
Добро ни е да бидеме овде
„Добро ни е да бидеме овде“, вели Петар.
Да останеме. Да подигнеме шатори.
Да го задржиме овој миг засекогаш.
Кој би сакал да си замине од место каде што нема страв, немир и болка?
Кој не би посакал вера што носи само мир, сигурност и утеха?
Но Христос не им дозволува да останат на гората Тавор, каде што се преобразил и им ја открил Својата божествена природа и слава.
Ги симнува повторно долу.
Таму каде што ги чека човечката болка. Болеста, очајот, неуспехот, стравот и смртта.
Зашто најголемата опасност во духовниот живот не е само гревот, туку и бегството.
Да Го користиш Бога за да не се соочиш со животот.
Да ја претвориш молитвата во засолниште од човекот.
Да ја сакаш Светлината, но не и раните што чекаат да бидат осветлени.
Христос не нè искачува на Тавор за таму засекогаш да останеме.
Ни дозволува накратко да ја вкусиме Светлината, за да можеме повторно да се симнеме во темнината без да очајуваме.
Вистинската духовност не е само да се чувствуваш убаво во Божјо присуство.
Таа е секогаш да се враќаш кај човекот што страда.
Да се наведнеш над неговата болка.
Да влезеш во неговата ноќ.
Да останеш покрај него кога сите други си заминале.
Зашто Божјата Светлина не ни е дадена за да го заборавиме светот, туку за да го преобразуваме.
— отец Хараламбос Пападопулос
Подготви С.Стефковски
06.08.2026


























