На денот кога се празнува споменот на светиот рамноапостолен велик кнез Владимир, 28 јули 2011 година, Сесветиот патријарх Московски и на цела Русија, г. Кирил, Сесветиот и себлажениот католикос и патријарх на цела Грузија, г. Илија II, и Себлажениот Митрополит Киевски и на цела Украина, г. Владимир, отслужија заедничка Света Литургија во Киево-Печерската Лавра.Исто така сослужуваа и сите членови на Светиот Синод на Руската Православна Црква, мноштво свештеници од Русија, Украина, Белорусија, архиереи на помесните православни цркви: Грузиската, Романската, Кипарската, како и многу свештеници.Значајно е дека Литургијата, на која беше забележливо големото присуство на верници и која во живо се емитуваше на Украинската телевизија, се служеше на монтажна Света Трпеза, која беше поставена на плоштадот, пред соборниот храм „Успение на пресвета Богородица“. На овој свет престол беше поставен и кивотот со моштите на светиот кнез Владимир. По читањето на извадокот од Евангелието, поглаварот на Руската Црква одржа празнична беседа.За време на свештениот собор пееја: хорот при Соборниот храм „Света Троица“ од Тбилиси, Митрополитскиот хор при Украинската Православна Црква и хорот при Богословскиот факултет од Киев. Напевите се изведуваа на три јазици: Грузиски, Словенски и Грчки.По Литургијата, Блаженејшиот митрополит Владимир рече:„Ваша Сесветост, отче наш и владико, г. Кириле, Ваша Сесветост и Ваше Блаженство, Патријарху на Грузија, г. Илија, возљубени свети архиереи! Молитвата е една голема сила на Православието и воопшто на човечкиот живот.Денес, сите заедно се помоливме и поради тоа ви се поклонуваме и ви принесуваме благодарност. Бог, по молитвите на светиот рамноапостолен кнез Владимир, да го утврди секого во своето високо служење Нему и на луѓето. Ве очекуваме во Киев, Ваша Сесветост, за повторно да заедничариме во молитвата“.Во продолжение, неговото Блаженство, г. Владимир им оддаде чест на поглаварите на Руската и Грузиската Православна Црква.Од своја страна, пак, Сесветиот Патријарх Кирил ги благослови присутните на прославата и му подари на неговото Блаженство, католикос патријархот Илија енколпија (панагија) и икона од светиот рамноапостолен кнез Владимир.Откако на Блаженејшиот митрополит Владимир му го честита именденот и 45 годишнината од неговата хиротонија во епископски чин, г. Кирил му подари на поглаварот на Украинската Црква сет архиерејски енколпии.Исто така, за ризницата на Киево-Печерската Лавра, Патријархот Кирил подари копија од Валаамската икона на Богородица.Во својата беседа Неговото Блаженство, католикос патријарх Илија нагласи дека станува збор за прва посета во историјата на Киев од страна на некој Грузиски патријарх.Во спомен на посетата Грузискиот патријарх му подари на патријархот Кирил икона од светиот великомаченик Георгиј изработена во мозаик, додека пак на митрополитот Владимир, копија на Грузиската икона на Богородица. За Печерската Лавра г. Илија подари копија на Почаевската икона на Богородица, изработена од грузиски иконографи.На верните им беа поделени малечки икони од светиот рамноапостолен кнез Владимир со патријаршиски благослов.
Преземено од :http://bigorski.mk/index.php?content_type=vesti_od_pravoslavieto&action=details&record_id=677