логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


XVIII
АДАМОВИОТ ПЛАЧ

Адам, таткото на вселената, во рајот го уживаше умилението на љубовта Божја. И затоа, кога беше изгонет од рајот заради гревот, лишувајќи се од љубовта Божја, горко страдаше и силно лелекаше. Го слушаше целата пустина. Неговата душа ја растргнуваше помислата: "Го нажалив Љубениот Бог". Тој не тагуваше толку по рајот и по неговата убавина, колку заради тоа што беше лишен од љубовта Божја, којашто ненаситно и непрестајно ја привлекува душата кон Бога.
Така, секоја душа што Го познала Бога преку Светиот Дух, а потоа ја загубила благодатта, може да го искуси Адамовото мачење. Душата боледува и тагува заради тоа што Го нажали Љубениот Господ.
Адам тагуваше на земјата и горко плачеше. Земјата не му беше мила. Тој тагуваше по Бога, велејќи:
"Тагува душата моја по Господа и со солзи Го барам. Како да не Го барам? Кога бев со Него, мојата душа беше весела и спокојна и демонот не можеше да и пристапи. А сега лошиот дух ме става под своја власт, и ме колеба и ми ја измачува душата, поради што мојата душа тагува по Господа до смрт! Мојот дух се граба кон Бога! Ништо на земјата не ме радува! Мојата душа не сака со ништо да се утеши! Копнее повторно да Го види и да се наслади од Него! Не можам да Го заборавам ниту за еден миг! Мојата душа тагува по Него и заради многуте маки крикнувам: "Помилуј ме мене Боже, паднатото создание Твое."
Така плачеше Адам. И по неговото лице и низ градите се лееја солзи, натопувајќи ја земјата и целата пустина ги слушаше неговите восклици. Ѕверовите и птиците замолкнаа во тага. А Адам викаше, бидејќи заради неговиот грев сите ги загубија мирот и љубовта.
Тагата на Адам по изгонувањето од рајот беше голема. Но, кога го виде својот син Авел што го уби брата си Каин, неговата тага стана уште поголема и тој се мачеше во душата и оплакуваше, мислејќи: "Од мене ќе излезат и ќе се размножат народите, и сите ќе страдаат, живеејќи во непријателство и убивајќи се меѓусебно." И таа негова тага беше голема како море, а може да ја сфати само оној, чијашто душа Го познава Господа и Неговата голема љубов спрема нас.
Јас ја загубив благодатта и заедно со Адама повикувам:
"Господи, смилувај ми се. Дарувај ми го духот на смирение и љубов."
О, љубов Господова! Оној што те познал, незадржливо те бара дење-ноќе и повикува:
"Тагувам по Тебе, Господи и со солзи Те барам. Како да не Те барам? Ти ми даде да Те познаам преку Светиот Дух и тоа познание ја тера мојата душа да те барам, плачејќи."
Адам плаче:
"Не ми е мила пустината. Не ми се мили високите планини, ниту ливадите, ниту шумите, ниту појот на птиците. Ништо не ми е мило. Мојата душа понира во длабока тага: Го нажалив Бога! И кога Господ повторно би ме земал во рајот и таму би тагувал и би плачел: зошто Го нажалив Љубениот Бог?"
По изгонувањето од рајот, Адам многу страдаше во душата, пролевајќи многу таговни солзи. Така, секоја душа што Го позна Господа, тагува по Него и вели:
"Каде Си Ти, Господи? Каде Си Ти, Светлино моја? Зошто го скри Лицето Свое од мене, та мојата душа долго време не Те гледа и тагува по Тебе и со солзи Те бара."
"Каде е мојот Господ? Зошто не Го чувствувам во мојата душа? Што Му пречи да живее во мене? Зошто во мене го нема Христовото смирение и љубовта спрема непријателите".
Бог е ненаситна љубов, којашто не може да се опише!
Адам одеше по земјата и плачеше од многу болка во срцето, а со умот размислуваше за Бога. И кога неговото тело изнемоштуваше и кога секнаа неговите солзи, Адамовиот дух и тогаш гореше по Бога, бидејќи не можеше да го заборави рајот и неговата раскошност. Но, душата на Адам уште повеќе Го љубеше Бога и копнееше по Него, само со силата на љубовта.
О, Адаме, јас пишувам, но ти гледаш дека мојот ум е слаб и дека не може да сфати како ти тагуваше по Бога и на кој начин ја носеше тежината на покајанието.
О, Адаме, ти гледаш дека јас, твоето дете, страдам на земјата. Огнот во мене е неспотнат и мојата љубов само што не изгаснала.
О, Адаме, запеј ни ја песната Господова, за да се зарадува мојата душа во Господа и да Го фали и да Го слави, како што на небесата Го фалат Херувимите и Серафимите и како што сите небесни ангелски чинови Му ја пеат Трисветата песна.
О, Адаме, татко наш, запеј ни ја песната Господова, за да те чуе сета земја и сите твои синови да ги воздигнат своите умови кон Бога, та насладувајќи се од звуците на небесната песна да ја заборават својата мака на земјата.
Светиот Дух е љубов и сладост за душата, за умот и за телото. И оној што Го познал Бога преку Светиот Дух, ненаситно, непрестајно повте кон живиот Бог, бидејќи љубовта Божја е многу слатка. Но, кога душата ќе ја загуби благодатта, повторно со солзи Го бара Светиот Дух.
А оној што не Го познава Бога преку Светиот Дух, не може да Го бара со солзи. Неговата душа често ја напаѓаат страстите. Неговиот ум мисли на земното и не може да Го созерцува, ниту да Го познае Исус Христос. Он се познава преку Светиот Дух!
Адам Го знаеше Бога и рајот. И по падот Го бараше со солзи. 0, Адаме, татко наш! Кажи ни за Господа нам, твоите синови. Твојата душа Го знаеше Бога на земјата, го знаеше и рајот и неговата сладост и радост. А сега, ти живееш на небесата и ја гледаш славата Господова.
Кажи ни, како се прославува нашиот Господ заради Своите страдања. Кажи ни, како звучат песните на небесата испеани во Светиот Дух и колку се благозвучни.
Кажи ни за славата Господова, колку е Он милостив и колку го љуби Своето создание.
Кажи ни и за Пресветата Богородица. Како Ја величаат на небесата и со какви песни Ја воспеваат.
Кажи ни како се радуваат Светиите таму и како светлеат од благодатта. И како тие Го љубат Господа, и во какво смирение стојат пред Бога.
О, Адаме, утеши ги и зарадувај ги нашите нажалени души. Кажи ни што гледаш на небесата.
Зошто молчиш? Та сета земја тагува...
Или ти не можеш да мислиш на нас од Божјата љубов?
Или ја гледаш Богородица во слава, та не можејќи да се оттргнеш од видението, не сакаш да ни кажеш утешителен збор на нас ожалостените, за да ја заборавиме маката на земјата?
О, Адаме, татко наш! Ти ја гледаш тагата на твоите синови на земјата. Зошто пак молчиш?
Адам одговара:
"Деца мои! Оставете ме. Не можам да се оттргнам од љубовта Божја и да разговарам со вас. Мојата душа е ранета од љубовта Господова и радосна е во Неговата убавина. Како можам да мислам на зем-јата? Тие што живеат пред лицето на Владиката, не им треба земното".
О, Адаме, татко наш! Ти не остави нас, твоите сираци. А ние се мачиме на земјата. Кажи ни што да сториме, за да Му угодиме на Бога? Погледни ги твоите деца раштркани низ земјата, расеани во својот ум. Мнозина Го забораваат Бога, живеат во темнина и заминуваат во пеколот.
"Не ме вознемирувајте. Јас Ја гледам Божјата Мајка во слава! Како можам да се оттргнам од Неа и да разговарам со вас? Јас ги гледам Светите Пророци и Апостолите. Сите Му се слични на нашиот Господ Исус Христос, Синот Божји!
Јас шетам по рајските градини и насекаде ја гледам славата Господова, бидејќи Господ е во мене создавајќи ме сличен на Себеси.
Така, Господ го прославува човекот што го прави подобен на Себеси.
О, Адаме, та ние сме твои деца! Кажи ни нам, што се мачиме на земјата, како да го наследиме рајот, за и ние да и се восхитуваме на славата Господова како и ти! Нашата душа тагува по Господа, а ти живееш на небесата, радувајќи и се на славата Господова. Те молиме: - утеши не!
"Зошто повикувате кон мене, деца мои? Господ ве љуби и ви ги даде заповедите. Чувајте ги, љубете се еден со друг и ќе најдете спокој во Бога. Кајте се секогаш за своите гревови, за да можете да се сретнете со Господа. Господ рече: "Ги љубам, оние што Мене Ме љубат и ги прославувам, оние што Мене Ме прославуваат".
О, Адаме, моли се за нас, децата твои! Нашата душа тагува заради многуте неволји.
О, Адаме, татко наш, ти живееш на небесата и Го гледаш Господа, Кој седи во слава оддесно на Бога и Отецот. Ти ги гледаш Херувимите и Серафимите и сите Светии и ги слушаш небесните песни и од нивната милозвучност, твојата душа ја заборави земјата. Ние сме нажалени и многу тагуваме по Бога. Во нас има малку пламен за огнено да го љубиме Господа. Научи не што треба да правиме, за да го заслужиме рајот!
Адам одговара:
"Оставете ме деца мои, оти јас од сладоста на љубовта Божја не можам да мислам на земјата".
О, Адаме, нашите души тагуваат и нашите неволји не обременуваат. Кажи ни утешно слово! Запеј ни некоја од песните што ги слушаш на небесата, за да ги чуе целата земја, за луѓето да ги заборават своите маки... О, Адаме, ние сме многу тажни!
"Оставете ме! Времето на моите неволји помина. Заради убавината на рајот и заради сладоста на Светиот Дух, веќе не можам да мислам на земјата. Но, ќе ви кажам дека Господ многу ве љуби и вие треба да живеете во љубовта, да и бидете послушни на власта, да ги смирувате своите срца и Светиот Дух ќе живее во вас. Он доаѓа тивко во душата, сведочејќи без зборови за спасението. Пејте Му на Бога во љубов и во смирение на духот, оти Господ на тоа се радува."
О, Адаме, татко наш, што да правиме? Ние пееме, но во нас нема љубов и смирение.
"Кајте се пред Господа и барајте! Он го љуби човекот и се ќе му даде. Јас живеев во покајание и многу тагував затоа што Го нажалив Бога и затоа што е загубен мирот и љубовта на земјата, заради моите гревови. Моите солзи течеа по лицето натопувајќи ги градите и земјата. Моите крикови достигнуваа до пустината. Вие не можете да ги разберете ниту моите маки, ниту мојот плач по Бога и по рајот, ниту моите страдања. Но, кога бев изгонет од рајот, почнаа да ме измачуваат студ и голотија. Ѕверовите и птиците што беа кротки во рајот и што ме сакаа, станаа диви и почнаа да се плашат и да бегаат од мене. Мене ме раскинуваа лоши помисли. Ме печеше сонцето, ме шибаше ветерот, ме биеше дождот. Ме мачеа болести и сите неволји на земјата, но јас трпев се, цврсто надевајќи се на Бога.
И вие треба да ја носите тежината на покајанието: сакајте ги неволјите, исушете ги своите тела, смирете се себеси и љубете ги непријателите, за да се всели Светиот Дух во вас. И тогаш ќе го познаете и ќе го најдете Небесното Царство.
А мене оставете ме: сега од љубовта Божја ја заборавив земјата и се што е земно, го заборавив дури и загубениот рај, бидејќи ја гледам славата Господова и славата на Светиите, коишто од светлозрачноста на лицето Божјо и самите светат подобно на Него."
О, Адаме, запеј ни ја небесната песна за да слушне целата земја, насладувајќи се од мирот на љубовта спрема Бога. Ние сакаме да ги чуеме тие песни што се умилни, бидејќи се пеат во Светиот Дух.
Адам го загуби земниот рај и го бараше плачејќи: "Рају мој, рају, прекрасен мој рају!" Но, Господ со Својата Крстна љубов му го даде другиот рај повозвишен од првиот, на небесата, каде што е Светлината на Света Троица.
Со што ќе Му возвратиме на Господа за Неговата љубов спрема нас?

 

 Korica.Siluan.jpgИзвор: Билиотека Слово од Водоча

Едиција: СВЕТОГОРЦИ

Книга 4


 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная