Од љубов кон нас, по силата на секој од нас, Господ ни испраќа болести и страдања, но ни дава и сила да ги истрпиме, за да не направи соучесници во Своите страдања; кој тука нема да пострада заради Христа, ќе трпи грижа на совеста во идниот век. Господ не ни ги испраќа болестите и неволјите во гнев, и не ги испраќа заради казна, туку поради љубовта кон нас, иако тоа сите луѓе не можат секогаш да го сфатат. Болестите не потсетуваат на смртта, а за неа треба да се подготвиме.
Преподобниот старец Варсонуфиј не советува за време на болеста да не се молиме усилено за оздравување, зашто ние не знаеме што ни е корисно за душата.
Кога си болен, те молам земај лекови, зашто на многумина им е потребно твоето здравје.
Свети Теодор Студит
2023
ФБ Risto Tanev