Дева- Мајка е единствена граница помеѓу созадената и несоздадената Божестевна природа.
И сите што Го познаа Бог, Ја познаа и Неа како место на Несместливиот.
И сите кои Го восхвалуваат Бог, Ја воспеваат и Неа после Бог. Таа е причина на некогашните благослови и дарови на човечкиот род и Дарителка на сегашните и Посредничка на вечните.
Таа е основа на пророците, почеток на Апостолите, потврдување на мачениците, основа на учителите.
Таа е слава на оние што се на земјата, радост на оние што се на Небесата, украс на сето создание.
Таа е почеток, извор и корен на надежта кој ни е подготвен за нас на Небесата, да се удостоиме сите да добиеме по Нејзините молитви за нас, во слава на Родениот пред векови од Отца и во последно време Воплотенен од Неа Исус Христос, Нашиот Господ.
Свети Григориј Палама