логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT
    Сестринството веќе многу години работи на репатријација на отуѓеното ракописно наследство на манастирот и до денес во дигитална форма се повратени околу 200 ракописни книги, пишувани од слепченските монаси во славниот Слепченски скрипториум на Охридската архиепископија

Знаменитостите на Македонија

Во минатото, слепченскиот манастир „Св. Јован Претеча“ имал богата збирка со словенски и византиски ракописни книги. Главнината од оваа значајна македонска ракописна збирка била формирана од самите почетови на Охридската архиепископија, кога во манастирот се одвивала активна книжевна дејност. За потребите на манастирскиот скрипториум била формирана богата прирачна библиотека од старословенски ракописи, кои биле користени како предлошки за пишување нови ракописни книги. Некои од ново напишаните ракописи, притоа, биле наменети за потребите на самиот манастир, за користење за време на црковните богослужби или за духовно усовршување на припадниците на монашкото братство, со што манастирската ракописна збирка била збогатувана со нови ракописни книги со разнородна содржина. Колку бил значаен овој книжевен центар зборува и тоа што во манастирската библиотека, во трезорите се чувале извонредно стари ракописни книги. Таков е „Слепченскиот апостол“, кој е пишуван во втората половина на 11 век.
Според академик Ѓорѓи Поп Атанасов, неретко одделни ракописи му биле дарувани на манастирот од страна на некои духовни или световни лица. Постепено во Слепченскиот манастир била формирана една од најбогатите ракописни збирки, не само во Македонија туку и пошироко на Балканот. Оваа богата македонска ракописна збирка мошне рано им го привлекла вниманието на странските истражувачи и колекционери. Затоа сега во странски ракописни збирки има повеќе од сто ракописи по потекло од Слепченскиот манастир, а во Македонија останале само остатоци од богатата збирка со старословенски ракописни книги што ја поседувал овој манастир.

Се отпечати фототипно издание на „Слепченскиот поменик“ од 16 век

Уште еден слепченски ракопис во фототипно издание се врати во манастирската библиотека, во матичниот манастир каде што беше создаден. Станува збор за „Слепченскиот поменик“ од 16 век, кој во 19 век бил распарчен на два дела и отуѓен од манастирот. Едниот дел од страна на Бугарите, кој и денес се чува во Софија, во Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ под бр. 1015, а другиот дел од ракописот заедно со познатиот патописец Виктор Григоровиќ во пролетта на 1845 г. отпатувал за Одеса, Украина, и денес се чува под број 1/116.
Сестринството на Слепченскиот манастир под раководство на академик Поп-Атанасов, при долго истражување на ракописот, направи анализа на сите личности што манастирот ги спомнувал во 16 век и претходно. Покрај охридските архиепископи, во поменикот се споменуваат и ктиторите на манастирот – царот Михаил Седми Палеолог и царицата Теодора.
Од поменикот беа анализирани и илјадници имиња на монаси и мирјани, како и топоними од нивното потекло од целата диецеза на Охридската архиепископија. Сестринството веќе многу години работи на репатријација на отуѓеното ракописно наследство на манастирот и до денес во дигитална форма се повратени околу 200 ракописни книги, пишувани од слепченските монаси во славниот Слепченски скрипториум на Охридската архиепископија.
Наскоро, ова фототипно издание ќе биде изложено во Скрипторискиот центар на манастирот за посетителите, љубителите и истражувачите.


TVIT1
Висарион Слепченски

Слепченскиот манастир „Св. Јован Претеча“ е еден од најрепрезентативните претставници на традицијата на Охридската духовна и книжевна школа, а директно и самиот охридски архиепископ Прохор е поврзан со главниот пишувач во Слепченскиот центар, Висарион Слепченски.
Висарион е македонски духовник, јеромонах и книжевен деец од 16 век. Тој еден од најзначајните книжевници од Македонија од овој период и е претставник на Слепченскиот книжевен центар при манастирот во селото Слепче кај Демир Хисар.
Досега се евидентирани повеќе негови ракописи. Станува збор за антологиски зборници на дела на црковни писатели, стиховни пролози, минеи, четвороевангелија, палеа и други средновековни жанровски видови. Висарион не работел само на препишување на веќе постојните ракописни книги, туку врши избор на текстови, создавајќи ракописни зборници во кои преовладуваат текстови од филозофско-богословска, догматска, граматичка и полемичка содржина.
Негови ракописи се: „Дионисиј Аеропагит“ (1542), „Посланието на Јован Дамаскин до Козма Мајумски“, „Богословски зборник“ (1540), „Поученија на Кирил Александриски“, „Златоуст“ (1548) и др. Автор е и на „Слепченскиот поменик“ (1548) и на „Слепченскиот писмовник“ (1550). Во прологот за март-август 1554 год. е поместена најголемата збирка патерички раскази што досега е пронајдена од таков тип славјански ракописи. Во ова дело, Висарион ги вметнал расказите: „Отец Герасим и лавот“, „За картагенскиот војвода“, „Филозофот Евгариј и епископот Синесиј“, „За калуѓерот кој бил несправедливо обвинет за кражба“, „За жената која била убиена од својот свекор“, „Папа Григориј Римски“, „Павле Препростиот“. Д.Ст.

 TVIT2

https://novamakedonija.com.mk/zivot/magazin/ushte-eden-rakopis-se-vrati-vo-manastirskata-biblioteka-vo-sv-jovan-pretecha/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная