Суетата
Велите дека ве напаѓа духот на суетата. Чувајте се. Тоа е многуглава змија. Понекогаш се преобразува и во самото смирение... Суетата е фина, но душата секогаш ја прави груба. На оние кои попуштаат пред суетните помисли Господ брзо им ја одзема благодатта и им допушта да паѓаат. Дали е несреќата далеку? Пазете на себе.
... (Суетата) го прави човекот сличен на работник кој сè што ќе заработи истиот час го изедува, ништо не оставајќи за утре. Кој станал суетен, тој веќе ја примил својата плата; и во иднина не ќе има што да прими.
Најлошо од сè е – вознесувањето, суетата, осудувањето. Тоа се адски испарувања и смрдеа! Секако научете се себеси повеќе да се радувате кога кон вас се однесуваат со презир, кога ве прекоруваат и дури и кога ве навредуваат, отколку кога ви ласкаат и честитаат. Тој е најдоверлив пат кон смирението!
Добро е да не се седи во црква. Но ако се појави чувство на гордост заради долгото стоење, седете, за на гордата помисла кога ќе се појави би можеле да ú кажете: седев јас. Еден отец, кога се појавила помисла на гордост дека многу пости, излегол рано онаму каде што има многу народ, па седнал и зел да јаде леб. Во Киев некој многу постел и се држел осамено. Се појавила помисла на суета, а по неа и други искушенија. Му раскажал за тоа на покојниот старец Партениј. Овој му дал пари и го испратил на пазар: купи, вели, месо и изеди го таму пред сите. Тој така и направил, и сите искушенија поминале. Еве како отците се плашеле од суетата и како бегале од неа.
... Лествичник вели дека суетата е како трн – како и да го завртиш, оштрицата му е нагоре и боде.
(Продолжува)
Подготви: З. Д.
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (1дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (5 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (6)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (7)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (8)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (9)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (10)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (11)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (12)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (13)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (14)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (15)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (19)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (20)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (25)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (26)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (27)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (28)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (29)