Грузискиот Патријарх Илија II: „Со нас е Бог. Овие зборови се запишани во Библијата.“ (04.01.2015 22:53)
По повод 37-годишнината од неговото востоличување, Католикосот-Патријарх на Грузија Илија II заедно со членовите на Светиот Синод отслужиле Литургија во патријаршиската катедрала во М’цхета, градот кој оваа година е објавена за „Свет град“. Во беседата, меѓу другото, Патријархот изјавил: „Бог е со нас. Овие зборови се запишани во Библијата. За време на моето интронизирање како Патријарх, на 25 декември 1977 година, имав чувство дека Бог беше со нас. Гледав и насетував колку беше заслабната Грузија и нашата Црква тогаш. Истовремено, почувствував дека Господ беше многу блиску до нас, и навистина беше така. И за сите ови 37 години јас никогаш не очајував. Секогаш имав надеж. Зашто ја видов милоста Божја, ја видов благодатта како се излева врз Грузија.“
Понатаму во обраќањето, Патријархот говорел за искушенијата со кои се соочува секој човек, а кои Бог ги допушта поради Неговата љубов, а преку кои се согледува Неговата милост. Времето на неговата патријаршиска служба тој го нарекол „сончева ноќ“, додавајќи: „Беше ноќ, но го видовме сонцето; видовме надеж и Му благодариме на Бога за неа.“
На крајот од неговата беседа, на Патријархот му се обратиле Митрополитот г. Давид (во име на свештенството) и грузискиот Премиер, г. Ирикли Гарибашвили (во името на народот), кои длабоко му се заблагодариле за сè што направил за време на неговата досегашна служба.
Извор: Православие.ру
Преземено од: МПЦ-ОА