логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

(Продолжение)

ДЕЛ ПЕТИ

ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ ОД ЗЕМНИОТ
ЖИВОТ НА АРХИЕПИСКОП ЈОВАН

 

Блажени сте вие кога ќе ве сра-мат и прогонат и кога ќе говорат про-тив вас секакви лоши зборови лажно заради Мене. Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на не-бесата! Така ги гонеа и пророците што беа пред вас.
(Св. евангелист Матеј, глава 5.11-12.)

 

Како епархиски архијереј, Архиепископ Јован за своја главна обврска ја имал грижата за спасението душите на својата паства. Во оваа смисла, во една прилика тој го изразил својот став, велејќи дека на ближниот не може да се придонесе поголема корист од онаа да го подготвуваш за идниот живот.
Не еднаш, во животот тој бил задолжуван да извршува и дејности, кои биле над неговите физички сили. Не штедејќи се себеси, овој Владика и такви должности прифаќал, па со надеж во Бога, успешно ги извршувал. Негови верни соработници и го жале¬ле, но и се восхитувале од неговата решителност и издржливост. Еден од нив со чудење го изразува својот восхит, велејќи дословно: „Просто несфатливо изгледа, како можело во еден со пост и молитвен подвиг изнемошен човек, да се најдат доволно физички сили за извршување на сите свои благотворителни црковни и општествени дејности! Архиепископ Јован Максимович во историјата на Православната Црква е исклучителна појава и ние се подобро разбираме во негово лице каков праведник имала во својот состав нашата Задгранична Црква" (В. Рејер).
Наближувале последните години од животот на земјава за оваа „исклучителна" личност. Природно било овој неуморен Архијереј на крајот сосема да се посвети на неговата врвна света должност: подготвување на своите духовни чеда за нивниот иден живот во вечноста. Но, по Божја волја, а за негова прослава, на овој вистински Праведник му било определено да совлада уште една „голема тешкотија", во врска со која доживеал и прогонство.
---------------
Во 1962. година Архиепископ Тихон од Сан Франциско, поради болест и старост се повлекол во манастир. Неговата Епархија останала без свој постојан владика. Од Светиот Синод на Руската Задгранична Црква за администратор на Епархијата бил назначен Архиепископ Антониј од Лос Ангелос. Од повеќе причини овој Владика не успеал да го сочува единството на верниците во Заедницата. Се појавиле чести расправии, а главна причина за оваа немила појава биле различните ставови околу изградбата на новиот храм, започнат за време на Архиепископ Тихон.

 vozdvizenie.jpg

Кога расправиите прераснале во кавги, тогаш изградбата на храмот сосем престанала. Сепак, голем број верници , на чело со т.н. шангајци, не се помирувале со ова и договорно испратиле Молба до Синодот, со барање да добијат постојан владика, кој ќе го врати мирот во Заедницата, па да продолжи градбата и да биде завршен храмот. Во Молбата било спомнато и името на Архиепископ Јован, единствена личност што може да го исполни очекуваното и да ја оствари нивната добра желба.
Светиот Синод на Задграничната Црква не одолговлечувал многу со одговорот на добиената Молба. Била донесена Одлука, според која Архиепископ Јован требало да го замени многупочитуваниот од него - Архиепископ Тихон на катедрата во Сан Франциско. Множеството верници на Руската Заедница во овој град биле многу задоволни што им се исполнила желбата.
Тука треба да се истакне дека при одлучувањето не се раководеле Синодалците само од „барањето" во Молбата, туку значајно било и мислењето на Поглаварот - Митрополит Анастасиј по однос на Владиката Јован. Имено, како Поглавар, тој знаел со какви тешкотии овој Архијереј (Јован) се судрувал околу довршувањето на започнатиот храм во Шангај. Исто така, во Брисел - Белгија, каде што се градел и бил изграден во негово време храмот - Паметник на мно¬жеството „Руски Новомаченици". Отпосле, овој храм бил осветен во чест на старозаветниот голем праведник - Многустрадалниот Јов, симбол на сите праведници, што страдале низ вековите.
Знаејќи го ова, Митрополит Анастасиј бил убеден дека само овој Владика можел наполно да ги оствари очекувањата на сите, па затоа за него се определил, а и мнозинството во Синодот се согласиле.

 

2. АРХИЕПИСКОП ЈОВАН БИЛ УДОСТОЕН СО АПОСТОЛСКА ДАРБА ЗА МИРОТВОРСТВО. - Пред крајот на 1962. година, спроти празникот - Воведение во Храмот на Света Дева Марија (Пречиста, 21 ноември ст. стил) новоназначениот Архијереј пристигнал во Сан Франциско. Дочекот бил масовен и многу радосен; неговите стари пријатели, доселени од Далечниот Исток во овој американски град на Западот, со солзи радосници го пречекале.
И пред доаѓањето во оваа нова средина, Архиепископ Јован бил обавестен за немирите во Заедницата. Но, набргу се уверил дека стварноста била многу посериозна од она што очекувал да сретне. Надевајќи се на Божја помош, тој не пројавил ни најмало двоумење, само заклучил дека тука треба да се почне се од почеток.
Паралелно со своите катадневни дејности (богослуженија, посета на болни и др.), овој новодојден Владика не пропуштал момент да не зборува за значењето на мирот во секоја заедница. „Мирот меѓу нас!" - тоа била главна тема кога говорел од амвон, а и - во обичните разговори со секој верник од Заедницата. Па така, и во неговото прво Послание до верниците (Божик, 25. декември 1962.), темата е - Мирот! Парафразирано, содржината е оваа: Господ Исус Христос дошол на земјата да донесе мир меѓу луѓето. Но, без желба на самиот човек, без негова макар и најмала усилба, мирот Божји нема да се всели во него. Зошто? Затоа што Господ никого не принудува да се дојде кај Него, а - само повикува, без секакво присилување....
Мирот треба да е присутен во душата на секој поединец, па тогаш ќе го има и во секоја заедница....
Да се прашаме: Како ќе Го дочекаме Младенецот - Христа? Дали како Ирод и слични на него, кои имале зла волја и сакале да Го убијат или како тројцата Мудреци од Исток, кои поминале долг и тежок пат, со единствена желба да Го видат и да Му се поклонат? Кои од овие сетиле во душите внатрешен мир и радост? Секако не првите, а само - вторите. Зошто? Затоа што луѓето кои имаат во душата злоба и лоши намери, секогаш се далеку од внатрешниот мир; ваквите секогаш сееле околу себе само неслоги и омрази....
Понатаму, се во овој дух продолжувале напорите на овој миротворец, со единствена цел да се смират духовите и да се врати мирот во Заедницата, па сите сложно да помагаат за завршување на започнатата Градба на храмот.
Во друга прилика, а пак во истиот дух, Архиепископ Јован говорел дека Православниот руски на¬род, од покрстувањето до денес, бил познат како гра
дител на храмови. По нивното „расејание", дека билеизградени храмови во различни земји и градови, самово градот Сан Франциско Руската Заедница немаладосега изграден свој храм. Еве, со благослов на Архиепископ Тихон била започната градба, но поради недоразбирања и неслога, градбата била запрена. Да
побрзаме, апелирал тој, да се изгради овој храм, посветен на „Пресвета Богородица - на сите нажалениРадост". Божјата Мајка примала секаква жртва, принесена Нејзе со чисто срце. Α жалостите што ќе нидојдат, ги заменувала со Радост, затоа така била именувана од богољубивиот народ
Овие зборови и други слични на нив, потресно влијаеле врз душите на слушателите. Се што е од срце изговорено, се допира до срцата на другите! Кај верниците почнала да се буди совеста. Множеството од Заедницата се каеле за она што го правеле. А, покрај зборовите и делата на Владиката Јован, за подобрување на меѓусебното однесување, многу позитивно влијаел на верниците и Големиот велигденски пост, кој почнал на 13. февруари 1963. година (ст. стил). Позната вистина е дека постот, кај оние што го почитуваат, ја зголемува молитвеноста. Па така, пост и молитва, две спасоносни средства кога се заедно, тие го омекнуваат човечкото срце; тогаш тоа е наклонето повеќе кон доброто, отколку кон злото; лошите мисли се заменуваат со добри; горделивоста се заменува со смирение; тврдоглавоста - со послушание; жестокоста - со милост; омразата - со љубов и т.н.
За релативно краток временски период Архиепископ Јован успеал да ги доближи различните ставови околу изградбата на храмот и да воспостави мир во Заедницата. Јасно е дека во тие неколку месеци (од Божик до Велигден!) тој вложил голем труд, но трудот и неговата упорност биле наградени од Бога. Различно од она што заварил кога дошол, сега со подруго расположение и со повозвишени чувства сите го очекувале Големиот празник - Воскресение Христово.
На самиот, пак, Ден, восхитено со извик се обрнал до верниците, велејќи: „...Радувајте се чеда на Православната Христова Црква! Радувајте се сите во овој Светол Ден на Воскресението! Да си ги простиме еден на друг заемните горчини и навреди! Ден на Воскресението! Да се просветлиме со славењето и еден со друг да се прегрнеме! Да речеме - браќа и на тие што не мразат се да им простиме и така да запееме: Христос воскресна од мртвите, со Својата смрт смртта ја победи и на тие што беа во гробовите живот им дарува. Христос воскресе!" (1963. год.).
Целта на оваа архипастирска порака била: Да зајакнува воспоставениот мир во Заедницата.
Отпосле, сеќавајќи се на овој Блажен Ден, Архиепископ Јован изјавил дека во наредната 1963. година множеството верници Великиот пост го поминале молитвено и сложно, а дека „Празникот на празниците" - Велигден бил отпразнуван со „голем духовен подем".

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

vozdvizenie.jpg

Борис Кр. Бошковски
СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ
(1896. - 1966.)
Животот, дејноста и чудесата на Свети Јован (Максимович), Скопје 2001

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан

Издава
Свети Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква

 СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (6)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (5)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (4)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (3)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (2)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (1)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (12)

 СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (13)

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная