Вистинската љубов не е совршенство

TVITer339

Најверојатно, никој нема да може да те сака совршено, онака како што си замислуваш.

Она што другиот може да го направи е да те сака искрено, на свој начин.

Да се труди да те разбере, дури и кога ти е тешко да објасниш што чувствуваш. Да остане покрај тебе, не затоа што сè е лесно, туку затоа што верува во вас. Да научи да ги разбира твоите молчења, да ги почитува твоите рани и никогаш да не ги користи твоите слабости против тебе.

Можеби нема секогаш да те сака онака како што ти е потребно. Можеби ќе прави грешки, нема да ги најде вистинските зборови или нема секогаш да знае како да те прегрне кога ти се чини дека целиот твој свет се урива.

Но, вистинската љубов не значи да најдеш некого што уште од самиот почеток знае како да те сака онака како што посакуваш. Туку да најдеш некого што сака да научи како да те сака.Некого што не го зема твоето присуство здраво за готово.

Некого што не те тера постојано да се сомневаш во своето место во неговиот живот. Некого што е присутен во твојот живот со нежност и грижа. Некого чие однесување не те остава во недоумица. Некого што не крие работи и не зборува со недоречености. Некого што ти се отвора и без да мораш да го молиш за тоа. Некого што те бара и самиот се труди да одржува контакт со тебе.

Љубовта не е совршенство. Таа е намера, доследност, почит и труд. Таа е слободен избор што не остава простор за сомнеж.

Не треба да најдеш некого што ќе те сака точно онака како што си замислувал во своите соништа. Треба да најдеш некого чиј начин на љубов нема да те принудува да глумиш нешто што не си, само за да почувствуваш дека ја заслужуваш неговата љубов.

 

Архим. Павел Пападопулос
Подготви С. Стефковски