логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

     

Интервју со протоѓакон проф. д-р Андреј Кураев (20.06.2014 15:30)

 

Отец Андреј, ни се приближува Петровденскиот пост, кој уште е наречен и апостолски, и кој важи за не толку строг и важен, како Великиот пост. Можеби треба да се потсетиме на неговото значење? Како постеле апостолите, и зошто нивниот пример е полезен за нас?


Да, обично се вели дека во овие денови постиме за да ги подражаваме апостолите, чиј што спомен ќе го славиме на крајот од постот – на 12 јули. Секако, апостолите постеле. Но, историски, Петровденскиот пост нема никаква врска со тоа. За прв пат се споменува во Апостолското предание на светиот Иполит Римкси (3 век). Во тоа време овој пост никако не бил поврзан со апостолите, туку бил заменски (компензациски), т.е. оние коишто не можеле да постат пред Пасха, постеле по завршувањето на празничниот период (од Пасха до Педесетница).

Денес овој пост се нарекува апостолски – и оттука произлегува големото недоразбирање: во што ние конкретно ги подражаваме апостолите? Јас се вџашувам кога на почетокот од Петровденскиот пост се слушаат следните објасненија: овој пост служи за да ги подражаваме апостолите, кои, пред да тргнат да го проповедаат Евангелието, постеле; токму затоа и ние му следуваме на овој пример… Овде сè е измешано. Кажете тогаш, зошто ние ги подражаваме апостолите во подготовката за делото, а не ги подражаваме во самото дело?

Видете, доаѓа како ние темелно и упорно сме се подготвувале за борба, и наместо во борба, сме пошле на излет.

Во Црквата се празнува и споменот на светите лекари бесребреници (да речеме, св. Козма и Дамјан). Замислете да го предложиме следново: ајде да го подржаваме нивниот подвиг. Тие приготвувале лекарства, а потоа ги делеле бесплатно на болните. Така и ние ќе приготвуваме лекарства, ќе приготвуваме, ќе приготвуваме… Но потоа нема да ги поделиме. Ете така смешно изгледа нашето „подражавање на апостолите“ во постот.

A што, според вас, е најважно за нас од животот и духовниот опит на светите апостоли Петар и Павле?

Тоа се луѓе кои не ја примиле [просто] во наследство верата, туку ја откриле и ја одбраниле. А ние имаме слична судбина: по зборовите на Андреј Вознесенски, „од распуштено поколение, ние кон вистината одеднаш талкаме…“.

При самиот почеток на мојот пат кон Црквата јас ги слушнав зборовите кои беа пресудни за мене. Архиепископот Александар, ректорот на Московската духовна академија, ми рече: „Ние сме должни често да се прашуваме себеси ‘како во оваа ситуација би постапил апостол Павле?’“. Би се рекло дека е поприродно да речеме ‘што би сторил Христос?’. Но, видете, тоа е невозможно – ние не можеме да се ставиме себеси на местото Христово, човекот нема сили да ја разбере психологијата на Бога. А зошто ректорот го повика името на апостолот Павле? Апостолот Павле – тој е апостол на слободата. Зачудувачки: во светот не постоел човек кој бил обратен во верата на понасилен пат. Воскреснатиот Христос му се јавил на гонителот на христијаните, Савле, му ја покажал олигледноста на Своето воскресение („тешко е да се ридаш против бодило“), за потоа никој подобро од самиот Савле (Павле) да не го проживее животот во Христа како опит во слободата…

Оваа новооткриена слобода му ја дала способноста за разликување [на тоа] што е главно, а што второстепено. Павле умеел да го цени второстепеното поради она што е главно, а кое доаѓа преку него. Тој јасно знаел „каде е саботата, а каде е човекот“, и поради човекот ја запазувал саботата, и поради човекот ја нарушувал. Принципот на неговото пастирство: „Со елините бев како елин, со јудеите – како јудеец“. Тој знае за таа слобода, со која умниот, верен христијанин може да се носи себеси, но предлага да се ограничуваме себеси во таа слобода – поради своите браќа кои се немоќни во верата.

Нашата беда е во тоа што за две илјади години, овие „немоќни во верата“ не исчезнаа; напротив, нивниот глас стана одлучувачки. Знаете, кога-тогаш ќе заврши тоа, не може секогаш да се влечете по „бабите“ и во нивните стравови. На крајот од краиштата, и самите бабички, и Црквата како целина одат во пропаст. Кога сите би се труделе да застанеме на еден крај на чамецот, некој мора да застане на другиот крај, инаку чамецот ќе се преврти. Кога зборуваме за ова, таков човек, кој стои на спротивниот крај од народното суеверие на црковниот чамец е Патријархот Алексиј. Најдете ја неговата книга „Влезете во радоста на својот Господ“ и прочитајте ги размислувањата на Патријархот за суеверијата…

Сега во многу ресторани има посебно посно мени. Според разнообразноста на фината храна тие се далеку скромни. Како што се вели, се формира едно посебно „посно прејадување“. Што мислите за тоа?

Принципот на пост го објаснил св. Јован Златоуст: [тој вели,] пресметајте колку пари би потрошиле на една скромна трпеза. Потоа, пресметајте колку пари би потрошиле на посна трпеза, без месо и млеко. И разликата дајте им ја на сиромасите. Ако на почетокот на постот започнеме со потрага на посни рецепти, а на крајот од постот храната ни стане поскапа и повкусна – тоа е извртување на самата суштина на постот.

А што е суштината на постот? Зарем на Бога Му е важно што имам во чинијата?

Правилниот пост е борба на човекот во самиот себе. Тоа е обид „повисокото во себе“ да се стави над физиолошкото ниво. Ако тогаш тоа „повисокото“ (т.е. душата) се воздигне, таа ќе ни биде благодарна за изведувањето од лигавоста. Така што, правилниот пост е радост. Како и правилно доживеаното православие.

Извор: Agapi.mk



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7593
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная