09 декември 2014 лето Господово
Во едно семејство во Грузија уште од крајот на јули обилно мироточи иконата на преподобно исповедникот Гавриил (Ургебадзе). 192329.p.jpg Тоа е младо семејство со две мали деца. За нив се зборува како за многу добри луѓе. Тие веруваат, но сѐ уште не се оцрковени, се вели во емисијата на ТВ. Грузиска Патријаршија.
Раскажува Мака, сопственичката на иконата: „Оваа икона ние ја купивме за Пасха. Ѝ го доделивме нејзиното должно место во семејниот иконостас. Пред околу три месеци таа почна да мироточи. Ја избришав иконата и забележав дека платното со кое ја избришав беше лизгаво. Тогаш се зачудивме зошто и што се случува со иконата. Започна многу обилно мироточење. Мирото тече по целата површина на иконата. Пред една недела се слушна звук на кршење стакло. Утрото, рано в зори во 04:00 часот го слушнавме тој звук. Можете и сами да видите како тече мирото од иконата“.
Неодамна членовите на семејството му ја покажаа иконата на Патријархот Илија II. Тој беше многу среќен и ги благослови, и рече светињата да се остави во семејството.
„Ние разговаравме со Патријархот“, рече Мака, „тој нѐ благослови и рече дека е големо чудо што не се случува во секое семејство. Нас нѐ интересираше зошто слушнавме звук на кршење стакло. Патријархот рече дека очигледно нас нѐ „чекало некое поголемо тешко искушение, но иконата го зела тоа искушение на себе и не дозволила да се допре до вас“.
Мирото се собира во посебен сад затоа што мироточењето е многу обилно. Духовништвото што доаѓа го собира за со оваа светиња да ги помаже парохјаните, соопштува телевизијата на Грузиската Патријаршија.
Извор: Православие.ру
Извор: Бигорски манастир