ДЕЛ ПРВИ
СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ
Помнете ги вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо и имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна.
(Св. ап. Павле, Послание до Евр. гл. 13,7.)
ЕТСТВОТО НЕГОВО. - За малата населба Адамовка (Харковска губернија) ние на Балканов не ќе знаевме дека постоела, да не беше во неа роден на 4 јуни 1896 година Епископ Јован Шангајски (така најчесто е именуван).
Нити, пак, за неговите родители, Борис и Глафира, ќе се зборуваше и тие ќе се славеа скоро на сите континенти, да не беше од Бога прославен нивниот син Михаил, денес познат како Свети Јован Шангајски.
Родителите на детето Михаил биле многу по читувани во нивниот крај. Тие се одликувале со ис крена набожност и со ретка чесност. Па така, од здрав корен израснала добра фиданка.
Малиот Михаил уште во својата рана возраст пројавувал особини, кои го привлекувале вниманието на сите нивни блиски. За повеќето од нив тој бил „исклучително дете", судејќи по неговата голема пос-лушност, како во домот, така и надвор од него. Во оваа смисла и неговата сестра, Људмила Борисова, отпосле за него ќе изјави, велејќи: „Мишо (од милост така го викале!), растеше како многу послушно дете и на родителите не им беше тешко да го воспитуваат."
Понатаму, во своите први ученички години, Мишо ги немал оние тешкотии, со кои се судрувал во истата возраст - Свети Јован Кронштадски. Бистроумниот Михаил бил прилежен ученик, така што од таа страна не им задавал никакви грижи на своите родители. Нив единствено ги загрижувало неговото нежно здравје. Имено, тој слабо се хранел (не бил изесливо дете!), а тоа најмногу ја беспокоело неговата мајка.
Воспитуван во чисто христијански дух, умниот Михаил од „првите денови на своето осознавање" ја засакал Вистината. Па затоа, во најсвечениот момент од неговиот живот (хиротонијата за епископ!), тој, меѓу другото, ќе истакне: „Моите родители го подгреваа во мене стремежот неколебливо да стојам на страната на Вистината и мојата душа беше пленета од при-мерите на оние, кои и животот свој го давале за Неа."
Во близината на нивниот семеен имот постоел манастир, познат по името - „Светогорска обител". Така бил именуван поради тоа, што манастирското братство, кое во тоа време броело шестотини монаси, живеело и се подвизавало според Атонски манастирски устав.
Михаил често го посетувал овој манастир, би-ло со родителите било сам. Иако многу млад, него го интересувало се она, што ќе чуел или ќе видел таму, а најсилен впечаток му оставале старците - подвижници (великосхимници). Зависно од неговата возраст, тој на свој начин го сфаќал и го доживувал виденото и чуеното во манастирот.
Мишо знаел и за други светли примери, што ја пленувале младата душа, но тој најмногу се одушевувал од животот и делата на Свети Јован Тоболски. Името на овој светител постојано се споменувало во нивниот дом, бидејќи светителот потекнувал од нив-ниот род (Максимовичи).
Како Архиепископ Черниговски (од 1696 г.), во градот Чернигов од него било основано првото богословско училиште во Русија. Овој голем и ревносен трудбеник на нивата Господова поседувал повеќе дарби. Пред се неговите проповеди служеле за образец на другите црковни проповедници не само во негово време, а и - по неговата смрт (1715 г.), Овој пра-прадедо на Мишо пишувал и религиозни песни; автор е на повеќе книги, од кои најзначајна му е кни-гата со наслов „Илiтропiонч, или сообразоваше человеческои воли Божественнонз волекз". Во 1711 година Архиепископ Јован бил назначен за Митрополит Тоболски и Сибирски. Во последните години од својот живот тој извршил забележителна мисионерска дејност. Имено, благодарение на него, во Западен Сибир биле покрстени илјадници некрстени. Исто така, тој бил отправник и на Мисијата во Кина. Се ова од житието на Свети Јован Тоболски Михаил рано го запознал, а знаејки и други слични примери, ТОЈ Ја засакал духовноста и таа оставила неизбришливи траги во неговата детска душа. Отпосле, во годините на неговото созревање, ќе се појават кај него и други мисли, што водат по други патишта, не е без основа тој во својата зрела возраст да го прифати името на својот предок и да се определи да го врви неговиот животен пат.
Добродушност и внимателност - биле добро-детели што ги пројавувал Михаил спрема сите; не само на моменти, а - постојано. Ова го истакнуваат оние, кои најчесто биле со него. Неговата гувернантка, чија душа била пленета од благородството на Мишо, дотогаш инославна, преминала во Православие. (Жи-тие за Свети Јован Шангајски, написано од Јеромонах Серафим (Роуз) и Игумен Герман (Подмошенски)).
Значи, уште во детските свои години ова „исклучително дете" извршило мисионерско дело. Се разбира, тоа не било постигнато со „умешност" и „убедување", туку само со неговото добро однесување кон својата учителка.
, 2. МОМЧЕШКИТЕ ГОДИНИ. - Како повоз-расен, младичот Михаил не го привлекувало она, од кое се восхитувале или ги занесувало поголемиот дел од неговите врсници. Него повеќе од се друго го ин тересувало читањето и размислувањето. Тој тогаш посебно ја засакал историјата, се разбира, најнапред онаа на татковината. Читајќи за минатото на својот народ, кај него се јавила желба да се посвети на воена или друга граѓанска служба, по примерот на оние обрасци, кои најмногу придонеле за доброто на народот. Размислувајќи за изборот на позивот, заедно со неговите родители решиле тој да се запише да учи во Полтавскиот Кадетски Корпус.
Ова училиште било посветено на една од славните страници на руската историја. Имено, кај градот Полтава, во 1709 година Петар Велики го победил шведскиот крал Карло XII. Со оваа победа биле наполно осуетени натамошните освојувачки амбиции на кралот - агресор.
Михаил сметал тогаш дека е чест да се учи во училиште со ваква традиција, па затоа со волја учел, за да ги оправда и очекувањата на родителите; тие сосем биле задоволни со неговиот успех. Интересна е една епизода во врска со Михаил, како ученик во Корпусот, што ја чул и ја соопштува Јеромонах Петар (Лукјанов). Еве ја накратко: Учениците оделе во строј и кога минувале покрај храм, Михаил ја симнал капата и се прекрстил. Според прави-лата, во стројот не смеело ништо да се прави без команда, па затоа воспитувачот ги известил отпосле своите претпоставени за грешката, направена од Ми-шо. Одговорот гласел: „Макар што згрешил, млад е!" - и на тоа завршило.
(Продолжува)
Подготви: Стојанка Тежак
Борис Кр. Бошковски
СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ
(1896. - 1966.)
Животот, дејноста и чудесата на Свети Јован (Максимович), Скопје, 2001