логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Спасението

 Во делото на нашето спасение разликувајте две страни: уредување на спасението од страна на Господа Спасителот, или домострој на спасението и потоа примената на ова на спасението на секој поединец, или постигнувањето на поединечното спасение. Кај првото сè потекнува од Господа Спасителот, а кај второто постои и наше учество, кое е толку важно што претставува услов за спасение. Тука е од корист, освен нашето лично делување и помошта од другите; таа не само што е од корист, туку е и неизбежна, зашто ние како христијани сме едно тело... и стоиме во потребна врска и содејство. Тука значи и учителите, и помагачите, и застапниците... не се немоќни, зашто нивното поучување, помош и застапништво нам ни се од корист. Сепак, не треба да се мисли дека тоа на било кој начин ја намалува силата на првото, Божјо учителство, помош и застапништво, туку напротив: тоа ни го проведува и донесува ова првото...

 Бог морал нас да нè создаде без нас, но да нè спасе без нас не може.
 ... Текот на вечното предодредување за устројството на нашето спасение бил ваков: благоизволувајќи да го спаси човекот, Бог благоволил да избере средство за тоа – воплотување на Единородниот Син Свој – Божјото Слово. Следсетвено со тоа, сите кои се спасуваат морале да постанат синови Божји.

 ... Да би секој поединечно станал спасен преку Него (то ест, Христос), Нему треба да Му пријде по одреден пат и да го добие тоа спасение. Спасението му е спремно секому; но сам дојди и земи го. Тоа бара напори – и тоа не мали – и страдања, и опасности, и борби.
 Бог се сожалил на нас зашто не сакал да бидеме надвор од Него и да останеме отпаднати, туку благоволел да изнајде начин за поново соединување, кој се состоел во тоа што Синот Божји и Бог дошол на земјата и се воплотил, соединувајќи ја во Својата личност човечката и Божјата природа и со тоа на сите нам ни дал можност преку Него да се соединиме со Бога. Тие кои ќе поверуваат, се крштеваат и ги примаат другите Свети Тајни, живо се соединуваат со Спасителот, а преку Него и со Бога. Во тоа и е спасението!

 Вие се молите да ви се каже каде е подобро да се спасувате? А Бог не говори. Ако не говори, значи ви дава до знаење дека нема потреба за тоа да се молите... Зашто и во сегашната ситуација не постои ништо што би можело да го попречува спасението. Сè е во добрата волја и расположението на срцето. Во тоа и треба да се трудитее!.. Чувајте го она што го имате; а она што недостига, тоа додајте го... По која програма? Според блаженствата... Она што е напишано во блаженствата, сè треба да се задобие во срцето, и – рај!..

 Секаде е можно да се спасиме и спасението  не зависи од местото или надворешните околности, туку од внатрешното расположение. Ако верата е жива, ако нема гревови кои ја одвојуваат од Бога и ја гаснат благодатта Божја, ако постои општење со светата Црква и исполнување на сè што Црквата пропишува, ако сте верни и усрдни, тогаш вашата состојба е спасена и ви останува само да се чувате во тој поредок на животот, пребивајќи во сеќавање на Бога и смртта, и држејќи во душата секогаш скрушено и смирено чувство.

 Спасението не зависи од местото, туку од внатрешното расположение. Секаде е можно да се спасиме и секаде е можно да се погине. Првиот ангел меѓу Ангелите погинал. Апостол меѓу Апостолите во присуство на Самиот Господ погинал. А разбојникот на крстот се спасил! Бараш спасение? Добро! Барај! Спасение ни е потребно. Зашто го имаме Господа Спасителот, Кој ништо повеќе не сака и за ништо повеќе не се грижи отколку за нашето спасение. Нему прибегнувај Му и сеусрдно моли се да го уреди твоето спасение. Тој ќе ти помогне да избереш и место каде ти е подобро да се спасеш.
 Барате спасоносни лекции или одговори, како да ја спасете душата. На Спасителот Му поставиле такво прашање и Тој одговорил: ако сакаш да се спасиш, чувај ги заповедите. Тоа и јас ви го предложувам.

 Кои заповеди? Сите. Читајте го Евангелието, читајте го Апостолот... и пазете таму што се однесува на вас... Земете си го тоа како правило, а бидејќи без Божја помош во ништо не може да се има успех, тогаш пред сè молете се.
 Ако сте слободни да одите во црква, одете кога и да можете. А ако можете секој ден, одете секој ден. Давајте милостиња...
 Бидете смирени, кротки, секогаш полни со почитување, не спорете и не карајте се, некого не осудувајте.  Бидете попустливи... Имајте дух срушен и срце скрушено и смирено.

 Бојте се од Бога и исполнувајте ги Неговите заповеди... Зашто во тоа е спасението. Сакајте ја Црквата Божја. Со сите живеете во слога... не заборавајте да давате милостиња според можностите... Трпете го она што Бог ќе ви го испрати да го претрпите.
 Главно е – спасението на душата. Но душите ги спасува Спасителот, а не ние. Ние само ја сведочиме својата вера, својата преданост Нему, а Он по мерата на нашето приљубување во Него, ни дава сè што ни е потребно за спасение. Немојте да мислите дека самите нешто заслужувате, со своите напори. Заслужувајте со вера, скрушеност и предаденост на Бога. Правете што повеќе добра, помагајте им на оние на кои им е потребно.

 Некои сакаат да се спасат лежејќи на грб и посакувајќи спасението да дојде некако само од себе. Ако и вие боледувате од таа болест, тогаш треба да се излечите од неа, задобивајќи ревност за постигнување на спасението... и делото на спасението ќе почне да се одвива успешно. Да би ја поттикнале ревноста, појаснете си ја крајноста на состојбата во која се наоѓате. Секој момент може да ве снајде смртта, а потоа Суд и одлука дојди или оди! Ако тоа може да се случи секој момент, тогаш не треба да се дреме, туку треба да се стане и да се фатиме за работа... да се работи и да не се губи време. Да се работи што? Држете се со верата во Господа Спасителот и светата Црква Негова, оддалечувајте се од злото и правете добро со зборови, дела и помисли...

 На дело постои светлото раководење Божјо, со кое Тој сè и секого води кон конечниот крај. Никој не е заборавен. На сите им е Отец Бог. Колку е несреќен нашиот род, кога заради спасение му било неопходно Самиот Бог да слезе кај него, да ја прими неговата природа и во таа природа да му го прочекори патот за восходување онаму каде што е Тој Самиот – од десната страна на Отецот?

 Заповедано ни е спасението да го постигнуваме со страв и трепет, зашто одиме посреде замки, по гребен одиме над бездна или тесна патека која од обете страни има провалии...
 ... Додека постои дишење во ноздрите, надежта за спасение има основа и може да биде крунисана со успех. Треба само да му се пријде на Спасителот. А Тој никогаш не го одбива оној кој Му доаѓа.

 Ова ревнување е плод на благодатта. Господ ве повикал. Секогаш тоа исповедајте го со потполна благодарност. Ако ве повикал, нема да ве одбие, само немојте да се оддалечувате од Него. Зашто не е сè до Господ, туку постои и наш удел. Што е од нас? Делувањето со сите сили, да би Му се угодило на Бога. Угодувањето на Бога ќе постои додека има ревнувања. Кога постои ревнување, тоа се сведочи со жарлива грижа за спасение.
 Спасението може да се соврши во секоја ситуација. Главно е доброто расположение во срцето. Нему потоа треба да му се придодаде и (соодветен) телесен и надворешен живот. Господ нека ве вразуми.
 Каде што сè се одвива како подмачкано, таму е тешко да се спасува својата душа.

 Наджта и верата не можат да бидат цврсти без дела и напори околу спасението... Какви се тие дела и напори? 1) Да се има гадење кон сите гревови, не само кон гревовите на дело, туку и кон мислите на нив и кон сочуствувањата во однос на нив; 2) да се прифатиме за дела кои им се спротивни; 3) главно – да се избегнува угодување на телото... тоа треба строго да се казни, т.е. да се умртви; 4) да  се воспостави молитвено правило, домашно и црквоно... 5) да се доведат во ред надворешните односи и да се избегнуваат случаи, кои можат да поттикнат движење на страстите.

 Целокупното свое спасение треба да се предаде во рацете на Господа – тоа е најточен, најсигурен, најдобар и најмудар пат.
 ... Спасението не е врзано за местото. Тоа е можно секаде и во пракса секаде се постигнуува. Во манастир, како што и самите пишете, е секако полесно. Но и таму постојат препки. Тие кои се спасуваат секогаш одат по тесен и макотрпен пат. И никому уште не му паднало на памет тој пат да го опсипа со цвеќиња.


 Сета своја надеж положете ја на Господа и Тој ќе го уреди вашето спасение... зашто Тој е Спасител.
 „Направви ме служител на Светлината на Синот“. „Светлината на Синот“, тоа е спасението кое го уредил Господ и кое ни се дава на сите нас, ради верата и животот по верата. Служител на таа светлост е оној кој со вера и правење на секакво добро сесрдно му служи на Господа. Сила да бидеме такви ни дава Самиот Господ, во Кого се облекуваме на Крштението и со Кого најтесно се соединуваме во светото Причестување.

 Со своето страдање Господ го совршил нашето спасение. А ние себеси тоа спасение си го присвојуваме после (примањето на) Светите Тајни, сострадавањето Нему. Дух скрушен, срце скрушено и смирено даруј ни, Господи. Падовите во грев светиот Апостол ги нарекол второ распнување на Господа. Кога би можеле тоа да го почувствуваме... Колку тогаш би имало скрушеност, колку солзи, колку воздивнувања!!

 ... Ни Мајката Божја, ни Ангелите, ни светителите не се оние кои го произведуваат и даруваат спасението. Тие само молитвено застапуваат начинот кој Господ Спасителот го дал за сите, да биде применет и на нас, та ние со него и на негова основа да се спасиме... Господ е Спасител, а сите други се помагачи во дарувањето на спасението.
 Начинот на спасението кој го остварил Господ, можеме да го споредиме со болница која е востановена за сите... Лекарот е Господ и лекот е Негов, но извршители и учесници во делото на лечењето се Ангелите и светителите и служиелите на Тајните Божји.

 Даруван ни е само начинот на спасение или домостројот на Воплотувањето, а ничие спасение не се остварува туку така. Во спасението на секој човек неодложно учествуваат одлуките на неговата сопствена волја. Врз основа на тие одлуки, поради нив и непосредно после нив, доаѓа благодатта и го подига своето. Таа одлука лежи и воосновата на она што на секому му е дава на крштението, дури и кога тоа се извршува во детството.

 Повикан е оној кој отишол по призивот, покорувајќи ја својата слобода на гласот кој го вика.
 ... Тешко дека спасението би можело да биде извршено без исполнување на обврските кои ги наложуваат називот и положбата. Зашто бидејќи и едното и другото се од Бога, тогаш и едното и другото можат да бидат завртени или на угодување Нему, ако точно се исполнуваат или на навреда на Него, ако не се испочнуваат.
 Патот на спасението секако ви е познат. Ако сте се покајале и одлучиле да живеете исправно, тогаш треба без никакви отстапки да принесувате и плодови на покајанието во пост, молитви и помош на другите. Треба да се засака осаменоста, ќутењето и работата, за мислите помалку да би се расејувале. Лутањето на мислите ја раслабува добрата намера. На служби треба неизоставно да се оди, а дома да се вработиме со поклони. Добро е да се читаат книги спасоносни за душата, но не многу. Она малку што ќе се прочита треба да се запомни, да не би се читало залудно.

 Бараш спасение – добро дело бараш, душата е повредна од целиот свет. Но ништо не е полесно од пронаоѓање на спасението: зашто Го имаме Спасителот – Премудриот, Себлагиот и Семоќниот, Кој ништо така не сака како спасението на секого од нас. Нему обраќај му се, Него единиот моли Го Он Кој ги познава судбините ќе те доведе до спасението. Да се бара спасението, е исто што и да се бара Господ. А Господ е секаде, и каде и да е оној кој го бара, Тој е исто така тука... подготвен да се предаде себеси на оној кој го бара. Отвори му ги дверите на срцето и Тој ќе влезе... Така ќе го пронајдеш и Господа и спасението со Него... Знај го тоа... и тоа барај го. Господ сам на сè ќе те научи.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная