21 јули / 3 август 2016 лето Господово
Претседателот на Синодалниот оддел за односи на Црквата со општеството и медиумите, Владимир Легоида, истакна дека Црквата, социјалните разлики и социјалната неправедност ги смета за едни од најголемите и најсериозните проблеми во современото руско општество, чиешто решение е возможно само по пат на милосрдие.
Зборувајќи за разликите помеѓу богатите и сиромашните, Легоида го сподели впечатокот од посетата на неговата пријателка, која е истакнат научник во поодмината возраст: „Неодамна бев во домот на еден истакнат, извонреден научник и прекрасен човек. И кога видов како таа живее, мене просто ми дојде да заплачам од болка. Ништо не може да го оправда тоа што луѓето кои толку многу направиле за својата Татковина, живеат на тој начин.Недостатокот на законски регулативи да се направи нешто, не смее да биде причина за апсолутната морална незаинтересираност“, изјави Легоида.
Претседателот на Одделот за односи на Црквата со општеството и медиумите, напомна и дека онаму каде што законот не може да ја изедначи социјалната разлика, таму постои место за христијанско милосрдие, чијшто извор е во Самиот Христос - Распнатиот на Крст.
„Црквата го преобразува срцето на човекот до тој степен што повеќе нема да биде потребно од убедување во неопходноста од милосрдие“, истакна претставникот на Црквата.
„За да се измени животната средина треба да почнеме од самите себе: да љубиме, да им правиме милостина на ближните, на оние кои имаат потреба од помош“, заклучи Легоида.
Извор: Синфо
Преземено од: Бигорски манастир