логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


СВЕТИ РАВНОАПОСТОЛНИ КОЗМА ЕТОЛСКИ
ПОУКИ И ПРОРОШТВА

 
 
 
 
ПОУКА ШЕСТА1

 
Света Тројице, помилуј и спаси нас. Пресвета Богородице, помогни  и спаси нас. Амин.
 
Господ наш Исус Христос, браќа мои,  и Бог , преслаткиот  наш Господар  и Владика , Творец на Ангелите  и на сите умни  и  сетивни работи, покренат со Своето безмерно милосрдие и големата љубов кон нашиот род ,  покрај безбројната милост со кои не дарувал, слезе и постана потполн човек од Духот Свет, од пречистата крв на Владичицата наша Богородица  и Секогаш Дева Марија , за да не ослободи од рацете на лукавиот ѓавол и да не направи синови и наследници   на Своето Царство, за со векови да се радуваме и веселиме со Светите Ангели , а не да гориме  со трипроклетите демони.
 
Апостолите проповедаат  и земјата станува земен рај
 
 Како што  некој властелин има лозја , ниви и  вработени, така и Господ наш Исус не има нас, како лозје. Тој ги зеде дванаесетмината Апостоли, ги благослови и ги испрати во целиот свет.
И  ако луѓето сакаат во овој суетен свет да проживеат добро и во мир, ќе се сожали Седобриот Бог  за да ги воведе во Рајот.  Тој ни заповедал да веруваме и да се крштеваме во име н Отецот  и Синот  и Светиот Дух  и да ги чуваме Неговите заповеди.  Им рекол на апостолите да ја благословуваат секоја земја во која ќе дојдат, а таму каде луѓето нема да ги примат им кажал да  го истресат правот и да си одат.
 
Примајќи ја благодатта на Сесветиот Дух, тие итаа како молња и  со таа благодат ги исцелуваа куците, хромите, сакатите , слепите и демонизираните , а со името на  на Христа наш ги креваа и мртвите.
 
Би било  долично  и благословено  , браќа мои,  и јас, недостојниот и грешниот  раб да имам  чисто  срце , како неосквернетите апостоли, и благодат на Светиот и Свештеноначалниот Дух, јас кој бев удостоен да дојдам во вашиот крај.   
А нека сум и грешен  и нека немам благодат на Светиот Дух, но го молам Господа Исуса Христа да ја испрати од небесата Својата благодат   и да го благослови вашиот крај и делата ваши и делото на вашите раце.
 Но, прво да ни се смилува и да ни ги прости нашите согрешенија , а вас, деца мои , да ве удостои и овде да проживеете во добро и мир и да ве смести во рајот да ги прославувате Светата Троица.
 
И во во која земја и да доаѓаа, Апостолите ракополагаа архиереи, ереи, ја благословуваа таа земја и таа стануваше како земен рај, сета од радост и милина , престојувалиште на Ангелите, дом на Христос наш. 
 А таму каде што не ги примаа, остануваше проклетство, а не благослов и тоа беше пребивалиште на ѓаволот, а не на нашиот Христос. Долично е и блгословено, браќа мои христијански , да почнам со поуката и кога ќе завршиме да му заблгодариме на Бога.
 
Совршена   љубов
 
Бог,  браќа мои има многу имиња .   
 ,Првото име на  нашиот Бог е љубов.
Светата   Троица е Таткото, Синот и Светиот Дух , една природа, една слава, едно Царство, еден Бог.
  Ние пред се ` треба да го љубиме Бога, браќа мои, зашто ни даде толкава земја  на која што живеат  илјадници луѓе, ни ги даде растенијата, изворите, реките, морето , рибите, воздухот, ноќта и денот, сонцето и месечината.
Не создал како луѓе а не животни. Не направил благочестиви Христијани, а не` еретици.  И ве прашувам сега, браќа, да ми кажете кого сакате, Бога или ѓаволот?
– Бога го сакаме .
 -  Добро, вистина велите, деца мои благоразумни, да ме засолни вашата молитва , но да видиме прво каква е таа љубов  .
 
 Љубовта  треба да е верна, да е совршена и  во ништо да не е  недостатна.  Треба тоа да го сфатиме по нас самите .
 Ти, брате мој, христијанине, имаш едно дете . Јас те почитувам и ти велам дека детето ти е добро, но  го тепам, презирам, му го земам лебот и му го јадам.   Што велиш? Дали е тоа љубов?
 Јас би рекол дека не е.
 Како што го љубиме својот Бог треба  да го љубиме и братот, зашто тоа  е она што е природно – против природата е да не го   љубиме. Треба да го љубиме својот брат зашто имаме една Вера , едно крштение, со истите Пречисти Тајни   се причестуваме, во еден рај се надеваме , една глава имаме – Христос наш.
 
Браќа, љубовта има две својства, два дара.  
Едното го укрепува човекот во доброто , а второто го раслабува за злото .  Ако јас имам леб да јадам и да пијам , а ти немаш,  љубовта ми вели:
 „ Не го јади сам туку дај му и на својот брат.“
 Имам облека , а ти не . 
Љубовта ми вели:
„Дај едно на братот свој. “.  
Отворам уста да те осудам , да те излажам,
 но љубовта ми го умртвува јазикот, ми ја затвора устата.
 Пружам рака да го грабнам твоето,
но љубовта не ме пушта .
 Гледате ли браќа, какви се даровите на љубовта?
 
 
Цел на  школите
 
   Бидејќи не знаете што е љубов деца мои, треба да посетувате училишта, бидејќи во нив луѓето се вежбаат и учат што е Бог, што се светите Ангели, што се проклетите демони, а што е добродтелта на праведните.  Училиштето ги просветува луѓето и им ги отвара очите на благочестивите православни  Христијани за да   ги познаат тајните.
 
 
Знаци  на времето
 
  Читајќи го, браќа мои,  Божественото и Свештено Писмо, најдов  дека пророкот  Илија е жив , дека Бог го држи илјадници    години , и дека ќе го испрати , а потоа  ќе го уништи светот.  А сепак  испитувајќи го Свештеното Писмо , наоѓам дека пророк Илија  дошол, како  и  антихристот кого  што го имаме на глава , што и не треба вам да ви говорам, зашто знаете.   И сега не го чекаме ниту пророкот Илија , ниту антихристот. 
Жалосно е  тоа да ви го говорам , браќа мои,  но Свештеното и Светото Писмо ми налага тоа да го сторам:  денес, утре,  не очекуваат глад, жед, колера, чуми, големи несреќи , така што светот нема да стигне да ги погребува умрените.
Денес , утре, не чека  еден голем земјотрес, ќе се урнат сите планини, сонцето и месечината ќе се помрачат, небото ќе се свитка како хартија, а сите луѓе ќе поумрат.
 
Второто Доаѓање и Судот
 
А  потоа ќе  блесне сесветиот Крст посилно од сонцето и нашиот пресладок Исус Хриастос ќе блесна седум пати по силно од сонцето, ќе воскресне целиот свет со душа и тело ( па добриот ќе биде како ангел, а лошиот као трипроклет ѓавол)  и ќе им рече на праведните :
 „ Дојдете , благословени на Отецот Мој, зашто ги сочувавте заповедите Мои и верата Моја.“
А потоа Господ ќе и рече на грешните:
„Одете, вие проклети  за да бидете со отецот свој ѓаволот, зашто не ги сочувавте Моите заповеди и верата Моја. “
 
И тогаш Господ ќе отвори огнена река како море голема  за во неа да го сожеже грешниците и нечестивите , а праведните ќе ги постави оддесно на Себе, а грешниците од лево.
 А ние, браќа, што сме?  
Праведни или грешни? Ако сме праведни , среќни сме и триблажени. А ако сме грешни,  треба сега, додека имаме време да се покаеме и исправиме.
 
Умна молитва
 
 Ви давам да го правите следното:
Секој од вас нека земе по една бројаницаод по стои три зрна , па на секое зрно нека му каже:
 „ Господе Исусе Христе Сине и Слово на Богот жив, по молитвите на Богородица и сите Светии помилуј ме мене грешниот и недостоен слуга Свој.
Јас сакам да ве оставам здрави и со душа и со тело.
Во Господ наш Исус Христос, браќа мои и сестри, се созерцува Светата Троица и сите Светии со Чесниот Крст.  Светиите се распнаа  со душата и телото  преку Господ наш Исус Христос.  Браќа мои, да ги благословуваме и земјата и небото и морето , па ќе отидеме во Рајот  за навек, за секогаш да се радуваме  и да празнуваме .
 
 
Топлата вера покренува планини , ги победува безверните
 
    Си бил еднаш во Египет некој цар, а во Александрија живееше Патријарх по име Јоаким, човек свет, добар, богобојажлив  и мудар. Царот многу  го засака , а веднаш после него драг му беше еден Евреин кој подоцна се потурчи  и набрзо стана и везир. 
И му кажа Евреинот на царот:
„ Царе мој, жив да ми бидеш., зошто толку многу го сакаш тој Патријарх?“ 
 А царот  му одговори  на трипроклетиот Евреин:
 „ Патријархот е добар човек, богобојажлив и мудар и затоа го сакам.“   А Евреинот пак му вели на царот:
 „ Царе мој, кога велиш дека  го сакаш , викни го да ти дојде во палатата, па ќе дојдам и јас да побеседиме, па да видиш како нема да зне да се оправда. "
И го викна царот Јоакима.  Дојде Јоаким во палатата и почна Евреинот да се спори со него.
Вели Евреинот: „ Патријарху, не вели ли Христос во Евангелието дека секој од вас христијаните кој има вера , подига и планини од место: “
  И заповеда царот на патријархот да подигне една планина, па тогаш ќе му поверува.  И еве што стори благословениот патијарх.
 Заповеда и ги собра благословените Христијани и тие извршија молебен на Светиот Бог кој траеше три дена и три ноќи. И откако завршија , почна патријархот да го кади она брдо кое беше долго до шест саати од.
И и` кажа на планината: „ Јас, недостојниот слуга на Христа, ти заповедам, планино, да се подигнеш од таму и да дојдеш во Египет. “
И ете чудо!   Се откорна планината и се раздели на три во чест на Света Троица.  па појде и дојде во Египет.
 Тука царот му викна на патријархот:
„ Во име на Бога патријарху заповедај и` на планината да сопре , зашто ќе не сотре. “  
И патријархот веднаш поита со топли солзи и и` заповеда на планината  и таа сопре во Египет.
Таа планина денес  се вика Дурдас. И во тоа чудо многу народи поверуваа , до шест илјади луѓе.
....
 
Искрена исповед
 
Секогаш кога ќе дојдам ваму, чеда мои, се радувам и тагувам. Ми доаѓаат Христијани поединечно да ми се пожалат, но не може слугата да им служи на двајца господари и не можам посебно да ги исповедам, па ги праќам назад, а срцето ми се раскинува, како кај оној што има болно дете, а не го прима.
Така морам јавно да ве исповедам. И ако ви е по волја, деца мои, земете четири влакна од мојата брада, а јас ќе го земам бремето на вашите гревови.
 Откако се родивте, се`  да оди на мене.
 А вие да испитате четири совета и да ги усвоите.
 Ако сакате, деца, најдете еден дејствен духовник, да се исповедате, да ги кажете своите гревови, но ниеден да не задржите.
Макар еден ако задржите, сета плата ја губите. Простувајте им на своите непријатели и не грижете се само за себе, туку гледајте и на своите браќа и своите деца.ж Имајте го благословот мој и нека ве чува молитвата на Пресветата наша Богородица  на Господа наш Исус Христос, Распнатиот и Вистинскиот Бог наш, Кому нека е слава и власт во век и вековите .
 Амин.
 
Забелешки
1 Оваа беседа накнадно е пронајдена во библиотеката на атинскиот Богословски факултет и претставува резиме на претходните со малку нови детали.
 
 Превод : М. Даниловска
 
http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Bogoslovlje/InstrukcijeZaBesmrtneSisojev.htm

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3133
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7607
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/11/2024 - вторник

Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски; Преподобен Варлам Хутински ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная