21 јули 2016 лето Господово
Во Руската Црква се разработија методолошки упатства за спроведување лекции во училиштата посветени на подвигот на новомачениците и исповедниците, коишто пострадаа заради верата за време на болшевичката власт.
„За државните и општински образовни организации, тој курс е препорачан да биде надвор од предавањата, во изборните активности, за да се фокусираат вниманието на децата врз подвигот на сонародниците кои пострадаа за христијанската вера и нивната верност кон Црквата во текот на првата половина од XX век“.
Ова се кажува во документот, подготвен од специјалисти при Синодалниот оддел за образование и катехизација, во врска со 100 – годишнината од Октомвриската револуција. Особено внимание се препорачува да се оддели на проучување на подвигот на царското семејство на Николај II. Се предлага децата да посетуваат музеи, споменици на новомачениците како што е Бутовскиот полигон во Подмосковјето, да одржуваат средба со блиски, духовни чеда, проучувачи на подвигот на новомачениците кои собираат материјали за нивниот живот, како и да учествуваат во изложби со таква тематика, конференции и семинари и филмски проекции.
Извор: Двери
Преземено од: Бигорски манастир