Патријарх Кирил:на народот Божји особено сега му се потребни вистински пастирир
07 јуни 2014
Патријархот на Москва и цела Русија Кирил на 04 јуни 2014 год., го поздрави17.jpg митрополитот Одески и Измаилски Агатангел, како и ректорот, професорите и студентите на Духовната Семинарија во Одеса по повод нивниот соборен ден, соопштува „Православна Одеса“.
Патријаршиски поздрав на попладневниот собир на духовната семинарија во Одеса
До Неговото Високопреосвештенство митрополитот Одески и Измаилски Агатангел
До Неговото Високопреподобие, архимандрит Серафим (Раковски) ректор на духовната семинарија во Одеса.
Ваше Високопреосвештенство! Ваше Високопреподобие! Многу почитувани професори и наставници, драги студенти! Срдечно ве поздравувам на овој ваш соборен ден на Одеската Духовна Семинарија и завршувањето на учебната година.
Денес е радосен миг за следната генерација на студенти кои го завршија курсот во една од најпознатите семинарии на нашата Црква, во околности замрачени од трагичните собитија. Длабоко сочувствувам со страдалниот народ на Украина и огнено се молам за скоро прекинување на крвопролевањето и воспоставување на мирот и поредокот.
Сега е неопходно да се мобилизираат сите духовни сили за да може да се спротивставиме на омразата и суровоста, со она оружје што ни го предал Господ: силната вера, искрената љубов кон ближните и далечните, солидарноста кон оние што страдаат. Зашто секое зло во светот произлегува од недостаток на љубов и денес сите ние особено силно го чувствуваме тој недостаток. Затоа, главните наши усилби треба да бидат насочени кон тоа со дело да покажеме спремност да го љубиме секој човек, без разлика на националноста, политичките определби и вероисповедта.
Љубовта – тоа не е чувство на сожалување; љубовта – тоа е една дејствителна, креативна сила. Љубовта бара од човекот самоодрекување, бара да се застапуваме за ближниот до спремност да го дадеме за него и својот живот (сп. Јован, 15, 13).
Меѓу вас, драги дипломци, веќе има служители пред Престолот Господов, има и такви кои во најскоро време ќе примат свештенички чин. Не заборавајте дека народот Божји, особено денес има потреба од вистински пастири, спремни да ја положат душата своја за овците Христови (Јован, 10, 11), и нелицемерни, со љубов која не го бараат своето (сп. 1, Кор. 13, 5) што го разликува вистинскиот пастир од наемникот.
Вам, драги наставници, професори, студенти и дипломци ви посакувам, духовни сили, трпение, упорност и истрајност во искушенијата и храброст и помош одозгора во вашето служење.
Милоста Божја да биде со сите вас
+ Кирил, патријарх Московски и на цела Русија
Извор: Православие.ру