Прашање од Агеле:
Одамна сакав да ви кажам дека сум многу радосен за тоа дека сепак постојат луѓе како вас кои се борат за вистинските вредности во животот и да ви се заблагодарам за целата оваа активност што ја правите затоа што барем мене многу ми помогнавте. Би сакал да ве прашам несто во врска со постот. Прочитав дека од светата православна црква е одреден постот да биде без масло цела недела освен во саботите и неделите. Јас почнав да постам без масло но не успеав до крај бидејќи околностите скоро и да не ми го дозволуваа тоа. Знам дека ова не би бил некој изговор за мојата непослушност но дали јадењето што вклучува масло од растително потекло е погресно и дали со таков пост би можел да се причестам? И ве молам ако можете да ми кажете и нешто повеќе околу тоа каде, како и кога можат да се исповедаат гревовите? Дали е тоа по Велигденските пости или?
Благодарам и Господ да е со вас.
Наместо прашање: Почесто ни пристигнуваат прашања во врска со причестувањето, дали, кога и како да се причетуваме, потоа, дали е дозволено во неделите, итн.
Прашање од Анета Н.:
Дали после разводот може да се венчам пошто јас сам разведена. И дали тоа е грев?
Прашање од Бора:
Пред триипол месеци почина мајка ми. Не живеам во местото каде е погребана и неможам постојано да одам на нејзиниот гроб,и покрај тоа што кога би била во близина секој ден би одела барем до годината. Дали има некој начин да јас одовде нешто направам, исто како да сум таму , освен палење свеќа? Благодарам.
Прашање од Калекас:
Почитувани,
Би сакал да добијам појаснување околу судирот на традицијата и оригиналноста во Православието? Ве слушам често кога говорите за најразличните аспекти од православното живеење и колку традицијата е испреплетена во нашиот секојдневен живот. Во очи на големиот христијански празник Божиќ, нашиот народ (особено во северот на земјава)изведува низа традиции, обичаи или ако сакате ритуали, за кои Црквата се изјаснува дека се \"пагански\", и дека треба да ги отфрлиме (алудирам на Бадниковата вечер, огновите итн.), а на истите тие вечери видливо е присуството на локалните свештеници на кои очигледно не им пречи \"паганското\", и даваат благослов.
1. ДАЛИ СО САМОТО ПРИСУСТВО НА ЦРКОВНИТЕ ЛИЦА СЕ ДАВА ЛЕГИТИМИТЕТ НА ВАКВИТЕ НАСТАНИ?
2. ЗОШТО АКО Е ТАКА КАКО ШТО ВЕЛИТЕ, НЕ ГИ БОЈКОТИРАТЕ ВАКВИТЕ ПАГАНСКИ ОБИЧАИ И РЕАГИРАТЕ МАЛКУ ПО РАДИКАЛНО (со неприсуство и поголемо информирање на јавноста од ваша страна)?
3. ПА НЕЛИ И ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ХРИСТИЈАНСТВО ПОЧИВА ВРЗ ТЕМЕЛИТЕ НА ПАГАНСТВОТО, ПА НОРМАЛНО Е ДА АКУМУЛИРА И ГОЛЕМ ДЕЛ ОД НЕГОВИТЕ ОСНОВИ????
4. ДАЛИ ТРЕБА ОВОЈ БАДНИК ДА ГО ПОМИНАМ ВО МААЛО СО СВОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ И КОМШИИ (ако постам не треба да јадам риба, пијам ракија итн.),ИЛИ МОЖАМ ДА ПРИСУСТВУВАМ КАКО \"ГОСТИН\" (која би била мојата улога во тој случај?)?
Се повикувам на изјавите на Отец Игор Калпаковски и Отец Јован Таковски, неодамна дадени на Националната Телевизија (МТВ)како гости.
Се извинувам што бев толку експлицитен и подолг. Ќе ве замолам за еден коментар.
Прашање од Нена: Вас благослов отци,
Ве молам ако може да ми одговорите на следново прашање:Дали во православната практика постои термин духовна мајка? Имено дали можам да се исповедам на жена,монахинја, каков е ставот на Црквата за тоа? Почнав да постам од 2001 г.од Богородичниот пост, до сега само се имам исповедано групно(пред Причеста свештеникот ни каже да повтараме по него и ние сите заедно на глас повтараме молитва) и потоа ни даде Причест.Значи лично до сега немам пристапено на исповед а носам тежина како планина. Пред две год.моја комшивка се замонаши и со таа жена имам многу пријатни искуства , ми даваше книги од животите на некои светци, кога полагав испит една книга ја носев во црквата во која помагаше таа и после четири пати полагање , конечно положив и знам дека нејзините молитви помогнаа ...Сега е во еден манастир , има друго име, но усте поблиска ми е и знам дека нема да ме осуди за теските гревови кои ги стори мојата душа.Сега и покрај тоа што постам , чувствувам тежина околу срцето и нема да пристапам кон Светите леб и вино ,Телото и Крвта на насиот Господ ако не се исповедам некому.А мислам на длабока искрена исповед, лична и тајна, знана само на мене и духовникот.Може ли да добијам одговор до Нова година за да знам како да постапам.Многу сум ви благодарна на вашиот труд што ова го правите и фала на Бога што интернетот служи и за убави работи како оваа што е.
Нека ви помогне нашиот Господ Исус Христос во она што го работите за народот наш македонски
Нена
Прашање од Зоран Пандилоски од Тетово: Зашто на православните верници не им допуштате да симнат од вашиот веб сајт тоа шо го бараат и покрај сиромаштијата што го погодува обичниот човек неможе да дојде и до она што го бара, на пример како мене со плата од 100 еу и жена која работи на црно со две деца, родени на најубави православни празници машкото на Божик а малецката на Мала Богородица, зарем и црквата гледа сеир спрема сиромавиот од православно македонско семејство?