логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Личната мисија на свештеникот како просветител на народот

metodij.izlozba.jpgЗборувајќи за достоинството на свештенослужителите, Свети Јован Златоуст во својата втора Беседа за свештенството ни открива една исклучително важна димензија на свештеникот како чувар на наследството Божјо. Тој вели: Што е она, со што апостолот Петар, според Христовите зборови, можел да ги надмине останатите апостоли? Симоне Јонин, му вели Христос, ме љубиш ли повеќе отколку овие? Паси ги овците Мои! Тој можел да му каже: Ако ме љубиш, подвизувај се во пост, лежи на гола земја, бдеј непрестано, заштитувај ги слабите, биди им татко на сирачињата и наместо сопруг на мајките нивни. Меѓутоа, преминувајќи преку сето тоа, што вели Тој? Паси ги овците Мои! Останатото можеле лесно да го исполнат и мнозина од паствата, не само мажите туку и жените. Но кога станува збор за предстоење во Црквата и за грижата за толку многу души, сиот женски род и поголемиот дел од машкиот род треба да се оддалечат од овој возвишен призив и да пристапат оние, кои се најдобри од сите и кои според духовните квалитети толку ги надминуваат сите останати, колку што Саул со телесните квалитети го надминувал сиот еврејски народ (1 Цар. 10, 23), или уште и повеќе. Зашто, тука не станува воопшто збор само за телесната убавина. Имено, разликата помеѓу паствата и пастирот треба да биде еднаква на разликата помеѓу луѓето обдарени со разум и бесловесните животни. Ако е возможно таа разлика би требала да биде уште и поголема, со оглед на тоа дека поголема е и опасноста во врска со она што е најважно.

Симоне Јонин, Ме љубиш ли повеќе отколку овие? - повторно и повторно ги читаме овие Господови зборови во последното поглавие од Евангелието според Јован и, сообразувајќи се со апостолот Петар, нашиот одговор секогаш треба да биде истиот: Да Господи, Ти знаеш дека Те љубам! Нашата љубов, пак, кон Спасителот, како пастири на Неговото словесно стадо, најсилно ја изразуваме преку нашето беспрекорно учество во Неговата служба во Црквата, свештеничка, царска и пророчка. Се разбира, ни еден аспект од ова пастирско наследство не треба да биде занемарен, зошто инаку и полнотата на нашето сотрудништво во домостројот на спасението ќе биде нарушена.


Принесувањето на благодарствената жртва и севкупниот литургиски и светотаински живот се првиот призив преку кој свештеникот ги воведува и води членовите на Црквата во тајната на спасението, кое ни доаѓа преку Оној Кој во неа принесува и се принесува, Кој прима и се раздава.
Учеството во Христовата царска служба ја подразбира власта која му се дава на свештенослужителот да врзува и разрешува, да опростува гревови и да пренесе својата родителска грижа за оние конкретни личности кои од Бога му се поверени и зад границите на времето, во вечноста на Царството Божјо.


Учеството во пророчката служба, или со други зборови учителската служба на свештенослужителот му овозможува да го втемели и постојано да го надградува духовниот авторитет во Црквата. Токму затоа и на овој трет аспект, свештеникот како вероучител и просветител подетално ќе се задржиме во ова излагање.

Во Светото Евангелие читаме: Добриот пастир си ја полага душата своја за овците... овците го слушаат гласот негов, и тој ги вика своите овци по име; и ги изведува. И кога ќе ги изведе овците свои, оди пред нив, и овците одат по него, бидејќи му го познаваат гласот негов; а по туѓ човек не одат, туку бегаат од него, оти гласот на туѓиот не го познаваат (Јован 10, 11; 10, 3-5). Ако според зборовите на свети Јован Златоуст пастирството е највозвишениот призив, тогаш тоа секако најсуштински се реализира преку учителската служба на свештенослужителот. Зашто само тогаш, кога проповеда, кога го објаснува Светото Писмо, кога ги советува своите послушаници во Црквата, кога секого од нив лично и поединечно го поучува со опитот на својот живот и со своето слово на секое благочестие, тогаш тој е добар пастир кој по име ги повикува своите словесни овци, и само тогаш тие вистински го познаваат гласот негов.


Зашто ако не е така, ако не постои тој личен однос и тоа лично заедничарење меѓу пастирот и паствата, тогаш многу лесно, црковните богослуженија и молитвословија можат да се претворат во собитија кои се надвор од животот на христијаните. Ние знаеме дека многу често се случува луѓето кои се крстени и кои номинално и припаѓаат на Православната Црква да незнаат дека секоја недела и на празници се служи Света Литургија, ниту пак ја чувствуваат онтолошката потреба да присуствуваат и молитвено и сознателно да учествуваат во неа. Колку често гледаме како во текот на богослужбата луѓе влегуваат во храмот, гласно разговараат, со своето движење му пречат на свештеникот или ѓаконот во кадењето или извршувањето на входот. Додека тој чита одредена молитва или извршува некое свештенодејствие тие му се обраќаат како да не се свесни што тој во моментот прави. Некои дури се обидуваат да поминат и низ царските двери за да се информираат кај него за некоја своја работа нарушувајќи го редот на богослужбата. За нив е туѓа светоотечката мисла дека за еден христијанин е важно да биде на Света Литургија, или поточно во Света Литургија, имено толку, колку што е важно и спасоносно да се биде во Ноевиот ковчег во времето на потопот.

И не само тоа. Таквата отуѓеност во црковниот живот најчесто е причина номиналните или поточно потенцијалните верници да ја доживуваат Црквата како сервис во кој тие ги задоволуваат своите религиозни потреби, а свештеникот, како безличен сервисер е тука секогаш и по секоја цена да ги задоволува нивните желби и намисли. Се разбира, примарната причина за ова е пасивноста или непосветеноста на свештенството во учителската служба во Црквата. Тие не го слушаат гласот негов, тој не ги познава по име, и Црквата го губи и своето онтолошко и своето етимолошко значење во животот на човекот.


Подвигот на учителството, подвигот на пастирството не е краткотраен процес и плодовите на тој труд се многу често неизвесни и непредвидливи, но тоа е сржта на здравата Црква и нејзината небо-земна ерархија или поредок.

Актуелен е проблемот со воведувањето на веронауката во основното образование. Оваа иницијатива предизвика такви турбуленции во општесвениот живот, што прашање е дали овие генерации ќе ја имаат можноста за благочестивата вера на своите предци да дознаат нешто од своите школски клупи. Отсуството на веронауката во храмот Божји, од амвонот, или на секое место каде свештеникот ја извршува својата мисија, резултира со крајна нееманципираност на јавноста од предрасудите во однос на потребата младите да се образуваат и воспитаат во верата, а тоа значи да се нахранат со непропадливата храна и да го пронајдат под пластовите на современите заблуди и идолопоклонства, образот Божји во себе.
Нема да ги загубиме луѓето ако не им угодуваме, ќе ги задржиме ако ги воспитаме, ако секоја словесна овца која Бог ни ја испраќа во Своето трло, ја припитомиме и ја приброиме кон словесното стадо во Царството на Отецот Небесен. Вероучението како љубовно припитомување со мудроста Божја го реализира свештенослужителот како апостол Христов. Зашто самиот Господ ни заповеда: Одете и научете ги сите народи... (Матеј 28,19) - со живот, со збор, со утеха, со секое благочестие, со пристоен изглед, со кротост и трпеливост, со духовен авторитет кој сведочи за тоа дека Бог нî наоружал и нî испратил во светот со светлината на вистината да го просветуваме и сочуваме наследството Негово.

Во таа смисла, свештеникот треба да биде во постојана заедница со верните и во личната комуникација, но и во обраќањето преку медиумите. Со благослов на ндлежниот архиереј, свештеникот секогаш треба да биде подготвен, преку личниот подвиг и интелектуалната надградба, да ја изврши својата пророчка мисија како вероучител. На разни собири, трибини и семинари, на телевизиските и радио емисии, во списанијата и дневните весници, секогаш свесен дека пред аудиториумот е реперезент на својот епископ, својата парохија и целата Црква, а неговите лични ставови и убедувања треба да бидат сообразни на свештеното предание и догматското учење на Црквата. Тоа нî упатува на маченичкиот етос на вероучителот, кој по образот на своите свети претходници и по образот на секое совршенство, нашиот Господ и Спасител Исус Христос, - често е ставен во состојба во крв да ги раѓа членовите на Божјата паства. Тоа понегогаш звучи само како блазирана метафора, но призивот Христов нî охрабрува со зборовите: нема поголема љубов од оваа: да ја положиш душата своја за своите ближни (види: Јован 15,13). По тој пат на неброени умирања од љубов и грижа за Црквата, свештеникот треба да ја убива во себе секоја гордост, секоја суета, секое нетрпение, секое користољубие, секое непослушание кон оној кој е во образот Христов и на местото Христово во Црквата и во таа низа од смрти да го спечали вечниот и незалезен живот и спасението за сето Божјо создание.

 На крајот повторно ќе се послужам со зборовите на Свети Јован Златоуст за мисијата на свети Апостол Павле: ...сите му се восхитуваат токму заради беседите и проповедите. Заради што Ликаонците го примија како Меркуриј? Претходно ги примија Павле и Варнава како богови заради чудата. Сега, пак, го прифатиле Павла не заради чуда туку заради зборовите (Дела ап. 14,12). Со што овој блажен апостол ги надмина останатите апостоли? Зошто по сета вселена најмногу се спомнува неговото име? Зошто е тој најпочитуван не само кај нас, туку и кај Јудејците и незнабожците? Зарем не заради неговите Посланија со кои им донесе голема корист на тогашните верници. Всушност, со нив тој им е полезен и на сите кои живееле во тоа време па и нам денес, и на оние кои ќе живеат додека постои човечкиот род, до второто доаѓање Христово. Неговите Посланија ја оградуваат црквата по сета вселена слично на ѕидините кои се изградени од адамант. Тој и сега стои како најхрабар војник, уништувајќи ги мудрувањата, и секое превознесување, што се крева против познавањето на Бога, и покорувајќи ја секоја помисла заради послушание кон Христа (2 Коринтјани 10, 4-5). Сето тоа тој го прави со своите прекрасни Посланија, полни со Божествена мудрост, кои ни се оставени во наследство. Неговите поуки не се корисни само заради уништување на лажните учења и заштита на вистинската наука, туку и за напредување во побожниот живот. Користејќи се со нив, црковните свештенослужители и денес ја уредуваат, ја усовршуваат и ја доведуваат до најсовршена духовна убавина чистата девица кој тој ја обручи за Христа (2 Коринтјани 11, 2).

Наместо заклучок уште еднаш би ги парафразирал зборовите на Свети Јован Златоуст за силата и успехот на Павловата мисија: проповедите и поуките можат да бидат поделотворни и од чудата.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7615
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная