логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

игумен Иларион (Алфеев)
За уметноста на општењето


     Древните грци го нарекувале човекот “општествено суштество”. Човекот се реализира како личност не сам по себе, туку во општење со други луѓе. Читајќи го Евангелието можеме да забележиме дека Христос го учел луѓето пред с# како да се однесуваат еден кон друг: поголемиот дел од Неговото поучување е посветено токму на тоа. Секој од нас се наоѓа во општење со разни луѓе – роднини, соработници, пријатели. Има луѓе со кои сакаме да општиме, а има и такви со кои општењето ни е тешко.         

      Општењето е искуство со кое ние или владееме или не владееме, или владееме не во полна мера. И од тоа произлегува колку сме искусни во општењето, колку умееме или не умееме да ги устројуваме своите односи со луѓето, колку сме внимателни кон луѓето во животот, најмногу зависи од секој од нас. Денес сакам да позборувам со вас за некои многу прости нешта кои се однесуваат на уметноста на општење, за кои можеби и не би требало да се зборува, ако ние не ги заборававме, иако се тие многу очигледни.        

    Во општењето човекот мора да биде апсолутно искрен пред луѓето и пред самиот себеси. Тоа е првиот и основен клуч за уметноста на општењето. Кога во нашето општење со некого се појави лицемерие, кога ние си навлекуваме маска, кога почнуваме на човекот да му го говориме не тоа што го чувствуваме, туку нереални нешта, тој треба да н# слуша, кога ние се ставаме во позиција – општењето веднаш се обесценува: таа средба меѓу две срца, меѓу две души која можела да произлезе ако нашето општење било искрено и вистинско, нема да произлезе. Треба да се трудиме да бидеме самите со себе во сите ситуации.                                          

     Се случува да видиме човек кој разговара со луѓето како да стои на театарска сцена. Се случува дури некој свештенослужител сосема нормален и здрав во обичното општење, кога ќе се качи на амвон да се претвори во актер, да почне да зборува со уметнички интонации, да избира поетични зборови кои не доаѓаат од срцето. Многу од нас се нашле во ситуација да треба да зборуваат од катедра. Во таа ситуација многу е важно на што се наликувањето пред големиот аудиториум, за да не н# доживее како актери - бидете секогаш и постојано сами со себе – тоа е првиот и клучен момент.
     Втор момент. Општењето подразбира способност на собеседниците да се слушаат еден со друг. Ние често општиме со луѓето само кога нам ни треба да се искажеме, и тогаш диалогот се претвора во монолог. Многупати, општиме со луѓето и без да очекуваме од нив одговор: најважно ни е да успееме да се искажеме ние самите. Често ми се случува да се сретнам со луѓе кои се интересираат исклучиво за самите себе, нивниот сопствен свет, од кој тие како од лушпа не можат да излезат. Таквите луѓе се среќаваат со вас само за тоа да ви раскажат, но не и да го слушнат вашиот одговор. Тие се толку преполни со своите сопствени чувства, емоции, мисли, преживувања, што зборуваат само за самите себеси, слично на глув човек кој не слуша што се случува во опкружувањето. Дури ако им кажете нешто на таквите луѓе, тие често слушаат нешто што вие не сте го имале предвид, како да не се способни да примат ништо освен самите себе.

     Трет момент. Кога општиме со човек, треба да се надеваме дека ќе добиеме од него одговор на нашите прашања или реакција на тоа што сме го кажале, треба да бидеме подготвени да го слушниме од него не само тоа што сакаме да го чуеме, туку и тоа што не сакаме. Треба да се умее да се восприми позицијата на собеседникот, да се однесуваме кон него со максимално внимание. Кога се општи со луѓето треба да се помни дека секој човек е слободно суштество, тој има право на свои мисли, чувства, погледи, на своја животна позиција. Стапувајќи во општење со човек, ние не треба да се стремиме да го сведеме него на нашите погледи и ставови. Секој човек има свој сопствен животен опит, своја животна позиција која треба да се уважува.                                                  

     Многу е важно во општењето со луѓето да се избегнува многусловието. Треба да се научиме да ги изразуваме своите мисли концизно и јасно. Целиот подготвителен процес треба да се случи внатре во нас: не треба да се обмислуваат мислите гласно. Ако научиме прво да размислиме, а потоа да говориме (колку е тоа просто, но и сложено!), тогаш количината на изговорени зборови ќе соодветствува повеќе или помалку на количината мисли кои стојат зад нив. Тешко и досадно е да се слушаат луѓе кои употребуваат многу поголемо количество зборови отколку што е неопходно, така што зрнце смисла се претворува во куп ѓубре. Треба да се учиме да ги изразуваме мислите адекватно и да не прибегнуваме кон тоа што Набоков го нарекол “плевел зборови”, “бедните роднини, сегашните зборови ги произнесуваат за да пополнат празнината”.       

      
     Си спомнувам како говорел Христос. Здогледувајќи ги учениците и народот, Тој се искачил на гората и рекол: “Блажени се бедните по дух зашто нивно е Царството Небесно”. Никакви воведни зборови, никакви појаснувања. Проповедта се состои од самата срцевина, од самата суштина на делото. И таков е односот кон секоја приказна, кон секој збор на Христос. Не можеме да најдеме ни еден одвишен збор, ни еден збор кој може да се отстрани без да се изгуби смислата. Христос – е најголем пример за тоа како треба да се располага со зборовите. Зборот не е прост звук. Зад секој збор треба нешто да стои, тој треба да има смисла и сила. “Зборот ваш да биде со сол”, - вели Христос. И така, да го искористиме времето на Великиот пост за да се научиме помалку да зборуваме и повеќе да размислуваме.               

     Општејќи со луѓето важно е да се земат предвид и особеностите на собеседникот – неговото културно ниво, возраста, полот итн. Не може да се општи еднакво со луѓе од различни култури. Општењето со луѓе од друга култура – тоа е особена уметност на која треба да се научиме. Многумина ја воспримаат сопствената култура како да треба таа да се распространи на целото човештво. И, среќавајќи се со друга култура, доживуваат “културолошки шок”, кога одеднаш забележуваат дека луѓето реагираат на нивните зборови и дејствија поинаку отколку во навикнатата за нив културна средина.                     
     Ќе наведам пример од мојот живот. Кога предавав во духовната семинарија на Алјаска, моите ученици во основа беа месни жители, ескими. Еднаш еден од нив дојде кај мене на час, јас поразговарав со него за да му објаснам нешто, и потоа ми рече: “Ви благодарам, догледање”, - стана и замина. Природно, јас помислив дека со нешто го навредив, затоа што луѓето не стануваат така и не си заминуваат туку така. Сепак се охрабрив бидејќи и другите студенти така се однесуваат во слични ситуации. Ако ескимите велат “благодарам”, значи, тој е благодарен, а кога рече “догледање”, тогаш си замина. Тоа е с#.                      

     Во нашата култура работите стојат поинаку. Ние никогаш не велиме “благодарам” еднаш. Си ја претставувам следната ситуација. Вие сте побарале од некој да ви даде на заем пари, и ви дал. Вие кога ќе ги земете велите “благодарам” и си одите. Можно ли е тоа? Не, секако ќе кажете: “Многу Ви благодарам”. Тоа е првото “благодарам”. “Јас многу сум Ви благодарен” – второ “благодарам”. “Јас не знам што би правел ако не бевте Вие” – тоа е трето “благодарам” итн.

     Ние никогаш не велиме “догледање” еднаш. Поседувајќи неколку часови на гости и чувствувајќи дека треба да си одиме ние го погледнуваме часовникот и велиме: “Доцна е”. Тоа е нашето прво “догледање”. Потоа зборуваме за тоа дека би поседиле уште да не ни беше домот далеку – тоа е второто “догледање”. Потоа велиме: “Многу ни беше пријатно со Вас да ја поминеме оваа вечер”. Тоа е веќе трето “догледање”. И ние не заминуваме од тој дом додека не кажеме “догледање” по крајната мера, десетти пат – секој пат во различна форма.    

          Тоа што јас го кажав на почетокот од беседата, - за недопустливото лицемерие и неопходноста за секој човек да биде сам со себе -  се однесува на општењето на сите нивоа. Природно дека ние општиме со нашите началници и потчинети. Во општењето со началниците не треба да се опуштаме до таму па да заличиме на персоналот од расказот на Чехов “Дебели и танки”. Но и со потчинетите не треба да се однесуваме како господар со послуга. Воопшто на нашиот животен пат може да се сретнеме со богати и влијателни луѓе, а може и со сиромашни и незначителни. Не треба да забораваме дека секој од тие луѓе е создаден по образ Божји. И секој од нив независно од социјалната положба и место во табелите за рангирање – заслужува наше почитување и уважување.                               

           Посебна уметност е општењето со децата. Во тој случај е недопустливо лицемерие. Има луѓе кои кога ќе здогледаат дете целосно се менуваат, со нив се случува нешто необјасниво: на лицето им се појавува некаква противприродна гримаса, тие почнуваат да користат посебен – божем детски – лексикон. Не мислат дали тоа им се допаѓа на децата. Се сеќавам, мене во детството секогаш ми беше одвратно кога со мене општеа во тој дух. Убеден сум дека со децата, како и со возрасните може да се општи сериозно и длабоко.        

                    
     Особено внимание треба во општењето со болен човек. Болните најмногу од с# сакаат од нас да слушнат зборови на утеха и поддршка. Но не треба да се лаже болниот, не треба, на пример, да се обидуваме да го убедуваме дека ништо страшно не се случува кога човекот лежи на смртен одар. Тешко е бидејќи болниот човек не ги лови само зборовите, тој обрнува внимание и на изразот на очите, на интонацијата. И секој фалш тој ведаш ќе го почувствува.                   

     Ние често мислиме кога глумиме, кога лицемериме и лажеме, дека тоа од страна не се забележува. Но секој собеседник веднаш ја чувствува неискреноста. Ако човекот е деликатен, тој ќе изгледа дека ништо не забележал, и ние можеме да останеме убедени дека нашата улога е одиграна со целосен успех. Но тоа е уште поголема заблуда. Секоја глума секогаш се забележува, и секое лицемерие секогаш е очигледно.
    Општењето може да биде корисно, неутрално и штетно.                  

         Општењето е корисно ако кон нешто е управено, ако во него има позитивна динамика, ако е заемно обогатувачко или, во крајна мера, ако едната страна се ползува од другата. Таквото општење може да биде полезно и од духовна гледна точка, и во чисто човечка смисла.                             

             Но има општење бесполезно дури и штетно. Штетното општење е кога има негативна динамика, кога се нанесува штета или на двете страин, или на една. Како да се постапи во таков случај? Може да се преобрати општењето од бесполезно и штетно во полезно, односно да се преустрои, да се преориентира за да принесе добри плодови. Ако согледаме дека нашето општење со човекот не принесува ништо, освен штета и нему и нам, тогаш најдобро е да се прекине општењето, отколку да се продолжува. Впрочем, неретко бесполезното или штетното општење произлегува меѓу луѓе кои во силата на разните ситуации не можат да се разотидат, - на пример, меѓу членови на семејство кои живеат во ист кварт, или соработници кои работат во ист кабинет, итн. Во таков случај треба да се прима како искушение испратено од Бога, како тешка задача која неопходно треба да се реши

     И така, општењето може да биде принудно или доброволно. Тоа, освен тоа, може да биде површно или длабоко. На последното сакам да го завртам вашето внимание.                        

          Се случува луѓето во текот на многу години да се среќаваат, да разговараат за ситуациите, политиката, новостите, но притоа нивното општење да остане на површина. Таквите луѓе може да се знаат еден со друг триесет години, останувајќи си туѓи едни на други. Во општењето со луѓето треба да се стремиме да не останеме на површното, но да влеземе во длабочината. За тоа треба услови, на пример, да се општи со човекот еден на еден. Општењето во група, особено голема, ретко може да биде длабоко. Но во разговорите очи во очи ние можеме да го слушнеме и видиме во собеседникот тоа што обично е скриено.                        

        Понекогаш ние се плашиме од длабоко општење.  Ни се чини дека во такво општење може премногу да се отвориме, да отидеме предалеку, па собеседникот би можел да ја скрши лушпата на нашиот егоцентризам во која ни е толку удобно и топло. Не треба да се плашиме од ризикот кој го содржи во себе длабокото општење. Не треба да се плашиме од тоа што може да го изгубиме, споделувајќи со човекот: предавајќи се ние никогаш ништо не губиме. Не треба да се плашиме ако во општењето со друг човек се допрат некакви скриени струни, од поставувањето на болни прашања. Секое општење, почнувајќи површно може постепено да влезе во длабочините. Тоа може да прерасне во вистинска средба на две личности. Во тоа време општењето кое влегло во длабочините има потенцијал постепено да “исплива на површина”. Многу е важно да се следи динамиката на општењето – нешто да се менува од средба во средба, од разговор во разговор, да го запознаваме човекот подлабоко, да направиме тој подобро да не разбере, или да останеме туѓ еден на друг.                     

     Современата цивилизација му дава на човекот разнообразни средства за општење, како пошта, телефон и електронска пошта. Со општењето по телефон треба особена внимателност. Далеку од сето тоа што може да се каже при лична средба, по телефон не може да се каже. Но телефонот и не е за долги душевни разговори. Ние многу години живеевме во уникатни ситуации, кога телефонските разговори меѓу луѓето, кои живееја во ист град беа бесплатни. Согледуваме дека ситуацијата се искористила, па луѓето влегле во зборовен спој, кој го има само во рускиот јазик, - “висат на телефон”. Луѓето на Запад не се ползуваат со тој раскош - секоја минута разговор ги чини пари. Кога ѕвониме кај некој треба да имаме предвид дали нашиот абонент е расположен за разговор. Со телефонското ѕвонење ние се втурнуваме во нечиј живот. Нашиот собеседник можеби во тој момент не е подготвен за општење – тој може да е зафатен со нешто друго. И не треба се навредуваме ако тој брзо го “прекине” разговорот. Треба да разбереме дека телефонот е создаден само за да се договори средба и да се реши некакво неодложно прашање. Но ако сакаме да општиме со човекот сериозно и длабоко, потребна е лична средба.                            

            Електронската пошта станува се повеќе распространето средство за комуникација. Таа бара определени навики. Во електронските писма луѓето често се кратки. Затоа меѓу луѓето кои општат преку електронска пошта често може да се појават недоразбирања, на човекот да му се причини дека му одговориле неучтиво или недоволно подробно. Потребно е сето тоа да се има предвид и да се помни дека електронската пошта не може да го замени личното општење.                               

            Што се однесува на обичната пошта, таа е една од најдревните форми на комуникација. Епистоларниот жанр е особена уметност, кој треба да се учи. Св. Григориј Богослов во таа смисла може да служи како пример. Секое негово писмо било мало уметничко дело. Во едно од писмата тој расудува за тоа како треба да се пишуваат писма. Писмото, вели тој, не треба по правило да биде долго или кратко, не треба да биде по правило помпезно или да содржи само кастрени фрази; писмото треба да биде длабоко по содржина и префинето по форма.                                                            

         Ако може, трудете се секое ваше писмо да содржи нешто конкретно. Во писмата, како и во личните разговори не се зборуваат општи, зборови што ништо не значат. Се сеќавам на еден свој познајник кој ми испраќаше, на пример, писма со ваква содржина: “Вие сега се наоѓате во Франција, таму претпоставувам е лето, топло, и верувам дека цветаат дрвјата”, - и така натаму. Односно човекот во писмата ми раскажуваше што тој мисли дека мене ми се случува. Притоа тој ништо не раскажуваше за себеси. Секако, да одговорам на такво писмо мене ми беше многу тешко, затоа што не знаев што да напишам, или требаше да пишувам “да, навистина тука с# цвета”, но мене тоа ми беше туѓо. А друг човек, на пример, ми пишуваше многу кратко, но од неговите лаконични писма јас сознавав с# што се случува со него. Можев да му одговорам кратко или опширно, но тоа би бил одговор со суштина. Секојпат, кога пишуваме писмо треба да размислиме за што пишуваме, каков одговор очекуваме. Писмото не треба да биде просто редење зборови што ништо не значат.                             

     Ако писмото содржи прашање, ние треба да одговориме на него, а не да му испраќаме на човекот формално писмо. Во еден расказ од Чехов се зборува: “Писмото во кое ти бараше пари, ја не го добив”. Ако од нас во писмо бараат пари, ние треба да одговориме дали ќе дадеме или не. Обидот да се направи дека писмото не стигнало е лицемерен што е недопустливо во општењето со луѓето.     

                                                   
     За уметноста на општењето може да се зборува, многу, таа тема е неисцрпна. Општењето со секој човек е неповторливо. Не постои шаблон по кој може да се општи со сите луѓе.                                        

     Сето ова за што ви говорев денес, впрочем вие го знаете. Јас само сакав да потсетам на тоа во деновите на Великиот пост затоа што тоа е времето кога го анализираме својот живот, се набљудуваме себе си и другите луѓе. Тоа е времето кога можеме да ги исправиме своите грешки. Многу нешта знаеме и ни се познати, но кога ќе се соочиме со нив ние повторно и повторно паѓаме во истата јама, правејќи едни и исти грешки. Треба да запомнеме дека е неопходно постојано да работиме над себеси за во сите односи да бидеме на висина и да одговориме на нашиот висок христијански призив.  

Подготви: Михаила Поповска

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная