„Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог“ (2. Мој. 20, 7), ако се колнеш заради нешто земно, и од страв од луѓето или заради некаква лична корист. Престапувањето од клетвата е одречување од Бога. Затоа, не брзај да се заколнуваш; воопшто одбегнувај да се колнеш, плашејќи се да не паднеш во клетвопрестапништво, да не отстапиш од Бога и да не бидеш вброен кон беззакониците:
Биди вистинољубив во сите твои зборови; со тоа тие ќе бидат поткрепувани како со заколнување. Ако ти се случи некогаш, без потреба, да се врзеш со заколнување, кога тоа ќе биде сообразно со Божјиот закон, тогаш, и постапи така, ако е тоа согласно со Божјиот закон, а својата кривица за тоа што си постапил така, очисти ја со милостина, молитва, плач, и некој телесен подвиг, умилостувајќи Го Христа, Кој ни рекол да не се колнеме и да не се заколнуваме.
А, ако некогаш се заколнеш дека ќе направиш нешто што е против Законот, тогаш, настојувај да не го направиш тоа само затоа, зашто си се заколнал, за да немаш еднаков дел со пророкоубиецот Ирод. Остави ја таа противзаконска клетва неисполнета, а потоа, вети дека нема да се заколнуваш воопшто, и побрзај да Го умилостивиш Бога, ползувајќи се со посочените лекарства.
Свети Григориј Палама
Православен Источник ·-фб јули 2023