логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Molitva.Freski2.jpg

ДУХОТ НА МОЛИТВАТА НА ПОЧЕТНИКОТ


Овие се мислите за молитвата, што му се својствени за оној кој започнува да оди кон Господа по патот на покајанието.
1.  Молитвата претставува вознесување на нашите молби кон Господа.
2.  Молитвата се основува на тоа што човекот е паднато суштество. Тој, имено, се стреми кон задобивање на блаженствата што ги имал, но ги изгубил и затоа се моли.
3. Засолништето на молитвата е во големото Божјо милосрдие кон човечкиот род. Ако сакаш да се занимаваш со молитва, отфрли ги сомнежот и двоумењето. Не вели: „Јас сум грешник, зар Господ ќе ме услиша?!" Ако си грешник, тогаш на тебе се однесуваат утешните зборови на Спасителот: „Не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание".
4. Како подготовка за молитва служат: непреполнет стомак, отсекување на грижите со мечот на верата, проштевање на сите навреди со искрено срце, благодарење на Бога за сите жални случки во животот, оддалечување на расеаноста и фантазирањето за себе, побожен страв што е природен кога ќе му се даде можност да разговара со својот Творец, преку неискажаната добрина на Создателот кон своите созданија.
5. Првите зборови на Спасителот кон паднатиот човечки род биле: „Покајте се зашто се приближи Царството Небесно!" Затоа се додека не влезеш во тоа Царство, чукај на неговата врата со покајание и молитва.
6. Вистинската молитва е глас на вистинското покајание. Кога молитвата не е вдахнета со покајание, таа не ја исполнува својата цел и
на Бога не му е мила. Но Бог нема да повреди „покаен дух, срце покаено и смирено".
7. Спасителот на светот ги нарекува блажени „сиромашните со духот", т.е. оние кои себеси смирено се сфаќаат, чувствувајќи се како паднати суштества, кои овде на земјата се наоѓаат како во прогонство, надвор од нивната вистинската Татковина што е на Небото. „Блажени се сиромашните со духот", кои се молат длабоко свесни за своите сиромаштва, оти „нивно е Царството Небесно". „Блажени се оние кои плачат" во своите молитви поради чувствувањето на сопствените сиромаштии, оти ќе се утешат со благодатната утеха на Светиот Дух што се состои во Христовиот мир и во љубовта во Христа кон сите ближни. Тогаш никој од ближните, дури и најцрниот непријател, не останува исклучен од прегратката на љубов на оној кој се моли, тогаш тој останува мирен пред сите претешки околности на овој земен живот.
8.  Господ, учејќи не на молитва, ја споредува душата што се моли со душата на вдовицата, којајакине противникот и која неотстапно коленичи пред непристрасниот и нелицемерен судија (Лука 18, 1-8). Не оддалечувај се на молитвата од таквото духовно расположение. Твојата молитва нека биде, такаречено, постојано жалење и тажење од грев што постојано те напаѓа. Вдлабочи се во себе, откри се на внатрешната молитва и ќе забележиш дека, всушност, вдовствуваш во однос на Христа поради гревот кој во тебе живее и кој против тебе непријателски делува, производувајќи во тебе постојана борба и мачење и те прави оттуѓен од Бога.
9.  „Целиот ден", вели за себе Давид, сиот ден на земниот живот, „тагувајќи одам", односно го поминував во блажена тага поради своите гревови и недостатоци, „бидејќи моите слабини се исполнија со потсмев и нема лекар на моето тело". Овде слабина се нарекува одењето по патот на земниот живот, телесната, морална и духовна состојба на човекот. Секој чекор на тој пат е судар со препреки, и нивната морална и духовна состојба не може да се излекува со сопствени средства и напори. За нашето излекување е потребна благодатта Божја, која ги лекува само оние кои признаваат дека се болни. Вистинското признавање дека сте болни се докажува со грижливо и постојано престојување во покајание.
10.  „Работете Му на Господа со страв и радувајте Му се со трепет", вели пророкот, а друг пророк зборува во името Божјо: „На кого ќе погледам, ако не на кроткиот, молчелив и кој трепери од зборовите Мои". Бог е „Оној Кој дава живот, односно спасение на покаените срца".
11.  Макар и да стоиш на врвот на добродетелите, ако не се молиш како грешник, Бог ќе се оглуши на твојата молитва. Твојата молитва нема да ја послуша Бог.
12.  „Кога над себе не плачам", има речено еден блажен извршител на молитвата, „мислам дека се наоѓам во духовна самоизмама".
13.  И да сте поминале многу возвишени подвизи, зборувал свети Јован Лествичник, тие не се вистински и остануваат бесплодни, ако при нив го немаме болното чувство на покајание.
14. Тагата од мислите за сопствените гревови е чесен дар Божји и оној кој го носи во своите гради го носи како светиња, чувајќи го со побожен трепет. Оваа тага ги заменува сите телесни подвизи при недостатокот на сила за нивно извршување. Наспроти тоа, од сил-ното тело се бара при молитвата труд: без него срцето нема да се смири, понижи и молитвата ќе биде немоќна и невистинита.
15. Чувството на покајание го чува човекот кој се моли од сите ѓаволски стапици: ѓаволот бега од подвижникот, кој мириса со мирис на смиреност, кој се раѓа во срцето на покајникот.
16.  Принеси Му на Господа во молитвата детско милување, едноставна детска мисла, не красноречивост, не разум. „Ако не се обратите", како од незнабоштвото и муслиманството, од своите замислувања и дволичности, „и не бидете како деца, нема да влезете во Царството Небесно", рекол Господ.
17.  Детето сите свои желби ги изразува преку плачот и твојата молитва постојано нека ја следи плач. Не само при зборовите на молитвата, туку и при молитвениот молк, твојата желба за покајание и смирување со Бога, твојата крајна потреба за Божјата милост, нека се изразува со плач.
18.  Вредноста на молитвата е исклучиво во нејзиниот квалитет, а не во квантитетот. Но количината може да води и кон квалитет, ако оној кој се моли грижливо се моли.
19.  Квалитетот на вистинска молитвата се состои во тоа што разумот за време на молитвата престојува во внимание, а срцето сочувствува со разумот.
20.  Затвори го својот разум во зборовите што ги изговараш и ќе го сочуваш во внимателност. Очите да ти гледаат на устата или да се затворени, советува свети Серафим Саровски, така ќе помагаш на соединувањето помеѓу ра-зумот и срцето. Зборовите изговарај ги крајно полека и полесно ќе го затвориш својот разум во зборовите на молитвата: ниту еден збор нема да се изговори за време на молитвата, а да не е вдахнет со внимание.
21.  Затворајќи се во зборовите на молитвата, умот го наведува срцето да му сочувствува. Тоа сочувство на срцето со разумот се изразува како умиление (трогнатост) што преотавува побожно чувство, кое во себе ги соединува тагата со тивката, кротка утеха.
22.  Својството што за молитвата е неопходно е - трпеливата истрајност. Кога ќе почувствуваш сувост и нечувствителност, не ја оставај молитвата: за твојата стрплива истрајност и подвиг против нечувствителноста на твоето срце, ќе слезе милоста Божја, која се состои во умиление. Умилението е дар Божји, кој се испраќа на оние кои „престојуваат и трпејќи стражарат во молитвите, кое во нив се развива, раководејќи ги кон духовно совршенство".
23.  Разумот кој внимателно стои на молитва, пред невидливиот Бог, треба да биде и самиот невидлив како образ на невидливото Божество, односно умот не треба да претставува ниту во себе ниту од себе, ниту пред себе никаква видлива слика, во него не треба воопшто да има никакви мислени слики. Со други зборови речено, умот треба да се оддалечува од фантазирањето, макар независно колку тоа да изгледа дека е непорочно дури и свето (во смисла на мислено претставување, на пример, Господа или светии).
24.  За време на молитвата не барај восхитувања, не ги ставај во движење своите нерви, не вознемирувај ја својата крв. Напротив, држи го срцето во длабок мир во кој го приведува чувството на покајание: материјалениот оган на паднатата природа Бог не го прима. На твоето срце му е потребно очистување со покајнички плач и покајничка молитва, а кога тоа ќе се очисти, тогаш Бог ќе Го испрати на него Сесветиот Духовен Оган.
25.  Вниманието при молитвата ги смирува нервите и крвта, му помага на срцето да потоне во покајание и во него да престојува. Срдечната тишина не ја нарушува ниту Божествениот оган, ако се искачи во „горната одајаги на срцето, кога во неа ќе се најдат собрани учениците Христови, т.е. помислите и чувствата како во Евангелието. Овој Оган не пали, не ги распламтува срцата, туку напротив ги поросува и ги разладува, го смирува човекот со сите луѓе и со сите околности, и го влече срцето во неискажливата љубов кон Бога и кон ближните.
26. Расеаноста ја поткрадува молитвата. Оној кој расеано се помолил на Бога, во себе чуствува необјаснива пустош и суша. Оној кој
постојано се моли со расеаност, се лишува од сите духовни плодови што, обично, се раѓаат од внимателните молитви и состојбата на суша и
духовна пустош станува негова постојана состојба. Од таа положба, пак, се раѓа студенило кон Бога, униние (духовна здодевност), слабеење на верата, а оттука и мртвило во човековиот однос кон вечниот духовен живот. Сето тоа заедно е очигледен знак дека таквата молитва Бог не ја прима.
27. Наклоноста кон фантазирање во молитвата е уште ноштетна од расеаноста. Расеаноста ја прави молитвата бесплодна, а наклоноста кон фантазирање станува виновник за лажниве плодови: самоизмамата и таканаречените, да се послужиме со именувањето од светите отци, бесовски (демонски) прелести (измами). Претставите на предмети од видливиот свет и претставите на невидливиот свет, што ги создава човековата фантазија, се впечатуваат во разумот, го прават телесен, пренесувајќи го од Божјите земји на Духот и Вистината, во земјата на отелотвореноста и на лагата. Во таа земја, пак, срцето почнува да му сочувствува на умот, не со духовно чувство на покајание и смирение, туку со телесно чувствување, чувствување на крвта и на иервите, застрането и хаотично чувствување на уживања... чувствување на неправилна и лажна замислена љубов кон Бога.
Таквата, всушност, грешна и омрзната „љубов" на  неискусните во духовниот опит им се претставува за света, додека всушност е само хаотично чувство на срцето неочистено од страста, што се насладува со суета и славољубие. што ги придвижила фантазијата. Таквата состојба е состојба на самоизмама. Ако човекот заглави во неа, ликовите кои му се јавуваат добиваат необична живост и привлечност. Срцето при нивната појава започнува да се разгорува и беззаконо да се насладува или, според зборовите на Светото Писмо, да прељубодејствува. Умот ја зема оваа состојба за благодатна, од Бога дарувана и, до преминот во очигледна демонска прелест, во која човекот ја губи власта над себе, станувајќи играчка и предмет за подигрување на лукавиот дух, има само неколку чекори. Од фантазирачката молитва што го доведува човекот во таква состојба, со гнев се одвраќа Бог. И на таа молитва се исполнува пресудата од Писмото: „Неговата молитва да се зема за грев".
28. Отфрли ги и навидум добрите помисли и јасните поими што ти доаѓаат за време на молитвата и ти го одвлекуваат вииманието. Тие извираат од лажно измамениот разум од суета, заседнувајќи ти во мислата како јавачи на коњ. Нивните темни лица се скриени, за умот на оној кој се моли во нив да ие ги препознае своите не¬пријатели. Но токму затоа што тие се непријатели на молитвата, од неа го одвлекуваат разумот, фрлајќи го во заробеништво и во тешко ропство. Ја соблекуваат и ја пустошат душата и по тоа се познаваат дека се непријатели и дека се од областа на кнезот на овој свет.
Духовниот разум, разумот Божји, содејствува на молитвата, го концентрира човекот во соиственото битие, го потопува во внимание и умиление, го наведува на разумот побожното молчење, стравот и восхитот што настануваат од чувствувањето на присуството и величието Божјо. Тоа чувство, во свое време, може многу да се засили и да ја направи молитвата за оној кој се моли страшно Божјо судилиште.
29. Внимателната молитва, далечна од секаква расеаност и наклоност кон фантазирање, претставува гледање на невидливиот Бог, Кој го привлекува кон Себе погледот на разумот и желбата на срцето. Тогаш разумот ќе гледа без слики и сосема ќе се наситува во негледање, кое, пак, е повозвишено од секое гледање. Причината на ова блажено негледање е бесконечната нежност и непоимливост на Оној кон Кого погледот е вперен. Невидливото Сонце на Правдата, Бог испушта невидливи зраци, но што се познаваат со се претставува за света, додека всушност е само хаотично чувство на срцето неочистено од страста, што се насладува со суета и славољубие, што ги придвижила фантазијата. Таквата состојба е состојба на самоизмама. Ако човекот заглави во неа, ликовите кои му се јавуваат добиваат необична живост и привлечност. Срцето при нивната појава започнува да се разгорува и беззаконо да се насладува или, според зборовите на Светото Писмо, да прељубодејствува. Умот ја зема оваа состојба за благодатна, од Бога дарувана и, до преминот во очигледна демонска прелест, во која човекот ја губи власта над себе, станувајќи играчка и предмет за подигрување на лукавиот дух, има само неколку чекори. Од фантазирачката молитва што го доведува човекот во таква состојба, со гнев се одвраќа Бог. И на таа молитва се исполнува пресудата од Писмото: „Неговата молитва да се зема за грев".
28. Отфрли ги и навидум добрите помисли и јасните поими што ти доаѓаат за време на молитвата и ти го одвлекуваат вниманието. Тие извираат од лажно измамениот разум од суета, заседнувајќи ти во мислата како јавачи на коњ. Нивните темни лица се скриени, за умот на оној кој се моли во нив да не ги препознае своите не¬пријатели. Но токму затоа што тие се непријатели на молитвата, од неа го одвлекуваат разумот, фрлајќи го во заробеништвото и во тешко ропство. Ја соблекуваат и ја пустошат душата и по тоа се познаваат дека се непријатели и дека се од областа на кнезот на овој свет.
Духовниот разум, разумот Божји, содејствува на молитвата, го концентрира човекот во сопственото битие, го лотопува во внимание и умиление, го наведува на разумот побожното молчење, стравот и восхитот што настануваат од чувствувањето на присуството и величието Божјо. Тоа чувство, во свое време, може многу да се засили и да ја направи молитвата за оној кој се моли страшно Божјо судилиште.
29. Внимателната молитва, далечна од секаква расеаност и наклоност кон фантазирање, претставува гледање на невидливиот Бог, Кој го привлекува кон Себе погледот на разумот и желбата на срцето. Тогаш разумот ќе гледа без слики и сосема ќе се наситува во негледање, кое, пак, е повозвишено од секое гледање. Причиндта на ова блажено негледање е бесконечната нежност и непоимливост на Оној кон Кого погледот е вперен. Невидливото Сонце на Правдата, Бог испушта невидливи зраци, но Што ее познаваат со природното чувствување на душата. Тие го исполнуваат срцето со чудесен спокој, вера, храброст, милосрдие, љубов кон Бога и кон ближните. Според тие дејства, забележливи во внатрешната одаја на срцето, човекот согледува без никаков сомнеж дека Бог ја примил молитвата и започнува да верува со жива вера, и цврсто да се надева во Љубениот и Возљубениот. Ете, тоа е почетокот на оживувањето на душата од Бога за блажена вечност.
30.  Плодовите на вистинската молитва се: свет мир на душата соединет со тивка, молчелива радост, далечна од секаква фантазија и замисленост на разгорени страсти, и движења и љубов кон ближните што не прави разлика помеѓу добри и лоши, достојни и недостојни (та едните да ги сака, а другите да не ги сака), туку за сето се зазема пред Бога како за себе, како за свои сопствени делови. Од таквата љубов кон ближните засветлува најчистата љубов кон Бога.
31.  Тие плодови се, исто така, Божји дар. Тие во душата се привлекуваат со внимание и смирение, а се чуваат со верност кон Бога.
32.  Душата престојува во верност на Бога тогаш кога се оддалечува од секој збор, секое дело и гревовна помисла, кога веднаш се кае за сите согрешенија во кои паѓа според својата немоќ.
33. Желбата да го придобиеме дарот на молитвата ја докажуваме со стрпливи молитвени коленичења пред вратите на молитвата. За трпението и постојаноста го добиваме тој дар. Господ, вели Светото Писмо, ја дава благодатната молитва на оној кој се моли трпеливо со својот сопствен напор.
34. За почетниците се покорисни кратките и почести молења, отколку долгите и временски повеќе оддалечени.
35.  Молитвата е највозвишената вежба на умот.
36.  Молитвата е глава, извор, мајка на сите добродетели.
37.  Биди мудар во својата молитва. Не барај во неа ништо пропадливо и суетно, сеќавајќи се на заповедта: „Барајте го прво Царство Небесно и правдата негова, и се останато, т.е. се она што е потребно за овој преоден живот, ќе ви се даде".
38.  Кога имаш намера или сакаш нешто да направиш, и во тешките околности, својата мисла спушти ја коленоприклоно пред Бога на молитва. Барај го она што сметаш дека е неопходно и корисно, но исполнувањето или неисполнувањето на своето барање препушти го на волјата Божја и во надежта во семожноста, премудроста и добрината на Божјата волја. Образот на молењето што ги надминува сите други, ни го има дадено Оној, Кој се молел на Својот Отец, во Гетсиманската градина: „Ако е можно нека Ме заобиколи (одредена да ја пијам) оваа чаша, но да не биде Мојата волја, туку Твојата!" Принеси Му на Бога смирена молитва за своите добродетели (добрина) и благочестиви подвизи: очистувај ги и усовршувај ги со молитва и покајание. Зборувај за нив во својата молитва, она што во својата секојдневна молитва го говорел за своите деца праведениот Јов: „Можеби имаат згрешено моите синови во нивните помисли, зло помислиле против Бога!" Лукава е пакоста: незабележливо се вмешува кон добродетелите, ги осквернува и ги труе.
40. Отфрли се, само да ја наследиш молитвата и, подигнат од земјата на крстот на самоодрекувањето, предај ги на Бога: духот, душата и своето тело, а од Него барај света молитва што според учењето на апостолите и Црквата, го претставува во човекот делувањето на Светиот Дух, кога Духот ќе се всели во него.
Оној кој не се грижи за практикување на молитвата, натопена со покајание, останува далеку од духовен напредок, од духовните плодови и се наоѓа во мракот на различните самоизмами. Смирението е единствениот жртвеник на кој на луѓето им е дозволено да принесуваат молитвени жртви на Бога, тоа е единствениот жртвеник од каде Бог ги прима молитвените жртви. Молитвата е мајка на сите боголики добродетели. За оној кој го отфрлил смирението, кој не се потрудил да стапи во света врска со молитвата, било каков духовен напредок е невозможен, сосема невозможен.
Вежбањето во молитвата е завет и на апостолите: „Молете се постојано", ни вели апостолот. Вежбањето во молитвата е Господова заповед поврзана со ветувањето: „Барајте“, ни повикува Господ, „и ќе ви се даде! Барајте и ќе најдете, тропајте и ќе ви се отвори". Молитвата „ниту задремува, ниту заспива", додека на оној кој ја засакал и кој во неа постојано се вежба, не му ја покаже Одајата на вечните наслади, додека не го воздигне на Небото. Таму таа ќе се преобрази во постојана жртва на фалења. Таа постојана пофалба ќе ја принесуваат и ќе ја возгласуваат избраниците Божји, од постојаното чувствување на блаженствата во вечноста, што 'рти тука, на земјата и во времето, од семето на покајание, засеанп со внимателна и срдечна молитва. Амин.

 

 Korica.MolitvapatkonBoga.jpg

(Продолжува)

Извор:

Свети Игнатиј Брјанчанинов

МОЛИТВА ПАТ КОН БОГА

Издавач: Канео, Охрид

Превод: Митрополит Тимотеј

Друго: РУСКИОТ БОГОНОСЕЦ СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ

Св. Игнатиј Брјанчанинов- МОЛИТВАТА - ПАТ КОН БОГА

Св. Игнатиј Брјанчанинов- Молитвата како причестување со животот

 

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная