логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

а.) Адам откако ја прекршил Божјата заповед, ја послушал лукавата змија, му се предал на ѓаволот и станал сопственост негова, та во неговата душа – во ова прекрасно создание – се облеол ѓаволот. Душата станува тело на лукавата темнина, се додека во неа живее духовнататемнина. Таму живее лукавиот во својата темнина, како што и апопстолот, спомнувајќи за телото на гревот и телото на смртта говори: “Да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот“(Рим. 6,6) и уште: “Кој ќе ме избави од телото на оваа смрт?“(Рим. 7,24)? Душата не е создадена од божјата природа, ниту е од природата на лукавата темнина, туку е разумно создание, исполнета со убавина, радосна и чудна. Таа е прекрасно подобие и образ Божји, а лукавството на темните страсти навлегло во неа, поради непослушноста и престапот.

1. Лукавиот кнез – царството на темнината, го заработил човекот, ја облекол душата со власта на темнината, онака како што го облекуваат човекот, за да го направат цар и да му дадат царска облека, така што од глава до пета да биде облечен како цар. Така и лукавиот кнез ја облекол душата во гревот, ја облекол целата нејзина природа; целата ја осквернил, целата ја заробил во своето царство, не оставил во неа, слободен од својата власт ни еден нејзин дел: ни помислите, ни умот, ни телото, туку ги облекол во порфирот на својата темнина. Како што за време на болеста во телото не страда само еден негов дел, туку целото е подложено на страдање: така и целата душа пострадала од немоќта на порокот и гревот. Лукавиот сета душа ја облекол во својата злоба – во гревот; на тој начин телот станало страдално и гниежливо.

2. Кога апостолот говори“Го соблековме стариот човек со неговите дела“(Кол. 3,9), тој го подразбира совршениот човек, кај кого, на очите им одговараат свои очи, на главата своја глава, на ушите свои уши, на рацете свои раце и на нозете свои нозе. Зашто лукавиот го осквернил и го повлекол кај себеси целиот стар човек, осквернет, нечист, богоборен, непокорен на Божјиот закон – во самиот грев, зашто тој веќе негледал како што сакал, туку гледал лукаво, слушал лукаво, нозете негови брзале кон лошите дела, рацете негови правеле беззаконије и срцето негово го помислувало лукавството.

3. Стариот човек го соблекол од себеси совршениот човек и ја носи облеката на царството на темнината, облеката на хулата, неверувањето, лишеноста од стравот Божји, надуеноста, гордоста, среброљубието, похотта и другите облеки од царствотона темнината – нечисти и осквернати.

4. Токму тоа и го барал непријателот: преку Адамовиот престап, да го рани и помрачи внатрешниот човек, неговиот ум што владеел и Го гледал Бога и неговите очи, кога веќе не ги гледале небесните блага, прогледале за гревот и ги гледале пороците и страстите.

5. Духовите на злобата ја врзуваат паднатата душа со веригите на темнината. Затоа таа неможе, како што сака и колку што сака да верува во Него, ниту, колку што сака, да се моли затоа што од престапот на првиот човек; човекот бил совладан и неможел ни јавно ни тајно да му противставува на злото.

б.) Гледајќи ја таквата лоша состојба, Бог и ангелите го =алеле паднатиот човек.

6. Во оној ден кога паднал Адам, дошол Бог, и одејќи во рајот, го видел Адама, се исполнил со жалост и му рекол: “Имајќи толку големи благ, како можеше да го избериш злото! По таква слава, како го носиш врз себе срамот! Зошто си сега така помрачен, без никаков вид? Зошто си извалкан? По таква голема светлина каква темнина те покрила! Кога паднал Адам и умрел за Бога, Создателот зажалил по него;ангелите, сите сили, небесата, земјата, сите созданија ја оплакувале неговата смрт и неговото паѓање. Зашт сите созданија виделе дека оној што им бил даден за цар, станал робна спротивната и лукава темнина; се облекол со темнина, со темнина лукава и горчлива ја облекол својата душа и кај него се зацарил кнезот на темнината. Тој бил оној патник што бил нападнат од разбојници, покриен со рани и оставен полумртов, кога одел од Ерусалим во Јерихон.

в.) Сепак правдата го подложилана праведна казна, тој е оставен како запустен дом.

7. Адам откако ја прекршил заповедта, бил истеран од рајот, и го навлекол врз себе Божјиот гнев, како што некогаш гневејќи се против Евреите, Бог го предадил Ерусалим да биде посрамен од непријателите, оние што ги мразеле, почнале да владеат над нив, па затоа таму немало ни празници ни жртви, таму, откако се прогневил на човечката душа за отстапувањето на заповедта, им ја предал на непријателите, демоните и страстите. А тие, откако ја измамиле, потполно ја уништиле, и не останало во неа и ни празник ни темјан, ни жртви кои Му ги принесувала душата на Бога; сите патишта што воделе кон Бога биле исполнети со диви ѕверови, а во неа се вгнездиле влекачите – лукавите духови. И како што домот, во кој не живее сопственикот, се исполнува со темнина, гордост, нечистотија и ѓубре, така и душата, ако Господ не владее со неа заедно со ангелите, се исполнува со гревовна темнина, со срамни страсти и со секакво понижување.

8. Бидејќи човекот за својата непослушност бил проколнат од Бога: земјата да му раѓа трње и чички(1.Мој. 3,18), тој ја обработувал земјата а таа не му ги давала очекуваните плодови: на земјата растеле трње и чички. Непријателите со измама му ја одзеле славата и го облекле во срам. Му била украдена светлината и бил облечен во темнина. Ја убиле неговата душа, ги распнале и разделиле неговите помисли, го урнале неговиот ум од висините, и човекот – Израилот, станал роб на вистинскиот фараон, а тој поставил над него управители и надѕиратели – лукави духови, кои го тераат човекот волно и неволно да извршува лоши дела – земни, нечисти и да изговара зборови срамни; да мисли и да размислува за она што е суетно. Па така, душата , која паднала од својата височина била пречекана во царство, во кое ги мразеле луѓето, и каде владееле жестоки кнезови, кои ја тераат да изградува гревовни градови на порокот.

г.) Како последица на гревовното паѓање, целото создание и целиот човечки род потпаднале под тиранија на духовниот непријател и на страстите.

9. Замисли некој многу богат цар, чии слуги се секогаш готови да му служат, кого го фатиле неговите непријатели и го одведиле во ропство. Штом го фатиле и одвеле, неговите великодостојници морале да појдат по него. Така и Адам бил создаден чист од Бога, за да Му служи; нему му биле дадени сите созданија, за да му служат, зашто бил поставен за господар и цар над сите созданија. Но штом се доближил до него лукавиот демон и поразговарал со него, - Адам во почетокот го примил само со својот надворешен слух, а потоа тој навлегол и во неговото срце и го опфатил целото негово суштество. На тој начин по неговото заробување, заедно со него биле заробени и сите негови созданија, кои му биле послушни и кои му служеле. Преку него смртта се зацарила над секоја душа. И поради тоа, поради неговата непослушност, се изменил Адамовиот лик, така што потоа се измениле сите луѓе и почнале да им се поклонуваат на демоните. Па почнале и земните плодови, создадени така прекрасни од Бога, да им ги принесуваат на демоните. На нивните жртвеници им принесувале леб, вино, елеј и животни. Па дури и своите синови и ќерки им ги жртвувале на демоните.

10. По Адамовиот грев, душевните помисли, одвоени од Божјата љубов, се расеале по овој свет и се измешале со земните помисли. Веднаш по прекршувањето на Божјата заповед, Адам го примил во себеси квасецот на опасните страсти, така што и оние кои се родиле од него и целото негово потомство, по наследство го добиле овој квасец на злото во себеси, а со постепено напреднување и растење во луѓето се умножувале гревовните страсти, така што прераснале во прељубодејствија, извртености, идилослужења, убиства и други одвратни дела, се додека целото човештво не скиснало со пороци. Злото во луѓето пораснало толку многу, така што помислиле дека нема Бог и почнале да им се поклонуваат на мртвите камења; дури неможеле да имаат поим за бога. До таков степен квасецот на опасните страсти се умножил во родот на древниот Адам.

11. Откако се оддалечил од заповедта и се потчинил а гневното осудување, човекот бил заробен од гревот и како некоја бездна на горчевина, прозрачна и длабока, навлегла во него и завладеала и со најскришните пори на неговата душа. Затоа и душата и гревот што навлегол во неа ги споредуваме со огромно дрво, кое има многу гранки и корења во длабочината на земјата. Така и гревот, кој навлегол во душата, завладеал со нејзините длабочини, се претворил во навика и предубедување, та уште од детство во секого расте, се развива и го учи на она што е зло.

12. Лазар, кого го воскреснал Господ, оној Лазар, кој бил исполнет со голема смрдеа, така штт никој неможел да се приближи до неговиот гроб, го имал образот на Адама кој го примил во својата душа и се исполнил со црнина и темнина. Но ти кога слушаш за Адама, за оној што бил испотепан од разбојници и за овој Лазар, не му дозволувај на твојот ум да талка како по планина, но затвори се внатре во својата душа, зашто и ти ги имаш истите рани, истата темнина и истата смрдеа. Од секаква немоќ страдал Адам, од таква страдаме и ние, кои произлеуваме од неговото семе. Зашто како што вели пророк Исаја таа немоќ дошла и на нас: „Од главата до петите нема во тој род здраво место, сињаци, гнојни рани, неисчистени, непреврзани и неомекнати со елеј“(Иса. 1,6).

13. Како што во Египет во текот на тридневната темнина, синот не го гледал својот татко, братот својот брат и пријателот својот пријател, затоа што сè покривала темнина, така и по Адама, кој ја прекршил Божјата заповед, паднал од својата некогашна слава, му се потчинил на духот од овој свет и покривачот на темнината се спуштил над неговата душа и од него до последниот Адам – до Господа, човекот не Го гледал својот вистински Небесен Отец, својата нежна и добра мајка – благодатта на Светиот Дух, најмалиот и најсаканиот брат – Господа, своите добри и искрени пријатели – светите ангели, со кои некогаш заедно се радувал и празнувал. И не само до последниот Адам, туку дури и до сега, за оние за кои што уште не изгреало Сонцето на вистината – Христос, чии душевни очи уште не се отворени и просветени со вистинска светлина, - сите тие се покриени со таа иста светлина и го имаат во себеси истото дејство на сладострастието, подлежат на истата казна и немаат очи, со кои можат да Го видат својот Небесен Отец.

д.) Најзабележителна последица на паѓањето во грев е големата побрканост, која владее во светот.

14. Децата од овој свет се споредуваат со пченица, истурено во решетото на овој свет и се просејува среде непостојаните помисли на овој свет, при непрестајно бранување на земните работи, желби и многу испреплетени земни поими. Сатаната ги растресува душите и со своето решето, односно со земните дела, го просејува целиот грешен човечки род. Од времето на паѓањето во грев, кога Адам ја престапил Божјата заповед и му се потчинил на лукавиот кне, кој придобил власт над него, тој со непрестајни измами и со збркани помисли ги сее синовите на овој свет и ги доведува до судири во своето земно решето.

15. Како што пченицата во решетото, со кое се просејува, бива непрестајно исфрлувана и доведувана со судирање и преобрнување, така и кнезот на лукавството ги зафаќа сите луѓе со земни работи, ги доведува до немир и загриженост, ги тера да се зафаќаат со суетни помисли, со гнасни желби, со земни и светски врски, и на тој начин постојано ги заробува, збркува и лесно го лови целиот грешен Адамов род. И Господ им предскажал на Своите апостоли дека ќе бидат напаѓани од лукавиот, велејќи: “Ете сатаната посака да ве сее како пченица, но Јас се молев за да не се намали верата ваша“(Лука 22,31-32). Зашто овие зборови и оние коишто му ги рекол Бог на Каин: “Кога ќе ја обработуваш земјата, таа нема повеќе да ти ја дава својата сила; ќе бидеш изгнаник и скитник по земјата!“(1.Мој. 4,12), служат како образ и подобие за сите грешници, затоа што Адамовиот род, откако ја престапи заповедта и стана грешен, го примил тајно на себеси ова подобие. Луѓето биваат доведувани во колебливост од постојанен страв, од збрканост и желби, како и од разновидни многубројни задоволства. Кнезот на овој свет ја бранува секоја душа, која не е родена од Бога и, смBR> ?ично на пченицата во решето, на најразличен начин ги вознемирува човечките помисли, - сите ги доведуваво колебливост и ги уловувапреку измамите на овој свет, преку телесни задоволства, стравување и збрканост.

16. И Господ покажувајќи дека оние што ги слушаат лагите и желбите на лукавиот, го носат врз себеси подобието на Каиновото лукавство, изобличувајќи ги рекол: “Вашиот татко е ѓаволот; вие сакате да ги исполнивате желбите на таткото; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината“(Јован 8,44). Затоа целиот грешен Адамов род ја носи на себе оваа пресуда: ќе се тресете, ќе стенкате и ќе бидете вознемируваниво решетото на земјата од сатаната што ве сее. Како што од едниот Адам се умножил на земјата целиот човечки род, така и една иста страсна нечистотија проникнала во целиот грешен човечки род, а кнезот на злобата е во состојба да ве сее сите вас со непостојани, суетни и разбранувани помисли. И како што еден единствен ветар може да ги клати и раздвижува сите дрвја и сите растенија; и како што една ноќна темнина се шири низ целата вселена, така и кнезот на лукавството, кој е духовна темнина на гревот и на смртта, со некаков таинствен и силен ветар го бранива и потресува целиот човечки род на земјата со непостојани мисли и светски желби – ги уловува човечките срца, исполнувајќи ја со темнина на незнаењето, со слепмBR> ?ло и со заборавност секоја душа, која не е родена одозгора и која со мислите и со умот уште несе преселила во другиот живот, според зборовите на Светиот Апостол Павле: “Нашето живеалиште е на небесата, од каде што Го очекуваме и Спасителот, нашиот Господ Исус Христос“(Фил. 3,20).

ѓ.) Сите го доживувале, но никој незнаел што е тоа зло и од каде е, сметајќи го за природна состојба.

17. Видливиот свет, од царот до сиромавиот, целиот е в о збунетост, во неуредност и во борба, а некој од нив не ја знае причинатаза тоа очигледно зло, кое е наследство од Адамовиот грев – од осилото на смртта, зашто направениот грев, како некаква сатанска духовна сила и суштина – посеал секакво зло. Тој тајно дејствува на внатрешниот човек и на умот и се бори со помисли против него. Луѓето пак, незнаат што прават, бидејќи биваат поттикнувани од некава туѓа сила, па дури и мислат дека сето тоа го прават по свое лично размислување. Но оние што Го имаат Христа во својот ум, оние што се озарени од Него – знаат како настанува сето тоа.

18. Голем е бројот на царевите од Адамовиот род, кои владееле на земјата и високо мислеле за своето царско достоинство. И никој од нив неможел да ја свати повредата, која и е направена на душата на првиот човек, што е она што ја помрачило и зошто таа не ги знае промените што настанале во неа, односно зошто сега човечкиот ум е облечен во срам и зошто се ослепени неговите духовни очи, па неможе да ја види славата, која ја гледал нашиот праотец Адам до своето паѓање во грев.

19. Имало и површни мудреци во светот. Едни од нив ја покажале својата преданост во својата љубов према мудроста, а други ги вчудоневидувале луѓето со својата напреднатост во софистиката, трети ја покажале својата сила во говорништвото, четврти биле граматичари и поети, петти пишувале историја според постојните правила. Имало и разумни уметници, кои создавале во областите на разни уметнички гранки..... И сите, владеани од страна на земјата што била населена во нив, станале робови на лукавиот и на неговата сила и немале никаква користни од своето знаење, ниту од својата уметност.

е.) Колку и да е големо злото од гревовното паѓање, тоа не го умртвило потполно човекот; во него станале пројави на духовен живот.

20. Не велиме дека човекот потполно загинал, дека бил уништен; Тој само умрел за Бога, а живее во својата сопствена природа.

21. Човекот погинал поради својот престап; бил ранет; сатаната го помрачила неговиот ум. Во некој човек тој е навистина мртов, а во друг е жив, размислува и има воља.

22. Знаењето се запазило и по престапот(ова особено е видено во дејствувањето на совеста). Разбојникот кога ќе го изведат пред суд, кнезот го прашува: кога правеше лошо зар незнаеше дека ќе бидеш фатен и ќе те осудат на смрт? И разбојникот нема да се осмели да каже дека незнаел, зашто навистина тоа му било познато. Зар блудникот незнае дека греши? – Зар и без Светото Писмо, луѓето незнаат дека има Бог? Тие еден ден ќе можат да речат, дека незнаеле дека има Бог. Зашто во громовите и молњите им се вели: Зар незнаете дека Бог управува со созданијата?

23. Неоправдано некои, заведени од лажно учење, тврдат дека човекот потполно умрел и дека неможе да прави воопшто никакво добро.

24. Во човекот е останата слободата, која Бог му ја дал во почетокот. Како што совршениот не е обврзан да прави добро, насила, така не е натеран насила ни оној што пропаднал во грев и кој станал сад на ѓаволот.

25. Ти си слободен, и ако сакаш да загинеш, твојата природа лесно може да се измени. Оној што сака – тој Му се покорува на Бога и оди по патот на правдата: владее со своите желби, затоа што умот е силен да се бори и со својата одлучна решеност може да ги победи порочните стремежи и гнасните пожелби.

26. Сепак, надевајќи се попусто, некои мислат дека можат со својата слобода да го отстранат од себеповодот кон гревот. Човекот може да има слобода, која му овозможува да му се спротивставува на ѓаволот, но тој сепак неможе да има власт и над страстите. Зашто е речено: “Ако Господ не ја изѕида куќата, залудно ќе се трудат градителите нејзини; ако Господ не го запази градот, залудно ќе бдее стражата“(Псал. 126,1)

27. Во нас дејствува злото се сета своја сила и забележливост, внушувајќи ни ги сите нечисти желби, но тоа не е растворено во нас не така, како што велат некои, како што се раствара и меша виното со водата, туку онака како што на една нива растат пченица и каколот – едно покрај друго, или како што во еден дом се наоѓаат одвоено домаќинот на домот и одвоено разбојикот.

28. Како кога сонцето грее и ветрот дува. Тие имаат своја природа и свое тело. Така и гревот навлегол во душата, се примешал во неа, но и гревот и душата имаат своја природа.

29. Од изворот истекува чиста вода, на неговото дно има тиња. Ако се размати тињата – целиот изворсе заматува. Истото станува и со душата: кога се вознемирува – целата се измешува сопорокот. И сатаната као да станува едно со душата: обата духа за време на блудот или убиството како да стануваат едно. Затоа апостолот вели: “Незнаете ли дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа?“(1.Кор. 6,16). А друг пат пак самостојната душа делува самостојно, сама од себе: се кае за своите дела, плаче, се моли и си спомнува за бога. А ако душата секогаш би била потоната во злото, тогаш како би можела да го прави тоа? Зашто сатаната, бидејќи свиреп, никако несака луѓето да се обраат кон покајание.

Подготви: Ристо Темелков

Посети:{moshits}


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная