Комисијата на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите МНК ИКОМ за доделување на наградата „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ за проекти и активности во доменот на истражувањето, презентацијата и популаризацијата на културното и природното наследство, реализирани во 2012 година, донесе одлуката:
- Наградата Музеј на годината се доделува на ЈУ МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ.
- Наградата Музејски проект на годината се доделува на НУ НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА за проектот „Васил Василев: Скулптура и цртеж (1967-2012).
- Наградата Музејски работник на годината да се додели на Наде Геневска Брачиќ, етнолог, кустос-советник во НУ Завод и музеј Битола.
- Во категоријата надворешен музејски соработник наградата е доделена на Весна Ивановска Илиевска, новинар во весникот Дневник.
- Посебна ПОФАЛНИЦА за извонредни повеќегодишни напори и активности за основање и отворање на ЛУ Градски музеј-Крива Паланка е доделена на директорот Драган Величковски.
Свеченото доделување на наградите на 31.05 2013 (петок), 12:00 часот во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.