логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 sv.jovan.zlatoust1.jpg

Зошто е неопходно да им се попречува влезот на страстите во душата
(Од 86. беседа на Евангелието од Матеј)
Лоша, многу лоша работа е да им се предава човек на лошите страсти, па затоа треба на секој начин да ги одбиваме и да им браниме да влезат во нас. Кога страстите ќе ја зафатат
душата и ќе почнат да ја владеат, тие, како оган што паѓа врз суви дрва, разгоруваат во неа страшен пламен. Затоа ве молам, употребете сè, за да им го попречите влезот, и не му
оставајте простор на никакво зло, смирувајќи си ја совеста со вакво размислување: што има врска ова или она? – кое што е погубно за душата. Зашто токму од таму се раѓаат безброј видови зла. Подмолниот ѓавол употребува големи лукавства, кога треба присилува а кога треба попушта за да го погуби човекот, и своето дејствување го започнува со нешто малечко.
Погледни: тој сакал да го доведе Саул до тоа да отиде да го   слуша брборењето на маѓепсницата.

Саул – првиот цар на Евреите. Историјата на цар Саул е изложена во Стариот Завет од Библијата, во Прва книга Царства. Тој бил избран од Бога и помазан со елеј (со помазувањето со елеј=масло се предавала Божјата благодат) од пророкот Самуил, кој е воедно и последниот судија меѓу избраниот еврејски народ и со кого завршува т. н. период на судиите во старозаветната историја на Евреите. Во почетокот Саул Му бил верен на Бога и покажувал особена ревност која, меѓу другото, се изразувала и преку тоа што ги прогонувал и протерувал од својата земја бајачите и гатачите, кои не Му биле мили на Бога и нивното дејствување било во спротивност со верата во Едниот Бог. Но подоцна почнал на се оддалечува од Бога.

Ако тој веднаш почнел да му го сугерира тоа на Саул, Саул не би го послушал. Навистина, како би послушал нешто такво тој што самиот ги истребувал маѓепсништвата? Затоа тој незабележливо и малку по малку го доведува до тоа. Првин, Саул не го послушал Самуила и во негово отсуство се дрзнал да принесе сепаленица, а кога бил обвинет за тоа, одговара дека бил присилен на тоа зашто бил притиснат од непријателите; значи, и тогаш кога би требало да му е жал, останал спокоен, како ништо да не направил. Потоа, Бог заповедал да бидат истребени амаличаните, но тој ни тоа не го исполнил. Понатаму следувале неговите зли намисли кон Давид – па така, незабележливо и малку по малку лизнувајќи се, тој веќе не можел да застане, додека најпосле не пропаднал во бездната на погибелта.
Истото се случило и со Каин. Ѓаволот не го навел одеднаш на тоа да си го убие братот, зашто не би ни успеал да

сепаленица – во Стариот Завет биле принесувани крвни жртви (добиток, птици, итн.), од кои еден вид била сепаленицата. Се разликувала од другите жртви според тоа што на жртвеникот било изгорувано целото месо од жртвата, а пепелта се развејувала.
амаличани – народ спомнат во Стариот Завет како непријатели на Евреите.
Давид – пророк и цар, врз кого Бог ја излева благодатта Своја откако ќе го напушти Саул. Поради омиленоста на Давид меѓу народот, како и поради тоа што насетувал дека Давид носи особен благослов врз себе, Саул почнува да го гони за да го убие, доживувајќи го како свој непријател и претендент на престолот. Давид и навистина го заменува Саул на престолот. Неговата историја е опишана во Прва, Втора и Трета книга Царства.


го убеди да го направи тоа, туку првин го наведува на тоа како жртва да го принесе полошото, вложувајќи му во душата чувство дека тоа не е никаков грев. Како второ, разгорува во него омраза и завист, убедувајќи го дека и тоа не е ништо. Како трето, го убедил да си го убие братот и да се затвори пред Бога во гнасното убиство. И не го оставил, сè додека не го довел до крајното зло.

Според тоа, злото треба да го отфрламе уште од почеток. Дури и ако првите престапи не повлекуваат по себе понатамошни престапи, и тогаш тие не треба да се потценуваат, зашто тие доведуваат до поголемо зло кога душата е мрзелива. Значи, неопходно е да се употребуваат сите можни средства за да се истребат пороците уште на самиот почеток. Не гледај на тоа дека гревот сам по себе е малечок, туку памети дека тој станува корен на големо зло, кога не му обрнуваме внимание и не работиме на тоа да се ослободиме од него.

Дали да ти кажам нешто што е навистина зачудувачко? Поголемите гревови не бараат толку грижа и труд колку малечките и незначителните. Самата специфика на гревот нè тера да ги одбегнуваме поголемите гревови, додека малечките, со самото тоа што се малечки, нè расположуваат кон мрзеливост и не ни дозволуваат смело да се зафатиме со тоа да ги истребиме. Затоа тие бргу стануваат големи, ако сме успани.

Се мисли на Каиновата одлука да Му „подметне” на Бога жртва не од најдобрите, туку од полошите плодови, со што се укажува на почетокот на лукавиот однос на Каин кон Бога.
да се затвори пред Бога – да остане непокајан, односно со луда надеж дека и без покајание работата некако ќе се поправи.


Тоа обично се случува и со телото. Така и кај Јуда се родило она големо зло. Да не мислел дека не е важно што краде од имотот на сиромашните, тој сигурно не би попаднал во гревот на предавството. Исто така, да не сметале јудејците дека не е важно што се заробеници на суетата, не би дошло до убиството на Христос. Па и секое друго зло обично се извршува на тој начин. Знаеме дека никој не станува нечесен брзо и одеднаш. Несомнено е дека во нашата душа постои некој вроден срам од гревот и почит кон доброто, па душата не може во еден миг да
дојде до таква бесрамност да отфрли сè одеднаш. Напротив, до конечната погибел таа слегува незабележливо, малку по малку, кога ќе стане мрзелива и нема да работи на себе. Така и идолопоклонството влегло во светот, кога се почнало со тоа прекумерно да се почитуваат луѓе, како живи, така и умрени. На истиот начин луѓето почнале да им се поклонуваат на извајаните ликови (статуи). Така, најпосле, се засилиле блудот и другите пороци. Забележи исто така: некој се насмеал неумесно, другиот му забележал за тоа; друг го отфрлил стравот, велејќи:
тоа не е ништо. Што има врска што се насмеал? Што лошо може да излезе од тоа? Но, од тоа излегуваат празни разговори, од таму излегува срамното зборување, а потоа и срамните постапки. Некој друг, кога му забележуваат што му се потсмева на својот ближен, се смее и зборува лошо, го презира тоа и вели дека да се зборува лошо за другиот уште ништо не значи. А всушност, од таму се раѓа неизмерната завист, непомирливото непријателство, бескрајните приговарања; а од приговорите – тепачките; а во тепачките често се доаѓа и до убиство.
И така, оној лукав демон од малечкото го доведува човекот до поголемото, а од поголемото до очајот, изнаоѓајќи така еден друг начин, не помалку погубен. Навистина, не убива, не погубува толку гревот, колку очајот. Оној што згрешил, ако остане енергичен, преку покајание набргу ќе ја поправи својата постапка; а кој очајува и не се кае, останува без поправка токму затоа што не го употребил покајанието како лек.


Јуда – Христовиот предавник, кој инаку бил задолжен да го чува ковчежето со прилозите за сиромашните од кое, како што сведочи светиот апостол и евангелист Јован, потајно крадел (Јован 12:6).

Извор:  http://preminportal.com.mk/pdf/Zosto.ne.biva.da.mu.posakuvame.zlo.na.drugiot.pdf

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3156
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7633
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

26/11/2024 - вторник

+Свети Јован Златоуст; Светите маченици Антонин, Никифор, Герман и Манета; Преподобниот маченик Дамаскин;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христови маченици Гуриј, Самон и Авив 15 ноември / 28 ноември 2024

Тропар на св.Христови маченици Гуриј, Самон и Авив 15 ноември / 28 ноември 2024

Избирајќи живот по вашата вера,наместо виделина од очите телесни,Гурие и Самоне, Бога го прославивтево вашето мачеништво, при вистината останавте и...

Тропар на светиот апостол Филип 14 ноември / 27 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Филип 14 ноември / 27 ноември 2024

Празнува вселената, ликува Етиопија,како со венец украсена, од тебе просветувајќи се,светло го слави твојот спомен,богоглаголив Филипе.Ги научи сите во Христа...

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная