логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Dicho.izlozba3.jpg Dicho.izlozba4.jpg

На полето на уметничките создавања во бурниот XIX век, време кога се раѓаат силни противречности и судири помеѓу старите и новите поимања за црковната уметност, на македонската сцена како централна фигура со својот импозантен опус и талент се издигнува врвниот иконописец Дичо Крстевич - Зограф. Делото на овој мајстор кој во својот работен век од триесеттина години изработил над 2000 икони, го следиме насекаде низ Македонија, но и во соседните Србија, Бугарија и Албанија.

Во годината кога се навршуваат 135 години од смртта на Дичо Зограф (1819-1872/3), Музејот на град Скопје ја подготви оваа изложба, сакајќи да презентира дел од обемното, повеќегодишно творештво на Дичо Зограф во Скопје и скопскиот регион кој се издвојува како еден од поважните и можеби најбогатите по бројот на сочувани иконописни дела.

Dicho.izlozba2.jpg

 Dicho.izlozba.jpg

Сепак, за да се добие целосна слика за досегашните истражувања и постојано новите достигнувања во осознавањето на Дичовиот опус, потребно е да се прикаже севкупната хронологија на неговото творештво, со посебен акцент на делата на зографот во скопскиот регион, при што би се навратиле на почетоците на овој голем творец, па се до неговите, засега, последни откриени дела.
Зачетоците од богатиот творечки пат на Дичо Зограф, во периодот од 1840 - 1844 г. (работата во црквите на егејското крајбрежје, зографскиот ангажман во црквата Св. Георгија во Лазарополе и идентификацијата со зографот Дичо Перкоски чиј потпис се наоѓа на две места во овој храм) се уште остануваат неразрешена енигма на која идните проучувачи ќе треба сериозно да се посветат. Се до денес, за најрано досега познато Дичово дело се прифаќа иконата Богородица Пантохора од црквата Св. Јован Канео во Охрид, а која ја потпишал и датирал во 1844 година.

Dicho.izlozba8.jpgВо истата и следната, 1845 година, Дичо работи иконописни нарачки за црквите во својот крај, во село Росоки, за црквата Воведение на Богородица и во родното село Тресонче, за црквата Св. апостоли Петар и Павле каде се навраќа неколку пати, се до 1854 г., кога ги презел последните зафати. Истата, 1845 година, со нови траги од Дичовата рака се среќаваме и во струшкиот крај, каде го оставил својот потпис на иконата Воведение на Богороди-ца, од истоимената црква во село Јабланица.
Во следните две години Дичовото дело го следиме во црквите од скопскиот регион. Првата нарачка во овој регион, според досегашните сознанија, ја добива за црквата Св. Богородица (Св. Спас) во село Кучевиште. Во 1845 г., Дичо заедно со своите соработници работи на обновување на иконите за иконостасот, но по пожарот од 1983 г., кога изгорел поголем дел од иконите, останала сочувана олтарната врата од протезисот на која Дичо го насликал Архангел Михаил како ја одзема душата на богатиот (кат. 1) и ја потпишал: ■(■ ^грдфт» сллг|ренѓ| дѓ|чо (5 деворт* I, а под потписот ја навел годината 1845, месец ноември, ден 30 и уште три помали празнични икони кои не се потпишани: Раѓање Христово (кат. 2), Крштевање Христово (кат. 3), Влегување во Ерусалим (кат.4) и иконата со претставата на св. Петар (кат. 5) од иконите со апостолите, а за кои без сомнение може да се тврди дека се дела на Дичо Зограф. Тие денес се чуваат во протезисот на олтарниот простор од црквата.

Dicho.izlozba1.jpg
При крајот на истата, 1845 г. и следната 1846 г., продолжува со работа во скопскиот регион каде добива голема нарачка за црквата Св. Георгија во село Бањани, за што дознаваме од ктиторскиот натпис над западната врата која води од припратата во наосот, каде е наведено дека со сликање во овој храм Дичо завршил на 5 декември 1846 г.: мцд декеллври 5: д^мѕ, а не 1847 г. како што досега беше евидентирано во литературата. За овој храм ги работи иконите за целиот иконостас и го живописува целиот источен ѕид на припратата. За иконостасот ги насликал четирите престолни икони: Исус Христос Седржител (кат. 6), Богородица со Христос (кат. 7), потпишана и датирана: ^шгрдф-и смг|ренѓ| дгро 6) кд^д деворт, 1845, св. Јован Претеча (кат. 8) и Архангел Михаил (кат. 9), а ги декорира и парапетните плочи со флорални елементи, царските двери, 15 - те икони со апостолите и деисисот, 15 - те празнични икони и крстот над иконостасот. Од ѕидното сликарство создадено од Дичовата рака во припратата сочувани се петте фреско - икони: св. Георгија, Богородица со Христос, Исус Христос Седржител, св. Јован Претеча и св. Димитрија пов-кди ^в-крл, а под нив имитации на парапетни плочи на кои се насликани кантароси со цвеќе и комплексната композиција на Страшниот суд, за која во досегашната литература постоеја различни мислења дали оваа композиција е Дичово дело. Сепак, според стилските карактеристики и иконографското решение на композицијата со сигурност може да се тврди дека е дело на Дичо Зограф, а воедно е и единствениот досега откриен примерок во ваква форма во ѕидното сликарство насликан од овој зограф.

Dicho.izlozba6.jpg
Следните Дичови чекори во 1846 г. ги следиме во манастирската црква Св. Илија Горни, над селото Бањани. За обновувањето на иконостасот од страна на Дичо дознаваме од записот на парапетната плоча на иконостасот под престолната икона Исус Христос Седржител, а која во долниот дел е потпишана и датирана: ^грдфт* сллирени димитрТд СОдеБорт* СЗсело, тресднче 1846 л\д?15. На неговиот опус со сигурност припаѓаат и осумте икони со апостолите од овој иконостас.
При крајот на 1846 г. и почетокот на 1847 г. продолжува да работи на иконите за целиот иконостас и ѕидното сликарство во куполата на наосот во манастирската црква Св. Никита кај село Горњани. За иконостасот ги изработил престолните икони: Исус Христос Седржител, Богородица со Христос и двете потпишани и датирани на 20 декември 1846 г.; св. Јован Претеча, каде во долниот дел на иконата е испишан цитат од тропарот за св. Јован Претеча, глас втори: плм_т_прлведндг©...; св. великомаченик Никита, потпишана и датирана: ^шгрдф_ смиренш дг|мѓјтрТд со де_ор*_ 1847 г. месец февруари 15 ден; Архангел Михаил, која не ја потпишал, но ги навел имињата на приложниците и ја датирал со годината 1847; Крунисување на Богородица, исто така не е потпишана, но е очигледен потегот на Дичовата рака. Иконата со претставите на св. Георгија и св. Димитрија, потпишана и датирана: и^_ р$ки дичд ^грдфд. 1856 мц_ дприл :13:, која денес се чува во оваа црква и стои потпрена на долниот дел од иконостасот се претпоставува дека припаѓала на иконостасот од црквата Св. Троица во село Чучер. Дичо во овој храм ги работи и царските двери, иконите со апостолите, како на пример иконата со претставата на апостол Јаков (кат. 10), празничните икони, на кои припаѓа и иконата со приказот на Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител (кат. 11), крстот над иконостасот и малата икона Богородица со Христос и светители (кат. 12). Но, Дичо не се ограничил со сликање само на иконостасот, туку ја пресликал и Божествената литургија со Исус Седржител во темето на куполата на наосот, запазувајќи го инкарнатот и линијата на формите изведени од постарите мајстори. Иако во литературата оваа композиција не е претходно анализирана, сепак, според стилските карактеристики и компарациите направени со останатите примероци на Божествената литургија, насликани од Дичо Зограф за други цркви, со сигурност може и овој примерок да се атрибуира како негово дело. Во нишата на јужната фасада, лево од влезот на црквата, сочувани се оштетени делови од живопис, каде Дичо го насликал патронот на храмот, св. Никита, на коњ.

sv.Jakov.jpg Dicho.izlozba7.jpg
После неколкуте години творење во скопскиот регион, веќе следната 1848 г., Дичо со зографски зафати се префрла во црквите во реканскиот и гостиварскиот крај. За манастирската црква во Бигорскиот манастир го слика кивотот за мошти; во црквата Архангел Михаил во село Битуше ги слика престолните икони за иконостасот и неколку медалјони со светители на долниот дел од сводот на наосот; во црквата Св. Георгија Победоносец во село Рајчица работи на живописот; во црквата Св. Богородица во село Вапа слика икони за иконостасот; повторно во храмот Св. апостоли Петар и Павле работи живопис во нишата над влезната врата; пак се враќа и во Бигорскиот манастир, каде во машката трпезарија го слика портретот на митрополит Мелетија; во црквата Св. Никола во село Киченица работи на иконите за иконостасот; во храмот Св. Ахил Лариски во село Требиште работи на живописот и иконостасот кој ќе биде завршен дури во 1861 г. и повторно се враќа во село Росоки, во храмот Воведение на Богородица каде работи на иконостасот и живописот во лунетата над влезната врата, а за овој храм добива нарачки се до 1854 година. Во периодот меѓу 1849 и 1853 г., работи и во струшкиот крај каде на повеќе наврати ги спика иконите за иконостасот во црквата Св. Атанасија во село Селци, Малесија, потоа иконата со Богородица во црквата Св. Никола во село Вевчани, потпишана од Дичо Зограф и датирана 1849 г. и од 1850 г. иконата Раѓање на Богородица за црквата Св. Богородица во село Дренок.
Во пределите на Западна Македонија континуирано твори се до 1851 г. кога повторно се враќа да работи во регионот на Скопје, во месноста Горни Забел, над с. Горњани. За потребите на новата мала црква Св. Благовештение, изградена врз темелите на постара манастирска црква со иста дедикација, Св. Благовештение, ги насликал престолните икони, царските двери, празничните икони и крстот над иконостасот. По завршувањето на работата во овој храм, слика неколку помали икони за скопските цркви, како на пример, иконата за црквата Св. Спас, со претставата на апостол Тома, потпишана од Дичо и датирана 20 декември 1851 година, а истата година, но неколку месеци порано, на 5 март 1851 г. е потпишана и датирана иконата Богородица со Христос и други светители, од црквата Успение на Богородица во охридската месност Каменско, која заедно со иконата Богородица Пантохора се смета за едно од најраните охридски дела на Дичо Зограф. Веќе наредната, 1852 г., Дичо го среќаваме како работи на иконостасот во Св. Димитрија во село Волковија, гостиварски регион и го завршува фрескоживописот и дел од иконите за иконостасот во храмот Благовештение на Богородица во манастирот Богородица Пречиста, во близина на Кичево.

Dicho.izlozba5.jpgСледниот ангажман на Дичо, во 1853 г. во литературата е наведен како работа на престолните икони за храмот Св. Никола во скопското село Љубанци, но при скоро спроведените теренски истражувања и увидот во тие икони, се дојде до заклучок дека престолните икони во оваа црква не се дело на Дичо Зограф, туку на мајсторот Павле Аврамовски од Галичник кој завршил со работата во оваа црква во 1881 г., што се потврдува со натписот на сводниот лак кој се наоѓа на јужната страна од црквата. Голема е веројатноста дека истражувачите во минатото ја поистоветиле црквата Св. Никола во селото, со манастирската црква Св. Никола, која се наоѓа над самото село Љубанци. Валидноста на овој податок лежи во неодамнешното откритие при нашите теренски истражувања во манастирската црква Св. Никола, за чии потреби Дичо во 1853 г. ги изработил престолните икони: Богородица со Христос, потпишана и датирана: _^_ рЅки дѓ|чд ^грдфд, © деворск© держдвб село тресднче 1853; Исус Христос Седржител, потпишана и датирана: и^ р_ки дѓрд. ^ 1853; св. Јован Претеча, потпишана и датирана: и^ р_ки дичд ^гр_фд 1853; св. Никола, потпишана и датирана: 1853 и^-_ рЅки дичд ^грдфд и св. Тројца Јерарси (Василие Велики, Јован Златоуст и Григорие Богослов), каде потписот во долниот дел на иконата е мошне оштетен. Од 1853 г. се и двете скоро идентификувани Дичови дела: иконата со Богородица од црквата Св. Георгија во с. Врница, регионот на Голо Брдо кое денес влегува во албанска територија, на која Дичо оставил свој потпис и катапетазмата, платното кое ги затвора царските двери, со претставата на Исус Христос Жизнодавец од црквата Св. Атана-сија, с. Селци, во струшката област Малесија. И на ова дело Дичо го оставил својот потпис и го датирал, октомври 1853 година.
По овој голем зафат, во 1854 година, повторно работата ја префрла во скопскиот регион, во црквата Св. Спас во село Црешево. Иконописниот ансамбл во овој храм, заедно со иконописните ансамбли од црквите Св. Георгија, с. Бањани и Св. Никола, с. Глуово, е еден од најубавите и најбогатите од неговиот опус во скопскиот регион. За иконостасот на овој храм насликал пет престолни икони: Исус Христос Седржител, потпишана и датирана:
и^ рЅки дичд т.итрдфд 6) деворкд держдвд 1854, БОГОрОДИЦа СО ХрИСТОС, ПОТПИШана И датирана: и^ р$ки дичд ^грдфд © село тресднче деворско деждвб. вол-кто сЗ хртд д«жд (1854) ноеллврУг) 6:, св. Јован Претеча (не е потпишана, но без сомнение е Дичово дело), св. великомаченик Димитрија каде во долниот дел се наведени донаторите на иконата и годината 1854 и св. Петка каде во долниот дел повторно ги наведува донаторите и ја потпишува и датира: т,т> рвкгј дѓјчд ^грдфд 1854 ден 4. Бројот на иконописни дела се зголемува со царските двери и олтарната врата од протезисот на која е насликана сцената како Архангел Михаил ја одзема душата на богатиот. На врвот на вратата на отворен свиток е испишан тропарот, глас четврти: тропдрглдск :д: Нвнкг^ воинствт»  др^Устрдтиже, ... И нa крајот потписот и датирањето: и^т» рбкѓ| дѓ|чд ^. 1854, а во долниот дел на вратата повторно се забележуваат Дичовите иницијали, годината 1854 и имињата на приложниците. Секако, негови дела се и 15-те иконите со апостолите и Деисисот, 10-те празнични икони и крстот над иконостасот со Христовото Распетие, Богородица и Јован Крстител.
Во текот на истата, 1854 година, Дичо во своето скопско ателје ги создава и неколкуте икони за црквата Св. Спас во Скопје. На иконата со Архангелскиот собор, Дичо го оставил својот потпис и годината: и^ р§ки дичд 7,шгрдфд деворско село тресднче 1854.
Повторно во истата година со Дичовото дело се среќаваме и во прилепскиот крај, во манастирот Трескавец каде го слика портретот на јеромонахот Самуил.

sv.Petar.jpg
Веќе следната 1855 година повторно работи во скопскиот регион каде ги слика иконите од иконостасот за црквата Св. Никола во село Глуово, а го живописува и полуцилиндричниот свод во припратата. За работата на Дичо во овој храм добиваме сигурни податоци од ктиторскиот натпис над јужната влезна врата од внатрешната страна на наосот, каде на крајот на записот се потпишал Дичо:  И7,т» рЅкѓ| дѓ|чд 7,1Л>грдфд д^уне (1855  Г.) ллцд ллдТд  :  и (8). За овој храм ги работи 10 - те престолни икони: Исус Христос Седржител, каде во долниот дел на иконата се наведени донаторите и на крајот потписот на Дичо: и^ рЅкѓ| дѓ|чд ^шгрдфд; Богородица со Христос, потпишана: и^ р8кѓ| дѓ|чд ^грдфд; св. Јован Претеча, каде во долниот дел на иконата се наведени имињата на приложниците; св. Никола Мирликиски, потпишана и датирана: и^ рбкѓ| дѓ1чд 7,и>грдфд д^не (1855 г.)" и непотпишаните св. Архангел Михаил, св. Атанасиј Александриски, св. Георгија и св. Димитрија, Крунисување на Богородица, св. Харалампиј и св. Петка. Бројката на примероци насликани од Дичовата рака се зголемува со царските двери, 12 - те икони со апостолите, 12 - те празнични икони, меѓу кои е и иконата со сцената на Христовото Воскресение и крстот над иконостасот со Распетието Христово. Малите икони за целивање поставени на иконостасот веројатно се изработени од страна на соработниците кои работеле заедно со Дичо во овој храм. Ѕидното сликарство е со големи оштетувања бидејќи е изработено на лоша подлога, но сепак сочувана е претставата на Исус Христос Седржител во темето, а од неговата лева и десна страна се насликани фронтални претстави на пророци, по четири од секоја страна. Над главата на Исус ја насликал и композицијата Воскресение Христово. Под фигурите на пророците е испишана молитвата: Сеи дбмт, би> во^движе ... и на крајот годината 1855. Во литературата е забележано дека истата година работи и на престолните икони во црквата Св. Никола, Маврово.
Но, веќе следната, 1856 г., повторно работи во близина на Скопје, во храмот Св. Троица во село Чучер. Во литературата е наведено дека Дичо во овој храм ги слика сите престолни икони и крстот над иконостасот, а според натписот кој стоел до влезната врата на старата црква, работел и живопис за кој се тврди дека според натписот кој стоел до влезната врата на црквата, бил завршен на 29 октомври 1856 година. При најновите теренски истражувања овој податок не можевме да го потврдиме, бидејќи врз основата на старата, целосно срушена црква, наидовме на новоизграден храм. Иако живописот е целосно уништен, сепак со Дичовото дело се среќаваме преку престолните икони: Исус Христос Седржител, Богородица со Христос, св. Јован Претеча, св. Никола, св. Атанасиј Александриски, Крунисување на Богородица, св. Архангел Михаил, св. Харалампиј и св. Петка. На првите шест претходно наведени икони, има записи кои се тешко читливи, но може да се увиди дека се спомнуваат приложниците, а на дел од нив може да се види и по некој дел од Дичовиот потпис. Иако на последните три икони нема никаков потпис, тие, без сомнение, се насликани од раката на Дичо Зограф. Дел од сочуваното Дичово творештво во овој храм е и крстот над иконостасот со Богородица, св. Јован Крстител и Распетието Христово во средината.
При крајот на 1856 г. и 1857 г. добива нарачки за изведба на икони во Куманово, во црквата св. Никола и во близина на селото Старо Нагоричино, кумановски регион, во црквата Св. Богородица.

Dicho.izlozba11.jpg Dicho.izlozba13.jpg
Веќе во првите месеци на 1857 година, со Дичови творби повторно се среќаваме во Скопје и скопскиот регион. Првично ги работи иконите за црквата Св. Никола во с. Долно Водно која денес не постои, потоа во два наврати во 1857 г. и 1860 г. слика икони и за храмот Св. Богородица во Скопје. Од творештвото создадено за овој храм во 1857 г. запазени се неколку икони со потписи на Дичо Зограф и датирани со 1857 г., а од делата создадени во 1860 г. се издвојуваат царските двери каде ја насликал композицијата Благовештение, со донација на господин Јован Манојловиќ. За жал, од пожарот кој го зафатил овој храм во 1944 г. изгубени се трагите на повеќето од овие икони. Во 1857 г. работи и за иконостасот во црквата Св. Илија во село Кадино каде ги слика двете престолни икони Богородица со Христос и Исус Христос Седржител, потпишани и датирани на 20 април 1857. Следната нарачка при крајот на истата година Дичо, заедно со своите соработници ја реализира во црквата Св. Спас во село Драчево. За иконостасот во овој храм го насликал Архангел Михаил на олтарната врата од протезисот, престолната икона со претставата на св. Харалампиј и празничната икона Вознесение Христово, на која се чита Дичовиот потпис, датата 26 ноември и годината 1857. Останатите престолни и празнични икони и иконите со апостолите се претпоставува дека се насликани од некои од неговите соработници. Иконописната ризница на овој храм денес чува околу педесетина помали икони насликани од раката на Дичо Зограф.
Во 1857 година се среќаваме со неколку негови потпишани иконописни дела и во црквата Св. Троица, село Ѓуменџе, Бугарија. Заради големата ангажираност на Дичо во текот на целата 1857 г., претпоставуваме дека иконите за бугарскиот храм се насликани во неговото скопско ателје каде ги работел и иконите за скопските цркви.
Неговите следни чекори ги следиме во гостиварскиот крај, каде за иконостасот во црквата Св. Марена во село Зубовце, ја насликал престолната икона со претставата на св. Марена која е потпишана и датирана во 1859 година. Во истата година е изведен и иконостасот во црквата Св. Петка во Гостивар, каде Дичо ги насликал престолните икони, но ги работел неколку години претходно, од 1853 до 1856 година.
Од ноември 1859 до март 1860 година Дичо Зограф продолжува со работа во соседна Србија каде во црквата Св. Троица во Врање работи на икони за целиот иконостас. Големиот зафат во овој храм се смета за еден од најзначајните во Дичовото иконописно творештво. Од истата година е и скоро објавената престолна икона Исус Христос Седржител, изработена за црквата Св. Никола во с. Брчево, струшки регион. Веднаш по завршувањето на обемната работа за храмот во Врање, од втората половина на 1860 г., повторно со Дичовите дела се среќаваме во Скопје каде работи во храмот Св. Богородица, како што погоре беше наведено, а потоа слика две икони за црквата Св. Константин и Елена, исто во Скопје. Првата икона Богородица со Христос и светители (кат. 13) е потпишана и датирана: и^ рбки дичд ^шгрдфд девор... 1860 декември 2, а втората Воведение на Богородица и светители, каде во средината на иконата меѓу двете зони, Дичо го оставил својот потпис и ја датирал: и^т» рЅки Дичд ^грдфд 1861 февр\(АрТл 14. Следниот месец, на 23 март 1861 г. го завршил и последното засега познато дело за црквите во скопскиот регион, иконата со светителските претстави на св. Никола и св. Стефан (кат. 14), за манастирската црква Св. Пантелејмон, с. Нерези.
Dicho.izlozba10.jpg  Dicho.izlozba12.jpg

По големата творечка ангажираност во Скопје и скопскиот регион, од следната 1862 г., па се до крајот на 1864 г., Дичо својата зографска активност ја префрла во Охрид. Во црквите во Охрид покрај богатото иконописно творештво, работел и живопис во некои од нив: Св. Никола - Геракомија, Св. Богородица - Челница, Св. Богородица Перивлепта, Успение на Богородица - Каменско, Големи Св. Врачи, Св. Никола - Долна Влашка Маала. Во периодот додека творел во охридските цркви, во 1862 г., добива нарачка за изработка на две престолни икони за црквата Св. Архангел Михаил во село Ташмаруништа, струшко и во 1863 г. за три икони од иконостасот за црквата Св. Петар и Павле во Кула, Бугарија. Дичо при престојот во Охрид добивал и приватни нарачки, како на пример сликаната флорална декорација - кантарос со цвеќе (што се повторува скоро на сите парапетни плочи од иконостасите на кои работи Дичо), насликана во нишата на приемната просторија во куќата на семејството Робевци, за кое семејство ја насликал и иконата со Седмочислениците, а за браќата Прличеви во 1864 г. ја насликал иконата со Богородица Слаткоцелујушта.
Следниот Дичов чекор не води повторно во гостиварскиот крај каде во црквата Св. Илија во село Селце, работи на живописот кој бил завршен 1864 г. и иконостасот кој целосно е комплетиран дури во 1866 година. Таа година повторно се навраќа во Охрид каде ги слика парапетните плочи за иконостасот во црквата Св. Богородица Перивлепта и продолжува со своите соработници во реканскиот крај, каде за црквата Успение на Богородица во село Гари, заедно работат на иконите за иконостасот и живописот. За првпат во истата година работи и во тетовскиот регион, во црквата Св. Илија во село Стенче каде ги работел иконите за иконостасот. Веќе следната, 1867 г., Дичо повторно е ангажиран во струшкиот крај каде работи голем број икони за црквите Св. Богородица во село Вевчани и Св. Богородица во село Боровец. При крајот на истата година ја завршува и нарачката за три икони за црквата Св. Илија во село Градец кај Видин, Бугарија. Иако од средината на 1867 г., Дичовата продуктивност се намалува, сепак големиот мајстор продолжува со создавање и следната 1868 година, враќајќи се повторно во Бигорскиот манастир ги слика портретите на јеромонах Теодосиј и игуменот Јоаким во машката трпезарија. До скоро постоеше мислењето дека овие два портрети се последно Дичово дело, но неодамна во селото Белица, кичевско, беа откриени засега последните потпишани и датирани икони, завршени во месец септември 1868 г. За откривање на нови творби на зографот после 1868 г., па се до неговата смрт 1872/73 г., ќе се потрудат идните истражувачи и почитувачи на неговото дело.
Развојот и постојаното надградување на својата уметничка, духовна и јазична култура, големиот мајстор во големи размери го рефлектира врз својата богата ликовна дејност. Неговиот ликовен развој може да го следиме во неколку фази. Првата фаза ги опфаќа годините околу 1850 sv.Jovan.otsekuvanje.jpgг. и неколку години пред тоа, а постојано може да се следи се до 1860 г. Иако на почетокот од оваа фаза тој е се уште под големо влијание на своите учители, зографите Михаил и Димитрија - Данаиил од Самарина, сепак, се гледа постепената потреба од ослободување на геометриското градење на формите, точно предвидливиот преод на инкарнатот од светло во сенка и нагласувањето на барокни декоративни елементи. Но, од друга страна, имаме тенденција за чиста и јасна линија, минуциозна обработка на деталите на облеката, трудејќи се притоа да создаде свој препознатлив манир при сликање на ликовите. Се судрува и со проблеми во решавање на анатомските пропорции на телото, посебно во сцените со повеќе фигури. Но, веќе во втората преодна фаза од средината на 50 - те години почнува да се чувствува посигурно владеење со линијата, послободно владеење при градирање на колоритот, а притоа почнувајќи со пофункционално користење на светлината при нагласувањето на волуминозноста на формите. Во овој период, како куриозитет се издојува почестото користење на златната позадина, посебно на престолните икони. Во третата фаза, од 1860 г., па се до последните дела од 1868 г., веќе се чувствува вештата рака на искусен мајстор, не само при моделацијата на формите со контролирање на интензитетот на боите, туку ја доведува до совршенство и обработката на портретните карактеристики на светителските ликови, а внесува и мноштво декоративни детали на облеката на светителите, како низи од бисери и златни ленти по рабовите и украсни аграфи на наметките. Величината на овој зограф не се состои само во сигурното работење со бојата и линијата, туку и во неоспорно доброто владеење со димензиите на површината на која работи. Заклучокот е дека сосема е невидлива разликата во квалитетот при обработка на иконите или композициите од ѕидното сликарство, што секако е обележје само за врвните мајстори на зографскиот занает. Исклучителните карактеристики на оваа личност (несопирливата желба за нови ликовни и духовни спознавања, необјасниво големиот број на квалитетни создадени дела и влијанието кое го има врз своите ученици и соработници), сами од себе ја наметнуваат потребата за што поинтензивно понатамошно разоткривање на делото и личноста на најталентираниот зограф во македонската црковна уметност на XIX век.
Викторија Грозданова Коцевски,
историчар на уметноста

 Dicho.izlozba14.jpg Dicho.izlozba15.jpg

Dicho.izlozba19.jpg

 Dicho.izlozba18.jpg Dicho.izlozba17.jpg

Посети:{moshits}

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1890
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2397
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная