/crkvata_sv_pantelejmon_od_12_vek_sosema_potisnata_od_makedonskoto_etno_selo_od_21_vek.aspx



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2157
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2673
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

30/01/2025 - четврток

+Преподобен Антониј Велики; Светиот цар Теодосиј Велики; Светиот маченик Георгиј Нов Јанински;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная