логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Епископот Западноамерички г. Максим Васиљевиќ, во интервју за Serbica Americana, по повод празнувањето на празникот на Раѓањето Христово – Божик, помеѓу другото, дава коментар и за јубилејот 800 години од добивањето автокефаллија на СПЦ, но и за најновите бранувања на сеправославно ниво. Интервјуто е објавено на teologija.net. Во продолжение приложуваме извадоци од неговиот коментар.

Современата духовност често се пројавува под најразлични лажни маски, багајќи од соочувањето со вистината. Како што истакнува водечкиот православен психолог во светот, отец Василиј Термос, стравот од слободата, како трајна одлика на човечкото битие, ја раѓа потребата за прибегнување и потчинување на некое друго „его“ (во ова наше време: на измисленото „јас“ на компјутерите или интернет светот). Освен тоа, една работа е да се сака вистината, а друга е да се поседува. Забележав таква горда самоувереност кај многу уредници и членови на многу „духовни“ интернет портали. Понекогаш забораваме дека ништо не ни користи доколку ја имаме вистината, а се нема љубов. „Ако ова биде крај, ќе знам дека не е љубов“, така вистинито, а и потресно кажува пејачот Бајага во песната „Ако треба да е крај“.

Тој крај и тоа како треба да нѐ интересира, а најмногу како проверка или овистинување на нашето историско трагање. А само трагањето по Бога нема крај. Тоа прекрасно го собрал свети Григориј Ниски во следнава реченица: „Вистинското пронаоѓање на Бога е во постојаното трагање по Него, никогаш не заситувајќи ја жедта“ (Свети Григориј Ниски, За Мојсеевиот живот).

На прашањето, пак, за тоа каков е неговиот впечаток, дали денес имаме активно критичко мислење и силни творечки личности, одговара со зборовите:

Секоја авторитативна власт се плаши од критички став и нов израз. За таквите, било тие да живеат во 21-ви или во 6-ти век, „Аеропагитските списи“ би претставувале „опасна новина“ или „воведување философија во теологијата“; еден Свети Симеон Нов Богослов (Х век) би бил отфрлен (до душа како и во свое време) поради смелото критикување „на јерархијата“, а Свети Василиј Велики поради тогашнoто комбинирање на научната слика на светот со теологијата итн.

Сепак, лично, пред критичкиот став на сомнеж и оспорување, би ја ставил слободата во Христа и Црквата. Во последно време забележувам дека поедини личности со радост зборуваат дека „Црквата не го прави добро ова или она“ или укажуваат на „историски пораз на Црквата“. Мислам дека тоа е менталитетот на постмодерното време. Меѓутоа, ако се обратиме кон Отците на Црквата, ќе ја видиме нивната „луда љубов“ за Христа и за Црквата, која тие не ја сфаќаат просто како јерархија или институција (таквото сфаќање преовладува во денешниот теолошки дискурс), туку како Црква, како „Пасхалната тајна Христова“ и „предвечниот совет Божји“, Црква, чии корени се пред создавањето на светот и која се поистоветува со идното Царство.

Мислам дека во денешната неподдржана слобода да се критикуваат „сите и секого“ треба да се пронајде мера, секогаш почнувајќи од себе самите… Дури тогаш свештеничките беседи, објавените црковни книги, трибини, црковни списанија ќе бидат сведоци на „богословито на изненадувањето“.

На прашањето за неговиот став по повод 800 години од добивањето на афтокефалност на СПЦ, како тој ќе го одбележи во својата епархија, но и неговиот поглед на личноста на Светиот Сава, првиот српски архиепископ, епископот Максим го дава следниов карактеристичен одговор:

Празнувањето на афтокефалноста, според моето скромно мислење, е празник на единството, а не празник на „независноста“. Бидејќи Црквата, а преку неа и целото создание, има едно средиште кое служи како квасец на историјата, една благодат која осветува сѐ и секого.

Историските околности и расплети во 1219 година го доведуваат Свети Сава во Никеја и што се случува: тогашниот Вселенски патријарх, завиткан во одеждата на немоќта (засолнет и прогонет во Никеја), потполно го игнорира канонскиот епископ на српските области, а тоа бил Охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан, и доделува „автокефалија“ на српската држава. Овој историски момент од 13-от век е интересна, но и силна аналогија на некои нови случувања во православниот свет.

Всушност и целиот Савин живот ќе биде проткаен со парадокси. Бегајќи од родителите, ќе биде фатен во мрежата на Духот Свети, за подоцна, и своите сонародници да ги „приведе“ во Христовата мрежа. Монахот со желба за испосништво ќе биде исклучителен градител, редок дипломат, одлучен епископ-управител… Син „непослушен“ на таткото, ќе направи таткото да му биде послушен на синот, па Сава на Света Гора ќе го доведе Немања (1197). Од мноштвото можности и правци, Сава на својот животен пат ги одбира следните координати: Света Гора, Константинопол, Студеница, Ерусалим и Светата Земја, Србија, Византија, Солун, Александрија, Египетската пустина, Синајскиот манастир… со една реченица, совршена топографија за совршена света биографија.

Овој необичен човек, тајната на Христовиот начин на присуство ќе ја претвори во свој modus existendi. Со своето присуство ќе ја восхитува и преобразува секоја средина: црковна, општествена, политичка, интернационална… па потоа да побрза да отсуствува, и од кое отсуство продолжувал да испраќа благослови. Овој христолик човек сите свои сили и дела ги ставал во служба на другите, а се потпишувал со зборовите „најнедостојниот меѓу грешниците – Сава“. „Присуство во отсуство“ ќе биде Савиното таинствено мото и модус кој може да се примени врз целиот негов живот: со своето отсуство својот татко ќе го привлече на Света Гора, со отсуство ќе дејствува од Студеница, од Светата Земја, а потоа трајно, од Царството Божјо. Неговите излегувања во текот на денот траеле толку колку што би му помогнал на некого, би поддржал, укрепил, вдахнал, а потоа се повлекувал. Спротивно на светските манири, тој своето место го отстапувал на другите, и во почетокот и на крај: предвидениот царски престол им го препушта на браќата, а архиепископскиот трон на Арсениј. И притоа, во осамеништво постигнува единство со сите, исполнувајќи ги зборовите на древниот монашки Патерикон. Во неговата смиреност Господ му дарува моќ за соединување на разделените, и пронаоѓање пат на загубените.

Спротивно на нашите денешни манири, Сава не ги спротивставувал Истокот и Западот, туку тежнеел кон нивна синтеза. Како што вели Св. Николај Жички, „во него се сретнале Истокот и Западот во полна хармонија. Бил наклонет кон длабоко размислување како источњак, а енергичен во дејствувањето како западњак“. Тоа е модел, како за она време тогаш, така и за нашето…

Длабокото усвојување на преданието на Великата Константинополска Црква и Сионската Црква на Ерусалим го возвишило Сава на едно друго ниво на духовно-културно образование: архитектура, иконографија, музика, поезија… 

Ете, славејќи ја јубилејната автокефалија, доколку во неа не ги вклучиме сите, Истокот, Западот, Северот и Југот, ние нема да бидеме на висината на задачата која нам ни ја постави Сава Немањиќ.

Како коментар за новите „бранувања“ на сеправославно ниво, епископот Максим го кажува следново:

Имаме бранувања. Оној кој ја следи историјата „однатре“ знае дека за носењето на пресуди треба да се почека, а особено треба да се избегнува осудувањето. Историјата на Црквата нѐ учи дека Промислата Божја се открива преку потресни и парадоксални настани. Соборите на Црквата во општење примале расколници и на најмал знак на покајание. Свети Јован Златоуст како цариградски архиепископ потполно „неканонски“ интервенирал надвор од својата јурисдикција во Мала Азија и во свое време бил осудуван поради тоа, но тоа било пастирски благотворно и историјата покажа дека неговата постапка има сотириолошки димензии.

Спомнавме дека во 1219 година Вселенскиот Патријарх потполно ја игнорирал канонската ситуација во областите на Стефан Немања кои, важно е да се истакне, потпаѓале под јурисдикцијата на Охридскиот Архиепископ Димитриј Хоматијан (инаку, еден од најугледните каноничари на доцна Византија) и спротивно на каноните додели „автокефалија“ на Српската држава. Денес сите ние сме горди и радосни заради тој смел, инаку неканонски чин. Сегашното превирање во Украина е еден привремен проблем и верувам дека ги нема оние геополитички димензии кои му се припишуваат. Ако Црквата би се поделила заради една канонска турбуленција, тоа би значело дека не била толку голема, но мала и уште пред тоа изгубена. Ќе го изнесам моето скромно мислење за кое знам дека е „малцинско“: Верувам дека крајната цел на интервенцијата на првопрестолната Црква не е заземање на еден географски простор, туку внесување во литургискиот свет огромна големина на украински народ, којшто од разни, оправдани или неоправдани причини, досега останал надвор од дометот на Евхаристијата на вистинската Црква… Оној пак дел на Црквата којшто на таа територија веќе се наоѓа во полнотата на Црковниот живот, не треба да негодува, но молитвено да ја препознае приликата со којашто сонародниците на поинаков начин влегуваат во благодатниот простор на истата Црква. Треба да веруваме дека Црквата ќе ги надмине искушенијата и дека сите, можеби, ќе бидат благодарни што се појавиле такви искушенија. Црквата Христова историски победува тогаш кога привидно губи. Можеби со овој потег Цариград е во загуба како што тоа го гледа Москва и многу други. Меѓутоа, долгорочно гледано, можеби ова е квасец на некое подлабоко единство кое ќе дојде после нашето поколение. Вартоломеј на себе презеде крст на една историска одлука и дури понатамошната историја – а не сегашниот момент – ќе покаже дали бил во право.

Превод и коментар: Филип Тинтоски

 

Извор: Бигорски манастир

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная