логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Небогоугодна ревност -    
архимандрит Лазар Витанијски
  
          stefan.zima1.jpg 

 Дрвото на добродетели кое не е вкоренето во животворната и длабока почва на Христовите заповеди, секогаш однатре е изедено и растргнато од црвот на суетата и лицемерието. Ние честопати, ни самите не станувајќи свесни за тоа, поттикот и силата за вршење на видливи и значајни дела ги добиваме од тајната желба да стекнеме пофалба и слава од луѓето. Оваа желба толку длабоко лежи во нас, и толку често и секаде се среќава во луѓето, што со право може да се каже дека ретко кое наше дело е чисто од оваа лицемерност. Неа многу тешко можеме да ја воочиме во себеси. Но, кога ситуацијата околу нас ќе се промени, кога ќе си отидеме од средината во која нашите подвизи на луѓето кои нè опкружуваат им се чинеле возвишени и ја предизвикувале нивната пофалба на наша сметка, веднаш се покажува дека заедно со тоа нагло опаѓа и нашиот интерес да ги продолжиме нашите  подвизи. Многумина тоа јасно го забележуваат кога ќе отидат во манастир: манастирската самотија и „монотонија”, отуството на внимание на луѓе од светот, на поранешниот мирјанин, кој до доаѓањето во манастир живеел подвижнички во светот, многу често го наведуваат да ги остави своите претходни подвизи. И наскоро тој, едвај, со последните сили, ги извршува и наједноставните послушанија: тежок му е и најмалиот труд, нестрпливо стои на молитва во храмот итн. Меѓутоа, кога во манастирот ќе дојдат гости, кога ќе се појави мноштво на нови лица (на пример, на големите празници доаѓаат верници-мирјани), овој искушеник одеднаш како некако да оживува, станува бодар и енергичен, во него повеќе нема никаква тромост, подготвен е да направи сè што му се налага. Што е причина на таквата промена на расположението? Зарем не е во тоа што ние, подвизувајќи се опкружени од многу луѓе, од нивното внимание и пофалби го црпеме оној сок и енергија, која однатре ја храни и придвижува сета наша световна, гревовна дејност, а тоа е – световната гордост, од која многу често израснува и нашата ревност за подвизи, и многу други работи што наводно ги правиме заради Бога. А само колку пати Самиот Господ Исус Христос ги предупредуваше Своите ученици и Своите следбеници да се чуваат од ова лицемерие, да не прават благочестиви дела за да ги видат луѓето, туку тајно, пред Небескиот Отец.
            Многу поучни раскази за ова се среќаваат во Старечникот.
            Авва Евстатиј зборувал за себеси: „Додека живеев во светот никогаш не вкусував храна пред заоѓањето на сонцето. Кога седев во продавницата не ја испуштав книгата од раце: моите робови ја продаваа и ја примаа робата, а јас самиот непрестајно читав. Во среда и петок им делев милостина на сиромашните. Кога ѕвоната почнуваа да ѕвонат, итав во црквата и никој не стасуваше во неа пред мене. Кога излегував од црквата ги повикував со мене бедните, кои беа таму, во својот дом и тие со мене ја делеа трпезата. Кога стоев во црквата на бдение, никогаш не задремував и се сметав себеси за голем подвижник. Сите ме славеа и почитуваа…
            Кога ми умре синот, од голема тага се разболев и едвај се опоравив. Потоа се подвизував колку што можев и повеќе не се допирав до мојата сопруга: живеев со неа како со духовна сестра. Кога ќе се случеше да видам монах од скитот, го повикував во својот дом да го сподели лебот со мене. Овие монаси ги прашував за чудата кои ги прават светите старци и малку по малку во мене се појави желба за монаштво. Својата жена ја одведов во женски манастир, а самиот појдов во скитот кај авва Јован, когошто го познавав. Од него го примив монашкиот потстриг. Блажениот освен мене имаше уште двајца ученици. Сите, гледајќи дека премногу се трудам во црквата, многу ме почитуваа.
            Во скитот поминав околу пет месеци и многу почна да ме вознемирува демонот на блудот, потсетувајќи ме не само на мојата жена туку и на робинките кои ги имав во својот дом. Борбата не ми даваше да здивнам ниту за момент. Светиот старец го гледав како ѓавол и неговите свети зборови ми изгледаа како стрели кои ме рануваат. Кога стоев во црквата на бдение не можев да ги отворам очите од сонот кој ме обземаше, така што не еднаш, туку неколку пати паѓав во очајание. Ме мачеше и демонот на лакомост, толку многу ме измачуваше, што честопати ги земав остатоците од лебот и тајно јадев и пиев. Не треба многу да се говори, помислите ме наведуваа да излезам и да побегнам од скитот, да отидам на исток, да се населам во градот во кој никој не ме познава и таму да се предадам на блуд или да се оженам. Откако во таква опседнатост со валкани и лукави помисли поминав петнаесет месеци, еднаш сонував како се наоѓам во Александрија и доаѓам да се поклонам на светиот апостол Марко. Кога: види! Одеднаш ме пресретна множество Етиопјани. Тие ме грабнаа и ме опкружија, па како да се разделија на две групи. Донесоа црна змија со која ми ги врзаа рацете, а друга змија завиткаа во круг и ми ја ставија околу вратот: и уште ми ставаа други змии на рамениците и тие ми се припиваа до ушите, а исто така и ме опашаа со змија. Потоа доведоа жени Етиопјанки кои некогаш ги имав во својот дом и тие почнаа да ме бакнуваат и да ми плукаат во лицето. Нивната смрдеа ми беше неиздржлива! Змиите почнаа да ми ги јадат нозете, лицето и очите, а Етиопјаните кои стоеја околу мене ми ја отворија устата и со лажичка туркаа во неа нешто огнено, а потоа ме напоија со врела смола со сулфур…
            Бидејќи од овие привиденија викав во сонот, браќата дојдоа и ме разбудија. Бев сиот облеан во солзи. Станувајќи, поитав кај преподобниот старец и, паѓајќи пред неговите нозе, му раскажав сè по ред. Старецот ми го објасни значењето на сите измачувања кои ги видов и ми ја наведе нивната причина – моите страсти и скриените помисли. Потоа рече: „Знај, чедо мое, дека добрите дела кои си ги правел во светот биле измешани со вознесување и гордост. Твоите бденија, твојот пост, твоите постојани одења в црква, милостината која си ја давал, сето тоа било правено под влијание на човечка пофалба. Поради тоа ниту ѓаволот тогаш не сакал да те напаѓа. Денес, пак, гледајќи дека си се наоружал против него тој станал против тебе”. Старецот ме заколна секогаш да говорам за помислите кои ме вознемируваат и поучувајќи ме така, ме пушти да си одам. Оттогаш почнав да ги откривам своите помисли и да бидам спокоен” (11, стр. 102-105).
            Во напомена на оваа исповед св. Игнатиј говори: „Монашкиот подвиг се заснова на вистинско смирение, соединето природно со одрекување од своето „јас” при што монахот го вознесува Бога над човекот и сета надеж на спасение ја полага во Бога. Наспроти тоа, подвигот на мирјанинот, кој се состои од надворешни дела, природно го негува своето „јас” и го вознесува човекот над Бога. Поради тоа гледаме дека многу грешници стапувајќи во монаштво станале големи Светители, а дека познатите подвижници од светот, стапувајќи во монаштво, покажале многу умерен успех, а некои, дури, и пропаднале”.
            „Треба да се испита”, говори свети Јован Лествичник, „поради што мирјаните кои го минувале својот световен живот во бденија, пост и подвижништво, кога ќе прејдат во монашки живот, на боиштето на духовно искуство, далеку од човечките очи, го оставаат своето поранешно нечесно и лажно подвижништво. Видов многу разновидни дрвја на добродетели кои ги засадиле мирјани, а кои се хранат со суета како со гној од ѓубриште, кои се одгледуваат за да ги видат другите и кои се хранат со гнојот на човечки пофалби. Овие дрвја, бидејќи пресадени на пуста земја (на монаштво) која не ја поседуваат мирјаните и во која нема засмрдена вода на суета, веднаш се сушат. На дрвото кое е воспитано во световната удобност не му е својствено да расте и донесува плод на суровата почва на монаштвото” (Лествица, беседа 2).
            Во Константинопол живееле двајца родени браќа. Биле многу побожни и многу постеле. Еден од нив отишол во Раит, се одрекол од светот и се замонашил. По некое време неговиот брат мирјанин посакал да го посети монахот. Дошол во Раит и останал со монахот некое време. Забележувајќи дека монахот јаде во девет часот (три попладне) тој се соблазнил и му рекол: „Брате, кога живееше во светот, не си дозволуваше себеси да јадеш пред заоѓањето на сонцето”. Монахот му одговорил: „Кога живеев во светот се хранев со суета, слушајќи ги човечките пофалби: тие ми ја олеснуваа тежината на подвигот на постот”.
            Еден брат дошол на Хермејската гора кај авва Теодор, старец со возвишен живот и многу добродетели, и му рекол: „Отче, што да правам? Душата ми пропаѓа”. Старецот го прашал: „Зошто така, чедо мое?” Братот му одговорил: „Кога живеев во светот, многу постев и се вежбав во бдение, имав обилни солзи и умиление, чувствував ревност во себе, а денес, пак, кога се одреков од светот и станав монах, не гледам повеќе во себе ниту една добродетел”.
            Старецот му рекол: „Верувај ми, чедо мое, дека тоа што си напредувал во световниот живот, си напредувал поради гордоста и човечката пофалба, тие ти помагале, делувајќи лукаво во тебе. Твоето делување не Му било угодно на Бога и ѓаволот не те вознемирувал и не се борел против тебе и не го попречувал твојот успех. А денес, кога гледа дека си тргнал во војна против него, тој се наоружал и тргнал против тебе. Но, на Бога Му е поугоден еден псалм кој денеска го изговараш со смирение отколку илјада псалми кои си ги изговарал додека си живеел световен живот”.
            Братот рекол на тоа: „Отче, јас денес воопшто не постам, сите добродетели ми се одземени!” Старецот: „Брате, доволно ти е она што го имаш, трпи со благодарност и ќе ти биде добро”. Меѓутоа, братот останал упорен: „Навистина, мојата душа загина”.
            Тогаш старецот му рекол: „Брате, пази се да не ослаби твојата смиреномудреност, не сакав да ти го кажам она што сега гледам дека сум принуден да ти го кажам, затоа што си во состојба на очајание до која те довел ѓаволот. Слушај ги внимателно моите зборови. Твоето мислење дека си имал добродетели додека си бил во световниот живот ì припаѓа на гордоста: така и фарисејот ги уништил сите свои добри дела. Сега, пак, кога мислиш дека немаш ниедно добро дело, веќе самата оваа смирена мисла е доволна за твое спасение. Така бил оправдан и цариникот кој не направил ниедно добро дело. Грешен и мрзлив човек, но кој се кае со смирено срце Му е поугоден на Бога од човек кој прави многу добри дела и кој поради нив е заразен со гордост”.
            Братот, откако го слушнал ова, почувствувал во својата душа утеха и разрешување на своите недоумици. Му се поклонил на старецот до земја и му рекол: „Денес со твое посредување е спасена мојата душа” (11, стр. 336-337, с. 1)
            Сè што е речено, се разбира, не значи дека во светот не можат да се вршат вистински добри дела ниту дека сите Христијани мораат да одат во манастир за да се спасат. Ова, исто така, не значи дека ни е подобро да ги оставиме сите надворешни подвизи за да не паднеме во гордост и суета. Ова треба да нè отрезни, мора да нè наведе на духовно внимание и бдеење над себе, зашто во светот владеат разни страсти, како што говори и апостолот: похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот (1. Јов. 2, 16). Светот отсекогаш живеел со овој дух, но овие погубни страсти особено зацврснале во луѓето на нашево време. Поради тоа на секое наше дело, кое може да ни донесе пофалба или почитување, доколку не го посолиме со духот на смирението и самопонижувањето, задолжително ќе се прилепи погубната страст на суетата и гордоста. Секако, треба да се подвизуваме во светот, многу грижливо да се трудиме во своето надворешно однесување, да ги исполнуваме многуте телесни добри дела и подвизи, но човекот за сето време треба будно да го следи своето срце, за надворешното да не биде правено на штета на внатрешното. За да успееме во ова неопходно е постојано и правилно да ја проценуваме вредноста на севкупното наше внатрешно и надворешно делување, постојано да ја утврдуваме целта и на едното и на другото, и постојано да ја пронаоѓаме рамнотежата на едното и другото во својот живот.

 Извор:ПОВАРДАРСКА ЕПАРХИЈА

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3127
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7599
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная