логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Влатко Ѓорчев

Се наоѓаме на крстопат. Животот е секојдневно донесување одлуки. Секој ден носиме одлуки за облеката, јадењето и телевизискиот канал, кој ќе го гледаме. Но, како општество и како народ, носиме уште поважни одлуки за тоа какви сме и какви ќе бидеме. Подобри или полоши. Посилни или послаби. Во правилна или во погрешна насока. Правецот што го има нашата младина, или значаен дел од неа, не е исправниот. „Развојот“ и случувањата околу голем дел на нашата младина е причина за аларм. Проблем е ако секој викенд на нашите улици има десетици пијани млади луѓе. Проблем е ако секој година децата се порано почнуваат да пијат. Проблем е што се ретки тие што се срамат да направат отворена глупост. Погрешното станува норма и општоприфатено, а исправното станува исклучок и причина за потсмев. Проблем е ако илјадници млади се „начукуваат“ двапати седмично, а пијат 3 - 4 пати неделно. Проблем е ако преку ден пијат по две пива, а навечер нарачуваат три вотки и два коњаци. Проблем е ако бруцоши пушат по две кутии цигари дневно, заедно со 3 - 4 кафиња. Значи, денот им се сведува на консумирање токсини. Проблем е ако секоја година се зголемува бројот на оправдани и неоправдани изостаноци од нашите средни и основни училишта. Поразително е што нашите педагози го толерираат пушењето на учениците во тоалетите. Некој ќе рече дека некои од овие работи се бенигни. „Младост - лудост“. „Неколку чашки не се проблем“. „Никој не умрел од 2 - 3 цигари“. Така е. Во право се. Можеби се работи за нивна минлива фаза, кај некои млади и привремен период. Нешто што ќе помине. Но, тука зборуваме за трендови. Тенденцијата е ужасна. Секоја година е се полошо. Воопшто не е бенигно. Бесмислата ечи. Ја слушаме пред маалските продавници и во парковите каде стотици млади пијат вино или консумираат марихуана. Тоа веќе не е изолирана појава. Тоа стана доминантно. Дегенерација со акцелерација. Дегенерацијата е облик на општествена неуроза. Факторите се бројни. Општеството. Бесперспективноста. Зафатеноста. Нарушениот систем на вредности. Запоставувањето. Политичарите. Родителите. Невработеноста. Медиумите. Корупцијата. Ниските плати. Системот. Може да се набројува во недоглед. Но, тоа не е причина да се откажеме. „Сите тоа го прават“ не може да биде оправдание. Проблемот е толку голем, што заслужува национална мобилизација. Велат дека за да се реши овој проблем, потребни се суштински промени во општеството и промена на вредностите. Не треба да се продуцира банално - материјална агенда. Се промовира психологијата на апсурдите. Психологија од дегенеративен тип, со резигнација линија. Нашите баби и дедовци живееле во многу потешки услови, но никогаш не се откажувале. Биле упорни, работеле, се жртвувале. Не се плашеле од животот и предизвиците. На младите не треба да им се наметнува како урнек Линдзи Лохан, туку апостолите, спортистите, научниците... Решението е повеќедимензионално. Прво, треба да се понуди алтернатива. Второ, треба да се промовира превенцијата и едукацијата. И, трето, треба да се зголеми репресијата кон дилерите. Ќе го повторам податокот од минатата колумна: во периодот 1990 - 2006 година бројот на корисници на дрога се зголеми од 314 на 8.345. Зголемување од 27 пати. 2.700 проценти. Тоа се регистрираните. Бројот на нерегистрираните е околу 30.000. Како алтернатива, мора да се завршат 35 спортски сали. Исто така, треба да се градат 145 фискултурни сали во нашите училишта, заедно со 100 нови училишта преку јавно-приватното партнерство. Училиштето треба да биде на сите активности на младите - и школските активности, и вонучилишните. Треба до крај да се спроведат стипендиите за студирање ИТ. Третиот час по физичко воспитание треба да биде реалност во сите училишта, затоа што во 1995 година имало 17 проценти деца во училиштата со искривен ‘рбет, а во 2006 година тој процент е 36. Пред девет години бројот на дебели деца бил еден процент, а сега е 20. Значи, зборуваме за околу 15.000 деца. Треба уште многу повеќе да се направи. Во делот на превенцијата и едукацијата, треба да се продолжат кампањите што даваат резултати, а таму каде што треба, треба да се осмислат нови. Мора да ја смениме свеста. Истовремено, веронауката треба да им даде насока и да гради личности со исправен светоглед кај младите. Исто така, треба законски да се интервенира за поголеми затворски казни кај тие што повеќекратно се фатени како продаваат дрога. Место да се оди кон легализација како што предлага Шекеринска, треба се се оди кон поостри закони за тие што продаваат смрт. Ни треба енергија на колективната свест. Кооперативноста е формула да се спасиме. Конкретната акција е нужна, за да се спаси оваа генерација на млади. Мора да се промени трендот. Веќе не смееме да се повлекуваме. Потребен е мегапроект, кој бара општа мобилизација. Се работи за иднината на нашето општество.

Авторот е пратеник

Извор: Време



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1076
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2646
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

07/06/2025 - сабота

+Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител; Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Кипарски; Светите маченици Пасикрат, Валентион, Јулиј и други; (Задушница);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная